DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тешко прашање.

Имаше еден коментар на крајот кој гласеше „не знам дали Грејс го напушти Догвил или Догвил ја напушти земјата...“ а пред тоа имаше „Ако некој град заслужува да биде збришан од картата тоа е овој...“ Што пак ме враќа на приказната за Содома и Гомора за која Догвил би можел да биде метафора. Старозаветниот Бог го направил истото со овие два града, поради греовите на неговите жители.

Втората работа е што статуетките не се само статуетки туку се симболика за тешкиот труд кој Грејс го вложи, а истот беше обезвреден. Вера сакаше со тоа да и одржи лекција на Грејс, на крајот Грејс и одржа лекција на Вера. Морална поука - не прави на друг она што не сакаш да ти го прават тебе.

Во секој случај мислам дека Грејс беше во фаза од која немаше враќање, да можеше да најде милост за децата ќе најдеше и за некои други. Ова ќе остане за мене еден од најшокантните моменти во историјата на филмот, посебно затоа што кога рече: има едно семејство со деца... направи мала пауза и сите очекувавме милост и тогаш... бам! :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Поточно:
Narrator: Whether Grace left Dogville, or on the contrary Dogville had left her - and the world in general - is a question of a more artful nature that few would benefit from by asking, and even fewer by providing an answer. And nor indeed will it be answered here.

Се согласувам со тебе, очекувам некое поинакво мислење, нешто вакво:
At its midpoint, Dogville devolves into a pointless, misogynistic free-for-all before culminating in an absurd and disgusting conclusion. After Grace is embraced by the community, Von Trier gleefully proceeds to tear her down in every regard. The first scene where Grace is raped is sarcastically spun as the community protecting her. The second rape misinterprets disassociation as a way to accept abuse rather than a coping mechanism. Before the movie ends, Grace is shackled to an immovable iron wheel (perhaps the only instance of wry humor), and has become the sex toy of the entire male community, including a fetishistic preadolescent whose performance begging for a spanking should earn Von Trier a child abuse indictment.



Von Trier seems to think that Grace’s revenge by seizing power and laying waste to Dogville and its citizens redeems her character and asserts her strength as a woman, but this twist is entirely undermined by the fact that it is her father who gives the command to destroy the town, not Grace. And Grace’s most sadistic act, which equates breaking porcelain figurines and murdering children, crosses the threshold from artistic license to repulsive theatricality when an infant is lifted from his bassinet to be gunned down by mob henchmen.

Lars Von Trier is a misogynist, he indulges in uninformed stereotypes of small-town America, and he apparently has no compassion for people living in poverty. I will never waste my time with him again.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да, тоа е тоа, не можев да се сетам на точниот текст. Е што немам три саати да го изгледам уште еднаш за рефреш... :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Последната сцена од филмот каде Грејс излегува од колата да зборува со Том е најмоќната сцена од сите милион филмови што сум ги изгледал до сега. Грејс го гледа Догвил во вистинското светло. Нема повеќе место за оправдувања и наивност. Затоа вели дека ако некој град заслужува да биде уништен, тоа е Догвил. Во случајот со убиството на децата, сметам дека станува збор за „осознавање“ иако некој би помислел дека е одмазда. Мајката на децата (заборавив како се вика) не само што ги испокрши фигурите, туку и кога дозна дека Грејс е силувана, не покажа никакво сочувство, напротив, продолжи со злоупотребата. Грејс сакаше да и' посочи на грешките пред да ја ликвидира.

Друга поента која се наметнува во овој дел од филмот е „проштевањето“. Нели, Господ вели дека ако простиме и нам ќе ни простат. Вон Трир сакаше да ни покаже дека теоријата различно функционира во праксата, што според мене е брутално искрен момент. Не сакам да звучам чудно, но не ми беше многу жал за децата. Тие беа плод на сите злодела во Догвил.

П.С. Еве ако некој сака да го читне сценариото.
http://www.script-o-rama.com/movie_scripts/d/dogville-script-transcript-nicole-kidman.html
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Нешто замре дискусијата. Еве колку да ги раздвижам работите да ве прашам: Дали сметате дека филмот е анти-американски?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Триер и тука се фокусира на човековата индивидуа и на најсиров начин го покажува токму тоа што човекот одбива да го признае, а тоа е неговата неспособност за сочувство и милост на долги патеки, напротив како одминува времето и како полека ја откриваш човековата душа, сфаќаш дека во суштина се работи за животно чија главна потреба е да си ги одржи своите инстинкти задоволени и да ги исполни своите индивидуални желби, страсти и емотивни потреби, во спротивно неговата душа би била исполнета со страв и очај. Со еден збор човекот е себично суштество и тоа во филмов е прикажано на најекстремен начин.

Приказната детално ги опишува маските кои луѓето си ги ставаат за да не изгледаат толку грдо, појава која произлегува од стравот дека тие би можеле да бидат обвинети од толпата за својата грдотија.

