Ожени ме или ќе те оставам?!

Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
А овој пристап:
Таа: Ајде да се земеме! Сакам да ми бидеш маш!
Тој: .....(збун)....
Таа: Не мора веднаш да ми одговориш, ти давам една година да размислиш.
-------------------------------------
Следната година на истиот датум:
Таа: Се сеќаваш на муабетот од лани? Имаш ли одговор?
Тој: ... (се праи луд)...
Таа: Чао!

Ова не е ултиматум зошто нема услов; има рок, што овозможува луѓето да не си ги трошат живототе во чекање. Дали вака поставената понуда за брак е ОК?
Малку несериозен муабет според мене. Јас кога ќе побарам некоја нема сигурно да и дадам фора една година да размислува туку максимумот може да биде до наредниот ден. И ваљда нема да и понудам на некоја непозната, така да ќе знае на што е и ќе знае дали може да се сложува на заеднички живот со мене со што ќе го знае лесно и одговорот. Доколку ме побара некоја, ќе очекувам да биде во иста ситуација и ќе го знам веднаш одговорот.
Сепак, доколку пак се случи вакво прашање на еден месец врска и нормално нема да знаеш што да одговориш ( тоест ќе знаеш дека е НЕ ради тоа што исто како да не се познавате, ама сепак, ќе сакаш да дадеш шанса да се запознаете убаво) зошто да би настапила после една година со "Ти текнува на тоа пред една година..." муабет? Јас за една година сигурно ќе анализирам каква е врската и каков е заедничкиот живот, како и секој во нормална врска, и со нормално прашање би следувал и нормален одговор.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Десет пати почнав и избришав, тоа е лош знак :)
Ако некоја толку сака брак зошто не купи прстен и да го запроси, одколку да наметнува ситуација да и „предложат“ брак. Ако ја одбие, три пара солзи и правец дома со надеж за нова жртва. Ултиматум никогаш не ми се допаѓал како стратегија, има многу пофини нешта со кој можеш да добиеш се што ќе посакаш.
Искрено мене ова ми е толку смешно и си ја замислувам фацата на типот кој ги слушнал овие зборови :icon_lol: Као иди мори гони се у пичку матер!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тогаш ќе си чекаш и ќе му бидеш златна резерва додека не најде нешто подобро (може и да не најде) :).

Зарем не ти кажале дека машко кој е „луд“ по некоја девојка САМ и нуди брак за да не му кидне со друг од што многу чекал или се колебал?

Спомнав претходно, чим не сакам брак си чекам подобра прилика а кој тоа не го знае или не го сфати на време ќе си плати пенали во загубено време и лажни надежи.



Каде се тие безброј примери во Лас Вегас или кај нас? Тука се бројат на прсти на една рака а примери од пропаднати врски што се влечкале со години имаме безброј.

Лелеееее, колку нема врска муабетов. Нема да оди со мене 13 години, ако не ме сака, сигурна сум во тоа. Верувам во љубов и верувам дека двајца може да се најдат, да се сакаат, почитуваат и притоа да не се брзаат да го официјализираат тоа. Не е секогаш љубовта во прашање кога станува збор за брак. Многумина се запрашуваат дали е вистинското време, дали се подготвени младите да стапат во брак. Сериозна е работат, бракот значи - до крајот на животот и тоа не е лесна одлука да се направи и затоа може на некои луѓе им е потребно повеќе време. Тоа нема врска со неговите чувства спрема мене. Јас би била кучка доколку гледам дека ме сака, ме почитува, прекрасен е спрема мене на сите можни начини и јас уште го условувам. Сакам сигурност, ама не на вештачки начин. И не, нема примери само во Лас Вегас, има примери и кај нас. Има доста бракови кои настанале, не затоа што младите сакале, ним им било супер и тоа што заедно живееле, но се венчале под притисок од родителите.

Да не се разбереме погрешно, пак ќе повторам, јас сакам брак, сакам сигурност, деца, топол дом. Ама не по цена да газам по некој и да го принудувам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас имам добиенио сличен ултиматум. Звучеше отприлика вака: Јас планирам следната година да родам дете. :vozbud:

Не го дочекавме ни следниот месец заедно...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас имам добиенио сличен ултиматум. Звучеше отприлика вака: Јас планирам следната година да родам дете. :vozbud:

Не го дочекавме ни следниот месец заедно...
За дете секогаш се разговара. И треба да се разговара, затоа се вика планирана бременост :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
За дете секогаш се разговара. И треба да се разговара, затоа се вика планирана бременост :)
ОК, но тоа беше кажано во стилот мораме да стокмиме дете, и консеквентно, треба да се мажиме, жениме...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ОК, но тоа беше кажано во стилот мораме да стокмиме дете, и консеквентно, треба да се мажиме, жениме...
Не мора да значи (го убацив на темата и моментот дете зошто некаде нема поврзаност со бракот) но сигурно твојата во пакет ги мислела двете работи :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не мора да значи (го убацив на темата и моментот дете зошто некаде нема поврзаност со бракот) но сигурно твојата во пакет ги мислела двете работи :)
Од тој момент јас мудро решив да ја заобиколувам старосната група од 28-35 години.

