Македонска берза

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Сосема се сложувам со тебе за златото ќе стане огромен меур. Златот ќе прсне кога САД ќе ги крената каматните стапки над инфлацијата. Јас инвестирам во злато баш поради тоа да се среди малку ситуацијата во Европа и златото а посебно среброто ќе рипне лудо. За инвеститори кој се свесни дека е меур и дека накрајот на краиштата ќе падне и целото шоу ќе се заврши ќе направата пари. Губитници се обичните луѓе кој касно купуваат и не ја следат берзата т.е. се надеваат дека пак ќе рипне нагоре. Мислам дека баш тоа се случува во МК некој купиле акции во 2007 и сега чекаат тоа да се врати. За џабе чекаат. Моја претпоставка е дека 2007 ќе биде во 2027 пак :) Инаку берзатнските шпекуланти живеат од лов на меури.
Во Кина имаше веќе меур во 2007/08 сега следен меур во Кина се недвижностите.
Така е деновиве актуелно е меѓу нашите граѓани кои мислат дека се смели и начитани да ги менуваат евро депозитите во депозити на швајцарски франк а не знаат дека тој е лимитиран и тоа во еден правец, што значи не може да биде посилен од тоа што е сега а може да биде послаб, јас ги продадов франците одма чим ја дознав одлуката по висок курс а потоа купив долари по цена од 44,5, франците дури и да останат на овој курс луѓето губат по минимум 2 денари маржа доколку ги сменат во денари а тоа не е малку
Денеска курот долар-евро скоро и да не се промени а европските берзи одат во позитива од 1% , што е со МБИ 10 и денес во минус од 1,5% јас не очекував дека ќе падне под 2100 поени тогаш и купив акции иако во најголем дел ја анулирам загубата заради доларите сепак ако 1000(МБИ 10) била почетна вредност пред 10 години од тогаш има кумулативна инфлација и плус раст на перфоманисте на компаниите реалната цена сепак мислам дека е некаде помеѓу 3-5 000 индексни поени, и сметам дека овие цени се многу подцените, кои има слободен капитал нека купува затоа што ќе зажали, можеби 10 000 поени ќе биде во 2027 ама волку низок индекс јас мислам дека нема да има никогаш повеќе (во март 2009 беше 1800 поени)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

И јас имам акции ги купив на времето кога бев млад и глуп. Не ги продадов бидејќи не бев во Македонија. Сега нема никаква логика да се продаваат. АКциите се доста ефтини и според P/E коефициенти и P/B. Но, берзата е влезена во добар беар маркет. Мислам дека ќе паѓа и во следниве месеци. АМа ќе се опроави кај и да е за 4-5 години ќе биде дупло. Ова сега е шанса за купување.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Јас сум пак малку повеќе оптимист само заради една работа а тоа е солидните дивиденди кои се спремаат( во комерцијална ке даде дивиденда што во однос на сегашната вредност е над 8%) така да мислам дека ќе растат барем до април месец
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Виско Сооднос Цена/Дивиденда е знак на потценети акции. Но, голема грешка е да се купуваат акции со надеж дека ќе ги извадиш парите од дивиденда. Обично акциите кој имаат дивиденда добро се држат на почеток кога сите паѓа на крај и тие ќе паднат и ни дивидендата нема да те спаси. Гледајќи ја глобална светска економија не е ич поволна за купување акции во следните неколку месеци има засилени дефлациони сили кој ја рушат цената на акциите. Банкороти се силни дефлациони моменти бидејќи се бришат пари од сметки. А кога има помалку пари се е поефтино. Банките не сакаат многу да зајмуваат плашејќи се за враќањето на долговите да не бидат вратени. А според Фракцинерскиот банкарски ситем со секоје давање заем банкте индиректно печатат пари. Дефлација може да се победи со намалување на каматните стапки ама тоа не можно сега бидејќи веќе се блиску до нула. Значи со ниски каматни стапки и дефлација сите имаат мотивација да ги чуваат парите на сметка и да трошат така наречен hoarding. Ако неможе да се спушат уште каматните стапки има услов за така наречен liquidity trap во Кејнз економија. Многу опасен момент за економијата бидејќи ја гуши тотално и БДП паѓа и може да влезе во долго трајна рецесија .Мене ми изгледа дека Европа оди по тој пат а најверојатно ќе го повече светот со неа. Единствено решение за liquidity trap е печатење на голема сума пари. Европа не го сака тоа посебно Германија е против но, на крај ќе мора да попушти зошто нема друг решение. САД е посклона кон печатење долари од ЕУ. САД ми изгледа дека ќе ги врати доларите кој ги должни но со многу девалирана вредонст.