Од настаните во Догвил конкретно заклучуваме,дека луѓето кои пробуваат да ве импресионираат со својот интелект и идеи се всушност кукавици, што всушност сакаат да сокријат колку се слаби. Тоа се луѓе кои не ја разбираат безусловната љубов, освен љубовта кон самите себе и сопствените дела. Тука се и луѓето кои се натпросечно љубезни и дружељубиви на почетокот. Тоа се индивидуи кои обично сметаат дека вие би биле исклучиво корисни на некој начин во нивниот живот или пак се индивидуи кои се плашат од вас и имаат некаков комплекс од икс причини. Во суштина тоа се паразити кои со текот на времето се закачуваат за вас и само земаат и земаат, искористувајќи ги вашите обзири и принципи.

И тука е Грејс која навидум остава впечаток на наивност, што воопшто не е точно, напротив тоа е нејзината желба да дава и да задоволува, бидејќи тоа јa креира нејзината среќа (нешто што многу луѓе не можат да го разберат), да стекнува вистински пријатели, да пронајде љубов која ќе трае и ќе расте. Очигледно примената на нејзините искрени намери кон толпата и кон секој нов човек кој влегува во нејзиниот живот беше најлошото нешто кое што можеше да си го направи самата на себе.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Нешто замре дискусијата. Еве колку да ги раздвижам работите да ве прашам: Дали сметате дека филмот е анти-американски?
Не.
Вон Триер доколку ја поставил ситуацијата на друго место ќе го немаше тој ефект, мислел(и со право) дека Америка како место ќе постигне најголем ефект.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не.
Вон Триер доколку ја поставил ситуацијата на друго место ќе го немаше тој ефект, мислел(и со право) дека Америка како место ќе постигне најголем ефект.
До некаде не е анти-американски. Со некои мали модификации, Вон Трир можел да направи дејството да се одвива, на пример, во Франција и пак темата на филмот немаше да има толку врска со самата земја, колку што би имало врска со човекот и човековиот карактер.
Се согласувам со тебе дека ситуацијата поставена во Америка би била најефектна. Од проста причина што секој има право да снима филм (па и да ја критикува) Америка, исто како што и Америка има право (кое го практикува) да снима филмови за нацистите, индијанците итн. Се сеќавам кога излезе филмот на интернет го критикуваа за анти-американските елементи. Мило ми е што Вон Трир одлучил да ги „смести“ Догвил (подоцна и Мендерлеј, евентуално и Вашингтон) во Америка, колку да и' стави до знаење дека не е до толку „морално супериорна“ како што се мисли.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Нешто замре дискусијата. Еве колку да ги раздвижам работите да ве прашам: Дали сметате дека филмот е анти-американски?
И е и не е.
Чек сега да си ја погледнам реченицата што ја напишав... што е фино кога ќе се одберат зборови, а? :)

Е, затоа што самата трилогија се вика USA - Land of Opportunities. Вториот дел е на тема ропството во Америка а третиот сеуште не знаеме, освендека ќе се вика Вашингтон. Целиот фолклор е американски и приказната е сместена во Америка. Одјавната шпица ја покажува грдата страна на таа држава, а дополнително и песната која одела во позадина ја заокружила сликата, иако заборавив веќе за која песна се работи.

Не е, затоа што оваа приказна може да се смести скоро секаде.

Мене ми е мило што американците годоживеале филмот како анти-американски, затоа што тие имаат снимено еден тон анти-секакви филмови а не се ни свесни за тоа кутрите, додека ние од страна се прашуваме дали се нормални овие... Така да, нека се навикнуваат малце по малце.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
Во врска со насловот на оваа тема (и на предходните исти:
Не тврдам дека сум експерт по англиски, ама нели Spoiler Free би значело - Ослободено од Споилери, т.е. нема тука споилери?
или има изразов друго значење...:cautious:

(пример: cholesterol free)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Дисктурано е и порано. Ако напишеме Без Спојлери ќе мислат дека не смеат да ставаат спојлери, ќе влезат и ќе се спојлерисаат. Ако напишеме Внимателно, Спојлери, ќе мислат дека можно е тука и таму да има по некој спојлер, како во Game of Thrones на пример. Нема добра формула, најдобро е вака, сите веќе знаат за што е темата. Да не одиме оф-топик. Ако има некој предлог за разгледување пратете кај некој од модераторите на профил или по ПП.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Во врска со насловот на оваа тема (и на предходните исти:
Не тврдам дека сум експерт по англиски, ама нели Spoiler Free би значело - Ослободено од Споилери, т.е. нема тука споилери?
или има изразов друго значење...:cautious:

(пример: cholesterol free)
Free може да значи и „слободно“. Пример free entry - слободен влез. Во овој случај би можеле да се разбере како „слободно пишувајте спојлери“. Барем ја така го сфатив уште од прва.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
Free може да значи и „слободно“. Пример free entry - слободен влез.
Да, ако е пред тоа на кое се однесува.
Инаку, не знаев дека ова веќе е дискутирано.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Да, ако е пред тоа на кое се однесува.
Инаку, не знаев дека ова веќе е дискутирано.
За тоа дали може пред и после во друга тема. Според мене добро е вака.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ок ај прекинете :)
Иначе го чекаме џимеј да го изгледа и да се вклучи во дискусијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom