Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
Тешко прашање.
Имаше еден коментар на крајот кој гласеше „не знам дали Грејс го напушти Догвил или Догвил ја напушти земјата...“ а пред тоа имаше „Ако некој град заслужува да биде збришан од картата тоа е овој...“ Што пак ме враќа на приказната за Содома и Гомора за која Догвил би можел да биде метафора. Старозаветниот Бог го направил истото со овие два града, поради греовите на неговите жители.
Втората работа е што статуетките не се само статуетки туку се симболика за тешкиот труд кој Грејс го вложи, а истот беше обезвреден. Вера сакаше со тоа да и одржи лекција на Грејс, на крајот Грејс и одржа лекција на Вера. Морална поука - не прави на друг она што не сакаш да ти го прават тебе.
Во секој случај мислам дека Грејс беше во фаза од која немаше враќање, да можеше да најде милост за децата ќе најдеше и за некои други. Ова ќе остане за мене еден од најшокантните моменти во историјата на филмот, посебно затоа што кога рече: има едно семејство со деца... направи мала пауза и сите очекувавме милост и тогаш... бам!