Да живеат генерализациите...

:D
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Тогаш ќе си чекаш и ќе му бидеш златна резерва додека не најде нешто подобро (може и да не најде) :).

Зарем не ти кажале дека машко кој е „луд“ по некоја девојка САМ и нуди брак за да не му кидне со друг од што многу чекал или се колебал?

Спомнав претходно, чим не сакам брак си чекам подобра прилика а кој тоа не го знае или не го сфати на време ќе си плати пенали во загубено време и лажни надежи.



Каде се тие безброј примери во Лас Вегас или кај нас? Тука се бројат на прсти на една рака а примери од пропаднати врски што се влечкале со години имаме безброј.
Ееееејјј браво за искреноста, секоја чест, па така е обично кој не сака брак, блефира, демек не сакал да се врзува рано му било блабла, нема везе, се е тоа чекање на подобра прилика, на денешно време сите без разлика на полот и машки и женски едвај чекаат да се вработат за да си се средат, да се оженат/омажат со некој што го сакаат, и да си основаат фамилија, се останато е мижи асан да ти баам, доколу дечкото има работа а не сака брак, тогаш тука нешто гадно смрди, и дефинитивно си чека подобра прилика, а сите останати случаи кај што партнерите се невработени посебно мажот, оправдано е чекањето зашто мажите не се осеќаат сигурно кога не се финансиски обезбедени кога не работат, што е и оправдано, па и која жена би сакала таков невработен гилиптар, да земе за маж, па уште и ултиматуми да му поставува не знам, во секој случај тука збориме за мажи веќе средени финансиски, ако не сака да се жени,значи не ја сака девојката и само ја измотава, барајќи си подобра прилика во меѓувреме, жени не се лажете нема друг изговор, за таквото понашање;)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Лелеееее, колку нема врска муабетов. Нема да оди со мене 13 години, ако не ме сака, сигурна сум во тоа. Верувам во љубов и верувам дека двајца може да се најдат, да се сакаат, почитуваат и притоа да не се брзаат да го официјализираат тоа. Не е секогаш љубовта во прашање кога станува збор за брак. Многумина се запрашуваат дали е вистинското време, дали се подготвени младите да стапат во брак. Сериозна е работат, бракот значи - до крајот на животот и тоа не е лесна одлука да се направи и затоа може на некои луѓе им е потребно повеќе време. Тоа нема врска со неговите чувства спрема мене. Јас би била кучка доколку гледам дека ме сака, ме почитува, прекрасен е спрема мене на сите можни начини и јас уште го условувам. Сакам сигурност, ама не на вештачки начин. И не, нема примери само во Лас Вегас, има примери и кај нас. Има доста бракови кои настанале, не затоа што младите сакале, ним им било супер и тоа што заедно живееле, но се венчале под притисок од родителите.

Да не се разбереме погрешно, пак ќе повторам, јас сакам брак, сакам сигурност, деца, топол дом. Ама не по цена да газам по некој и да го принудувам.
Има, има :D.

Правевме муабет ако веќе иделе повеќе години и имаат услови за брак односно заеднички живот зашто никој не стапува во брак а да остане да живее со родителите. Чим имаат услови да живеат заедно и поминале неколку години (не зборам за тинејџери) ако девојката сака брак а он не сака (или обратно) јас не познавам друга причина освен стравот дека ТАА или ТОЈ не се вистинските. Кај мене е така и кај сите мои другари и другарки што сум зборел главната причина да речат НЕ е несигурноста од изборот на партнерот. Која друга причина би ја имал маж да одбие брак со жена за која сака да биде мајка на неговите деца, во која е лудо вљубен и имаат финансии за заеднички живот? Таква нема да чекам да ми нуди брак, јас прв ќе и понудам без мислење.

