Влјанието на Турција во Мкедонија полека но сигурно навлегува преку инвестициите, ни го купија воздушниот простор. Подмолно влегуваат во Македонија. Во Македонија во последните неколку години освен мегуетничката нетолеранција се повеќе е зачестена и верската нетрпеливост. Македонија како мултиетничка држава е нај ранлива во регионот. Американското влијание во Македонија го осетивме сите на наша кожа во 2001. Иако Албанците добија рамковен тие во реалноста ништо не добија освен тендерите кои до 2001 ги делеја само Македонци , сега ги делат и Албанци. Зборувањето на Албански во парламентот е навистина ништо во споредба со тоа колку Албанци имат загинато. Двојазичноста во општините со 25% Албанско население е добар чекор кон разбирањето меѓу заедниците но само на хартија, пак ништо не добија. Вработувањето на Албанците со рамковен договор е само иретирачки за Македонците ништо повеќе. Се вработуваат оние кои имаат пријателства. додека високо образованите се пак на условно кажано улица. Од рамковниот сите ние добивме нешто што ќе го влечеме се додека не се исчисти со крв, но многу повеќе од 2001. Зближивањето со Катар и насмејаните ликови на ТВ изгледа супер, нашиот Претседател во Катар се смешка и поздравува со милијардери, готово од утре невработеноста во Македонија без разлика на етничката и верската припадност ќе падне под 5% . Катар ќе инвестира во библиотека во Тетово супер, навлегува ли радикалниот ислам во Македонија но сега многу по достоинствено ? Влезот на Руските камиони со хуманитарна помош во северниот дел од Косово, не кажува дека Русите се враќаат во игра. Значи Русија влезе во Косово. Сега веќе не е исто како пред 11.12.2011. Таму живеат православни, Русја може да ги заштити едноставно врз основа на религиската припадност. Или едноставно да се доделат Руски државјанства не помалку од 1/5 па така во секое време ќе може да си ги штити своите државјани. Сета оваа ситуација треба да не загрижува сите затоа што куршумот не ја избира верата. Дали Турција ќе биде пред Русија на Балканот ќе видиме во наредните 5-10 годин. Голема улога ќе има самитот на НАТО во САД, балансот меѓу Русија и САД можеме да бидеме ние како земја членка но во тој случај Грција ќе мора да голтне и да преќути. Доколку Македонија не стане членка на НАТО Албанското прашање ќе биде голем проблем за целиот регион.