На краток рок следните 6 месеци до годнина дена се повеќе дефлациони после очекувам посилна инфлација.
Лек за дефлација е кеш посебно долари. Затоа и каматните стапки на САД 10годишни обврзници е патетични 1.8% и ќе паѓаат.Сите бегаат во долари. Во моменотов САД може да си го сервисира долгот многу лесно ама нема да трае тоа вечно.
Случано најдов едено многу добро видео за Банкарска криза и како вилијае на Дефлација и Инфлација и која инвестициона стратегија кога е подобра. Малку е подолго и посложено ама е многу добро.
http://www.youtube.com/user/CiovaccoCapital?blend=1&ob=video-mustangbase
Има правило Дефлација Долари, Инфалција Акции и стоки. Инаку мислам дека имаше меур во МК бидејќи во 2007/8 имаше инфлација од 7-8% најверојатно тоа беше една од причините.
Уште една поена е дека сегашното краткорочни решение ги врзува банкте во многу големи колични европски обврзици. Така да ако одат државите во банкрот ќе одат и банките. Тоа е сценарио за тотален економски крах. Но, се надевам дека нема да дојде до тоа.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Се согласувам во целост со тебе во делот каде сметаш дека решение во европа е штампање пари и блага но констатна инфлација (баланс на експанзивна монетарна и рестриктивна фискална политика стручно кажано) ја тоа и на форумов и со луѓе го зборам дека е единствено решение сакале Маркози или не!
--- надополнето: 19 декември 2011 во 23:36 ---
Има правило Дефлација Долари, Инфалција Акции и стоки. Инаку мислам дека имаше меур во МК бидејќи во 2007/8 имаше инфлација од 7-8% најверојатно тоа беше една од причините.
Уште една поена е дека сегашното краткорочни решение ги врзува банкте во многу големи колични европски обврзици. Така да ако одат државите во банкрот ќе одат и банките. Тоа е сценарио за тотален економски крах. Но, се надевам дека нема да дојде до тоа.
АПСОЛУТНО!!! инфлацијата/дефлација односно количината пари во оптек диктира ама баш се, конечно некој да го сфати тоа, имав пост поодмна како ја објаснив едноставно таа работа на кратко ќе повторам оди вака:
Прво имаш зголемена парична маса (капираш инфлација) тогаш сите цени растат па и на акциите на почетокот повеќе помалку пондериран просек онолку колку е инфлацијата, во таков случај ПСИХОЛОШКИ луѓето имаат чувство дека таквата тенденција ќе продолжи и како одговараат на тоа. Ја забрзуваат потрошувачката за некое добро (ако сметаат дека цените растат ќе побрзаат да купат нов ТВ на пример, доколку планирале) кога тоа ќе го прават повеќето значи зголемена побарувачка со тоа расте и цената. Епа зашто тогаш акциите ја победуваат инфлацијата и се многу над растот на цента на тв на пр. (или бил кој продукт кој горе долу поскапел онолку колку што е инфлацијата)? ЗАРАДИ психологија ТВ го купуваш за да гледаш телевизија, облеката за да ја носиш, ручекот за да го јадеш, но акциите ги купуваш за да профитираш: КУПУВАШ (парафразирам) поголема количина (вредност) на акции од таа што можеш реално да си ја дозволиш (како на пр. да купиш 15тина ТВ) во очекување на продолжување на тој тренд на раст на цените кај акциите, тоа го прават многумина кои порано не се занимавале, ни па им паднало напамет дека некогаш ќе тргуваат на берза, со тоа навистина се остваруваат очекувањата на раст (поголема побарувачка а ограничена понуда) со тоа што после тој раст уште повеќе луѓе се убедени дека се заработува (башка и гледаат по комшии слушат кој како направил куќа, кола) шемата се зголемува ... и навака е јасно се создава меур кој ако излезеш навреме супер ако не ќе издишеш (најголем дел не излегуваат на време, впрочем тој процент мислам дека е константен во сите меури во сите времиња, околу 5% се тие што влегле и излегле на време) . Затоа цените на акциите секогаш ја победуваат инфлацијата( просечно инвес. фондови на светско ниво растат со годишна стапка од 12-14% вклучително и години на падови, рецесија) слично е и со металите посебно како злато, сребро, платина и др. понекогаш и недвишнини и се каде луѓето веруваат дека може лесно да се заработи.