Ееееејјј браво за искреноста, секоја чест, па така е обично кој не сака брак, блефира, демек не сакал да се врзува рано му било блабла, нема везе, се е тоа чекање на подобра прилика, на денешно време сите без разлика на полот и машки и женски едвај чекаат да се вработат за да си се средат, да се оженат/омажат со некој што го сакаат, и да си основаат фамилија, се останато е мижи асан да ти баам, доколу дечкото има работа а не сака брак, тогаш тука нешто гадно смрди, и дефинитивно си чека подобра прилика, а сите останати случаи кај што партнерите се невработени посебно мажот, оправдано е чекањето зашто мажите не се осеќаат сигурно кога не се финансиски обезбедени кога не работат, што е и оправдано, па и која жена би сакала таков невработен гилиптар, да земе за маж, па уште и ултиматуми да му поставува не знам, во секој случај тука збориме за мажи веќе средени финансиски, ако не сака да се жени,значи не ја сака девојката и само ја измотава, барајќи си подобра прилика во меѓувреме, жени не се лажете нема друг изговор, за таквото понашање;)
Со цел пост се слагам освен дека сите сакаат да се средат, има и такви посебно во помлади години кои сакаат да се проведат па и да најдат феноменална прилика сметаат им е рано да се врзат со еден и сакаат да бидат „слободни“. Има и паразити кои не сакаат ни да работат туку си седат кај мама и тато зашто имаат јадење и спиење на готово, односно Хотел Мама.

Но во нормални случаи е баш како што напиша, чим го сретнеш таткото односно идната мајка на твоите деца ја венчаваш кога имате услови а ако пимплаш свесно си даваш отстапница утре лесно да избегаш од таа врска.

Ако и понудам брак на женска (а се било до тогаш супер) и ме одбие јасно ќе ми биде дека не е сигурна дека сум тој тој, нема да имам илузии дека ја загрижува шминката или колку и е долга сукњата купена вчера.

Знам другари што си чекаа со години да ја најдат идеалната и кога не ја најдоа (а им дојде времето) рипнаа во тавче со долгогодишната врска :D.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има, има :D.

Правевме муабет ако веќе иделе повеќе години и имаат услови за брак односно заеднички живот зашто никој не стапува во брак а да остане да живее со родителите. Чим имаат услови да живеат заедно и поминале неколку години (не зборам за тинејџери) ако девојката сака брак а он не сака (или обратно) јас не познавам друга причина освен стравот дека ТАА или ТОЈ не се вистинските. Кај мене е така и кај сите мои другари и другарки што сум зборел главната причина да речат НЕ е несигурноста од изборот на партнерот. Која друга причина би ја имал маж да одбие брак со жена за која сака да биде мајка на неговите деца, во која е лудо вљубен и имаат финансии за заеднички живот? Таква нема да чекам да ми нуди брак, јас прв ќе и понудам без мислење.
Дури и таа и тој да не вистинскиот/а, ултиматумот не е решение. Возрасни луѓе ќе седнат, ќе разговараат за своите планови во иднина и за тоа како си го замислуваат животот, а нема да се уценуваат и преценуваат дека се незаменливи.

Иако не се согласувам, сметам дека има луѓе кои чекаат погоден момент, кои не се гледаат зрели за во брак, бидејќи со бракот идат и поголеми обврски. Не е се во животот црно или бело и љубовта не е единствен фактор за стапување во брак.

Стојам на ставот дека ултиматумот не е решение. Колку и да сакам да стапам во брак, нема да идам со некој со години само за го потпишам тој лист хартија, туку тој самиот уз пат ќе дојде, како природно нешто, а не јас да го наметнувам, затоа што и немам право никому да му наметнувам нешто со сила.


Знам другари што си чекаа со години да ја најдат идеалната и кога не ја најдоа (а им дојде времето) рипнаа во тавче со долгогодишната врска :D.
Која, ама навистина не ја разбирам, која е поентата, да одам со некој со години, да не го сакам, да не мислам дека е правиот, ама одам за сваки случај ако нема ништо подобро?
Па побогу, колку е само тоа себично и нефер спрема другата личност во врската!!!!
Не бе, најубаво е да си останам јас сама до крајот на животот, пошто тип кој е со мене, само затоа што нема ништо боље на видик - не сакам, а и такво себично створење не заслужува некој како мене.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас лично, бракот не го сакам како институција, не ми е потребен (за мене лично). Во брак би стапила само тогаш кога ќе решиме со партнерот да имаме деца, зошто законот не ги третира исто брачните и вонбрачните деца, и за моето вонбрачно дете да ги ужива истите права како брачното, треба да се акам по нотари и др. глупости, наместо за 150 денари во матично да си го решам тој проблем.

Никогаш никого со ништо не уценувам, ниту пак можам да дозволам некој да ме уценува мене. Јас пак, познавам случаеви каде што мажите инсистирале на брак, девојкиве не сакале, па со измами остана девојката бремена (оти го чешал кондомот, па не можел со кондом) и оваа денес размислува како да се разведе а да не изгуби старателство над детето (оти остана неписмена и невработена, без живеалиште итн).

