Ете се сложивме дека бракот треба да дојде спонтано без некој да го форсира но цело време збориме што ако поминале години, девојката сака да се скраси а него не му паѓа на памет да ја побара за жена? Тоа значи дека таа чекала и чекала да дојде спонтано ама не дошло. До кога ќе чека и има ли право да му постави ултиматум?
Никој нема право некому да поставува ултиматум. Никој. Исто како што никој нема право да држи некој покрај себе со години, ако не смета дека тоа е вистинската личност за себе. Калкулации и пресметки од било која страна, за било што, се нешто што највеќе презирам.
Според мене, кога ќе влезам во сериозна врска, тоа е врска која нешто значи, со човек кој нешто значи и со кој јас сакам да бидам и кој го сакам и почитувам. Во спротивно, зошто би одела со него? Друго е да се прекине врската после 10 години ако евентуално веќе не е тоа тоа, не се осеќаат и двајцата убаво. Седнуваат, прават муабет, се разделуваат човечки и тоа е тоа.
Ама да сакам некој, да ми е убаво, а да го условувам... тоа е... не знам. Не би го направила тоа. Испаѓа работава, ај ќе ја истрпам врскава, нека пројдат икс години, па да дојде бракот. Не иде, не ми е природно тоа едноставно. Јас кога сум со некој, гледам моментално, а што дојде, нека дојде. Како дошло, добродошло...
Ако немаат заеднички планови за иднината, односно ако не им се поклопуваат, во ред е, нека се разделат, НО она за што јас сум против е ултиматумот. Или ќе ме земеш или ќе те оставам. Едноставно излага, јас сум незаменлив дел, па мораш да ме земеш - иначе си одам. Не ми се допаѓа пристапот како таков.
Ти велиш нема да уценуваш ама некогаш мора да дојде на дневен ред и таа тема и ако упорно не доаѓа што ќе направиш? Колку што разбрав ти ќе останеш со него и покрај тоа што би те одбил за брак или и да не те побара, јас напротив имам полно разбирање за девојки што им скиснува да чекаат до бесвест (се работи за години не месеци) посебно што ги знам мотивите зашто најчесто се одлага тој фамозен брак од машка страна.
Се одлага, затоа што мажите според мене покасно созреваат, кај голем дел и преовладува стравот дека ќе треба да се смират еднаш засекогаш. Бракот е сериозна работа, која треба сериозно да се сфати, а не работава, ај бе да се зееме шо, као да се оди у обична кафана у петок вечер.
Ќе ти дадам пример што го знам. Пар со три деца, она сака брак он ни да чуе и она седи со него од љубов и ради децата. После 5-6 години типот ја остава и си трга со негова колешка (инаку доктор) и оваа останува сама со трите деца тотално незаштитена од страна на државата зашто не биле венчани.
Бракот, освен неговото примарно значење, кое веќе го напоменав сто пати во претходните мои постови има и правна оправданост. Тоа да. Затоа и јас сум за брак целосно од секој можен аспект. И тоа што го кажа, ако ги напуштил децата и не се грижи за нив е нечовечки едноставно и очигледно е до човекот, но сепак, не ја знам ситуацијата, па и не би можела да коментирам нели, не е мое јас да коментирам за туѓи животи, ти најдобро знаеш како било.
Не се сите мажи и жени златни, медени и фер па да ти кажат зашто идат со тебе ниту секој што ќе те изневери ќе ти признае, има многу кои идат со некого колку да не бидат сами, да имаат редовен секс и да имаат некој покрај себе. Ако ти се падне таков зар мислиш ќе ти признае дека си чека подобра прилика?
Е па преферирам да бидам цел живот сама, отколку со користољубив створ. Јас, значи, во животов мој, сум рекла сто пати, или ќе најдам вистинска љубов и ќе имам 3-4 деца со него или нема да имам никој. Компромиси во љубовта нема да правам. И ако само за момент почувствувам такво нешто, ќе си одам. Јас сум избор, а не алтернатива. И тоа прв избор.
Сум праела многу грешки, потценувајќи се себе во врска со љубов, ама јас во црква, пред Бог, нема да кажам ДА, доколку знам дека сум “па нема ништо боље јебига“ девојка.