 
Toa e тоа имаш инфлационен бум а дефлационен баст. Тоа е бизнис циклусот. Проблемот кој се јавува во Инфлациониот бум е тоа што инфлација посебно во комбинација со ниски каматни стапки доведува до многу т.н. малинвестициии според Австриската Економска Школа. Малинвестицте се генерираат во Бумот а се елиминираат во бастот. Луѓе како луди инвестираа во АКции, Недвижнини, Злато. Тотално не логични и економски не издржани одлуки. Што накрај резултира со колапс. Проблемот лежи во тоа што Централнат Банка ги одредува каматните стапки а не пазарот. Централна Банка знае да ги спушти уште пониско од тоа што е реално потребно за да го стимулира бумот. Австриците се за т.н. природни каматни стапки определени од понуда и побарувачка на капитал. Т.е. од желабата за штедење (допозити) и желбата за кредитирање. Ако каматните стапки се под тоа “природно“ ниво се стимулира земањето заеми и неконтролирано трошење што создава меури. Може и споротивното да се случи ако има голем бум и многу печатење пари кој резлутира со виска инфлација. И Централната банка да ги крене многу виско камтите за да ја контролира инфација и да го пукне меурот и да заврши во дефлација. Дали природни каматни стапки се решение е само теорија никогаш не е докажано тоа во пракса. Има и многу психологија кога комсумерите и инвестирортие се чустуваат сигурни започнуваат да трошат и инвестираат. А трошењето и инвестирањето се позитивна повратна врска и се создава меур.Се додека имам централни банки и овој систем ќе има циклуси на раст и пад.
Сега сме во пад додека не стигне монетарен следниот стимулус и се ќе се повтори.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Многу ме фрустрира берзава наша, европските се во плус 3-4% за неколку дена нашава се надолу и надолу со дневен промет мизерен, летаргичност, бавност... јас би бил задоволен со МБИ 10 индекс од 2500-3000 поени мислите дека тоа е реално да се очекува за 5-6 месеци?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Многу ме фрустрира берзава наша, европските се во плус 3-4% за неколку дена нашава се надолу и надолу со дневен промет мизерен, летаргичност, бавност... јас би бил задоволен со МБИ 10 индекс од 2500-3000 поени мислите дека тоа е реално да се очекува за 5-6 месеци?
Според мене берзата ќе паѓа во следните најмалку 6-12 месеци сигурно. Бидејќи
1. Европа влегува со рецесија.
2. Нема поголеми монетарни стимулации сега за сега.
3. Берзата имаше меур во 2007/8 што значи ќе треба долг период да се опорави.
4. Веќе година дена има таков тренд ако еднаш почне тренд тешко се крши.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Берзата почна да паѓа од сеп 2007 за до март 2009 да го допре дното. тоа е негде година и три месеца пад, растеше најмногу до 12 окт 2009 и од тогаш стагнира и паѓа, а ова е вака сокоро 2 години што би требало да е сигнал декa нема да оди уште надолу (за тоа потребна е и монетарна поддршка) инаку ако си приметил нашата берза освен со белградската (што е нормално) највисока корелација во цената има со заедничката берза на земјите членки во еврозоната, подолу од неа не оди (освен на ептен краток период) а нагоре оди само кога има оптимизам околу НАТO и ЕУ, како на пример пред нато самитот (што би значело дека заради политички причини акциите на мак берза се потценети), на 12 окт 2009 кога очекувавме датум за почеток на преговири и сл. http://www.bloomberg.com/quote/SX5E:IND/chart
Се согласувам со делот кога велиш дека нема монетарна стимулација и во услови кога се води рестриктивна фискална политика, со новиот договор на ЕУ, доколку монетарната политика не се олабави , ќе имаме дефлаторни движења (пад на цените), зголемување на невработеност и рецесија.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Нешто што ги одржува берзите да не голабираат се.
1. Релативното подобрување на Американската економија сега за сега.
2. Принтањето на пари за заеми на банките во ЕУ. Ова е многу интересна работа. ЕЦБ им нуди на банките ефтини заеми од 1% камата како остават како залог државни обврзници. Со што ги тера банките да купуваат државни обврзници и да им ги буткаат каматните стапки. Нешто што во Америка беше QE само индиректно преку банките. Ова може да функционира на краток рок. Но, ако има банкрот заедно со Државните ќе одат и банките и ќе биде тоален хаос. Многу обични граѓани ќе настрадаат.