Ако мојот партнер од мене изнудува брак, да, ќе го оставам многу брзо. Партерот што не сфатил дека бракот мене ми е парче хартија кое ми е важно само кога ќе имам деца, не заслужува да го поминам животот со него. Не гледам зошто би била во брак, освен од горенаведената причина.

А инаку, да имам партнер кој не сака брак, а сака да има деца со мене, ни тоа нема да може да биде. Нема да чекам цел живот тој да сака деца да има, но нема ни да го присилувам на нешто. Едноставно - ќе бидеме во врска, партнерство, итн. но кога ќе треба да се грижиме за нешто поважно од нас двајца, сакам да си ги обезбедам децата.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Стојам на ставот дека ултиматумот не е решение. Колку и да сакам да стапам во брак, нема да идам со некој со години само за го потпишам тој лист хартија, туку тој самиот уз пат ќе дојде, како природно нешто, а не јас да го наметнувам, затоа што и немам право никому да му наметнувам нешто со сила.
Ете се сложивме дека бракот треба да дојде спонтано без некој да го форсира но цело време збориме што ако поминале години, девојката сака да се скраси а него не му паѓа на памет да ја побара за жена? Тоа значи дека таа чекала и чекала да дојде спонтано ама не дошло. До кога ќе чека и има ли право да му постави ултиматум?

Ти велиш нема да уценуваш ама некогаш мора да дојде на дневен ред и таа тема и ако упорно не доаѓа што ќе направиш? Колку што разбрав ти ќе останеш со него и покрај тоа што би те одбил за брак или и да не те побара, јас напротив имам полно разбирање за девојки што им скиснува да чекаат до бесвест (се работи за години не месеци) посебно што ги знам мотивите зашто најчесто се одлага тој фамозен брак од машка страна.

Ќе ти дадам пример што го знам. Пар со три деца, она сака брак он ни да чуе и она седи со него од љубов и ради децата. После 5-6 години типот ја остава и си трга со негова колешка (инаку доктор) и оваа останува сама со трите деца тотално незаштитена од страна на државата зашто не биле венчани.

Што мислиш он не знаел зашто не сакал да ја венча и покрај трите деца?

Која, ама навистина не ја разбирам, која е поентата, да одам со некој со години, да не го сакам, да не мислам дека е правиот, ама одам за сваки случај ако нема ништо подобро?
Па побогу, колку е само тоа себично и нефер спрема другата личност во врската!!!!
Не бе, најубаво е да си останам јас сама до крајот на животот, пошто тип кој е со мене, само затоа што нема ништо боље на видик - не сакам, а и такво себично створење не заслужува некој како мене.
Не се сите мажи и жени златни, медени и фер па да ти кажат зашто идат со тебе ниту секој што ќе те изневери ќе ти признае, има многу кои идат со некого колку да не бидат сами, да имаат редовен секс и да имаат некој покрај себе. Ако ти се падне таков зар мислиш ќе ти признае дека си чека подобра прилика?

Имаш многу алтруистички ставови и се надевам ќе имаш среќа се да ти оди спонтано и лесно во животот без ултиматуми и фарбања од нечива страна :),
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јас лично, бракот не го сакам како институција, не ми е потребен (за мене лично). Во брак би стапила само тогаш кога ќе решиме со партнерот да имаме деца, зошто законот не ги третира исто брачните и вонбрачните деца, и за моето вонбрачно дете да ги ужива истите права како брачното, треба да се акам по нотари и др. глупости, наместо за 150 денари во матично да си го решам тој проблем.

Никогаш никого со ништо не уценувам, ниту пак можам да дозволам некој да ме уценува мене. Јас пак, познавам случаеви каде што мажите инсистирале на брак, девојкиве не сакале, па со измами остана девојката бремена (оти го чешал кондомот, па не можел со кондом) и оваа денес размислува како да се разведе а да не изгуби старателство над детето (оти остана неписмена и невработена, без живеалиште итн).

Ако мојот партнер од мене изнудува брак, да, ќе го оставам многу брзо. Партерот што не сфатил дека бракот мене ми е парче хартија кое ми е важно само кога ќе имам деца, не заслужува да го поминам животот со него. Не гледам зошто би била во брак, освен од горенаведената причина.

А инаку, да имам партнер кој не сака брак, а сака да има деца со мене, ни тоа нема да може да биде. Нема да чекам цел живот тој да сака деца да има, но нема ни да го присилувам на нешто. Едноставно - ќе бидеме во врска, партнерство, итн. но кога ќе треба да се грижиме за нешто поважно од нас двајца, сакам да си ги обезбедам децата.

Браво чиста сметка долга љубов ако ти треба хаус мајстор у куќа ќе си го платиш ако треба да чистиш за чистачка ќе платиш ако ти треба за она другото ќе си купиш.

Ах како нема војна во државава па да видиме како ќе има потреба од заедници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom