Ај да повторам и јас, благодарение на Турците ние добивме модерен аеродром, не можеше да биде било која фирма, затоа што ниедна друга не се пријави.
А зошто ниедна друга не се пријави?Го знаеш тоа?
Затоа што во договорот за концесионирање на аеродромите како услов беше наведена и изградба на карго аеродром во Штип,за после потпишувањето на договорот со ТАВ истата да се избрише,или сеедно изградбата да се пролонгира за едно десетина години(дали и тогаш?!),со образложение дека за тоа време треба да се извршат метеролошките мерења,што во најмала рака е смешно.Да потсетам,за експропријација на плодното земјиште на кое треба(ше) да се гради аеродромот,владата им плати на сопстевниците околу 10 милиони евра.Инаку и самите британци од ЕГИС,компанија која истотака беше заинтересирана за аеродромот,пред повлекувањето од процедурата за концесија изјавија дека токму карго аеродромот е причината поради која нема да учествуваат во наддавањето за македонските аеродроми.Друга работа е пак тоа,што ТАВ го одлагаше реновирањето на аеродромите за околу една и пол година,и тоа на два пати,а за тоа не плати никакви пенали на државата,што во нормална држава е случај без преседан.
Трета работа,а во што и најмногу се сомневам е чинењето на инвестицијата која што ја прикажуваат ТАВ,а која според мене не кореспондира со тоа што е направено на терен.На пример инвестицијата во охридскиот аеродром е минимална,а тие ни прикажуваат доста поголема сума на инвестирани средства.Квалитетот на изведбата е пак посебна приказна,ако се знае дека после некоја седмица од пуштањето во употреба,по првиот дожд прокисна таванот на скопскиот аеродрмо.Ама тоа е,изгледа турците не сакале да трошат многу на материјали.
Тоа е мое видување,не сакам да ти ја расипам и тебе и на другите констатацијата за аеродромите и да го минимизирам значењето на нивното реновирање,туку со факти да укажам на неправилностите околу целата постапка и нефер односот кон другите компании од страна на државата,а и од ТАВ кон државата и нејзините граѓани.