Nedostaje mi naša ljubav, mila... Bez nje uz moje vene puže stud...
Nedostaješ mi ti, kakva si bila... Nedostajem mi ja... Onako lud...
Ja znam da vreme uvek uzme svoje... I ne znam što bi nas poštedelo?
Al meni, eto, ništa sem nas dvoje nije vredelo...
Повели народе:
На секои 2 недели, на хрватското радио Луд Брег, од 21:00 до 22:00 часот, Дневник старог момка, цели 60 минути уживанција со Џоле, на секои 2 недели.
Четвртата емисија беше вчера, четврток, 20 октомври 2011, што значи дека петтата емисија треба да биде на 3 ноември 2011.
Програмата на радиото можете да ја следите во живо преку Интернет:
http://www.radio-ludbreg.hr/content/view/119/72/
Интернет сигналот им е многу слаб, првите 100 кои ќе се закачат, ќе уживаат во најквалитетен сигнал, останатите ќе трпат послаб сигнал, па дури и губење на сигналот одвреме навреме, посигурно е да ја следите програмата на радиото преку Интернет преку некоја од плејлистите закачени на сајтот кои работат со Winamp, iTunes, Windows Media Player или RealPlayer, сепак ќе се губи сигналот одвреме навреме, но сепак посигурно е отколку со следење на програмата на радиото преку Интернет директно преку самиот веб сајт на радиото.
Во меѓувреме, можете да испраќате предлози до водителите на емисијата на официјалната e-mail адреса на емисијата:
dnevnikstarogmomka@gmail.com