Најбитното што треба да се следи е каматните стапки на обрзници од ПИИГС ако тие одат нагоре крајот се ближи а одат нагоре.
http://www.bloomberg.com/apps/quote?ticker=GBTPGR10:IND
http://www.bloomberg.com/apps/quote?ticker=GGGB10YR:IND
П.С.
Принтањето евра е добро за доларот.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Мене ме чуди зашто мкд компании и институции не инвестираат во нашата берза деновиве пред нова година и онака имаат средства, работат со добивка, би избегнале повисоко оданочување заради данокот на добивка, зашто се пасивни нашите т.н. играчи? Сите фундаменти одат во прилог на раст на акциите, потребна е поголема ликвидност и монетарно олеснување кое ете некакво и има во ЕУ (кај нас мислам дека состојбата не е ништо полоша од 2005, 2007 или 2010, во врска со ликвидноста, никогаш и не сме биле сијајни па мби 10 имал многу повисоки износи) реално оваа цена на мби 10 е многу подценета да имав сега пари сега уште ќе купев!!! Па во најголем дел на акциите пазарната вредност е помала од книговодствената ... итн
--- надополнето: 24 декември 2011 во 00:07 ---
Најбитното што треба да се следи е каматните стапки на обрзници од ПИИГС ако тие одат нагоре крајот се ближи а одат нагоре.
http://www.bloomberg.com/apps/quote?ticker=GBTPGR10:IND
http://www.bloomberg.com/apps/quote?ticker=GGGB10YR:IND
П.С.
Принтањето евра е добро за доларот.
па и немора да значи дека ако се високи каматните стапки дека ке има нова рецесија и дека ќе паднат берзите повторно. Може се да заврши со тоа што земјите (односно нивните граѓани) ќе платат повисока цена за зајмувањата и ништо повеќе, од друга страна ако гледаш може ситуацијава да искочи како финаниска инекција за банките бидејќи земаат они од ЕЦБ пари за 1% а добиваат по 7% , 8% итн тоа е добра заработка гледано од тој агол. Битно е системот да е ликвиден и каква таква барем минимална стапка на раст БДП 2012 и со наредната година мислам дека и ќе заврши конечно кризата па и време е веќе 3 години треба да дојдат и 3-4 години на раст и експанзија. =)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не сум јас толкав оптимист за 2012. Посебно не за Европа. Со толку мерки за штедење сигурно ќе паднат во рецесија, а дали тоа ќе го повлече и остатокот од светот е знак на прашање. Тоа што ми дава надеж е САД кој добро се држи и без монетарни стимулуси што е доста добар знак.На кратко, Европа ќе го крка за остатокот од светот ќе видиме.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Да ако Европа падне во рецесија и САД ќе падне тука мислам дека сум сигурен. Јас мислам дека монетарно ќе попушти ЕЦБ (ќе зголеми количевство евра во оптек) и од тука го гледам оптимизмот а ако тоа не се случи, неминовна ќе биде ова рецесија
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
ОФИЦИЈАЛНО: ЕЦБ ќе пушти во оптек новопечатени 489B или по нашки милјарди евра, преку тоа што оваа сума ќе им ја позајми на банките (523 европски банки) долгорочно со каматна стапка од 1%. е ова мислам дека е добар монетарен стимул во оваа ситација во која сме, Инаку во време на Буш ФЕД (САД) инјектираше 700B. Мое предвидување за 9 до 15 месеца УС доларот ќе се разменува за 1,18-1,2$ za 1evro, или во денари од 50-52 ден за 1 долар.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не значи автоматски пречатењето евра пад на ЕУР/УСД. Точно е дека ако има повеќе евра дека го зајкнува релативно релативно доларот. Но, од друга страна евра како монетарен стимулус ја забрзува економија и ги мотивира инвестиротите да не се кријат повеќе во сигурни инвестиции како САД обврзници и да инвестираа во поризични инвестиции, акции, стоки итн Што го слабее доларот од друга страна. Треба да се види кој ефект ќе биде појак.
Потребни се стимулации и монтарни инекции за Европа да не западне во подлабока рецесија. Ако го следиш спредот разликата меѓу каматните стапки на САД и Германските обврзници наспроти ПИИГС обврзнициите ќе дознаеш кој ефект е појак. Ако се намлуваат разликите меѓу каматите тоа значи дека монетарниот стимулус имал ефект ако се зголемуваат тогаш немал ефект и се оди кон банкрот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom