Фан Клуб: Реал Мадрид

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Па нема да биде ни прв ни последен ... жалосно е кога се пропуштаат млади таленти, израснати во клубот ...
Не велам овие момци веднаш да го заменат Роналдо или било кој друг, но со текот на годините да добиваат се повеќе и повеќе шанси во првиот состав, да билдаат искуство, не само еден од нив, туку повеќе, да се вклопат заедно, да научат да бидат лидери, борци ... и кога на "ѕвездите" ќе им истечат договорите или заминат во друга средина, да не се фрлаат десетици милиони за нови "ѕвезди" туку да има свои играчи, зрели и потковани за прв состав. Ни недостига таа емоција, не кон фудбалот, туку љубов кон Реал Мадрид!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не е така едноставно како шо мислите. Не е ова Арсенал или Удинезе па ај дај му шанса цела сезона, овде се бараат резултати. А ретко можеш да се потпреш да му даваш на младинец цела сезона место. Се оди на проверен квалитет.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Еве гледам ние со тој проверен квалитет колку титули земавме последниот период.
Сигурно дека не треба екипата да се потпира на младинци,но барем по 1-2 може да се пуштаат на некои небитни утакмици,каде што може да стекнат искуство.
Не гледаш зашто Барса е толку моќна ?Во први 11 што им играат 80 посто се од нивна школа,они своите потенцијали не ги пропуштаат,во Реал не е така.Они своите таленти буквално ги бркаат.
Затоа треба малце да се обрне внимание и на младинските школи,а не да се фрлаат беспотребно пари.:D
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Еве гледам ние со тој проверен квалитет колку титули земавме последниот период.
Сигурно дека не треба екипата да се потпира на младинци,но барем по 1-2 може да се пуштаат на некои небитни утакмици,каде што може да стекнат искуство.
Не гледаш зашто Барса е толку моќна ?Во први 11 што им играат 80 посто се од нивна школа,они своите потенцијали не ги пропуштаат,во Реал не е така.Они своите таленти буквално ги бркаат.
Затоа треба малце да се обрне внимание и на младинските школи,а не да се фрлаат беспотребно пари.:D
Oд кога е дојден Мурињо повеќе им обрнуваат внимание на играчине од младинскине школи. Викате дека треба да им се дава шанса во небитни натпревари,епа ете им дава во купот,не очекувајте да им дава натпревар со Валенсија,Атлетико Мадрид кога барса цело време ни дише во врат. Е сега ако ја имаме осигурано титулата пред неколку кола :icon_mrgr: тогаш ќе може повеќе играчи од Кантера да добијат шанса во Ла Лига. Иначе не треба да се испуштаат таленти од школата,може да бидат праќани на позјмници па потоа да се враќаат во тимот. Има доста добри играчи од школата како : Солдадо,Борха Валеро,Парехо,Каљехон итн...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
што би рекло дека е печен за трет напаѓач! :D
Една утакмица стартер Игуаин дава гол. Замена Бензема дава гол.
Друга утакмица стартер Бензема дава гол. Замена Игуаин дава гол.

Пушташ дете од Кастиља утакмици за 2ипол мин игра дава 2 гола.

Прајслејс.:cuc:
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Се оди на проверен квалитет.
Па така де. Давај му повеќе простор и време и ќе го провериш квалитетот. А не да им го гледам квалитетот во други клубови како ги кинат мрежите ... па после барај ги назад, па чекај ги да се прилагодат на твојата логика и тактика, па од големо искористување и форсирање во тој друг клуб, кога ќе се врати ќе има проблеми со повреди итн ...
Не сите младинци да се преселат наеднаш во прв состав, но барем по еден или двајца од генерација, ќе биди доволно, така да за 7-8 год и ние ќе имаме 80% наши деца во Реал. Е тогаш со ќеф нека купуваат по 2-3 фудбалери на секои 2-3 години кои вредат десетици милиони.
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Реал: Не сме доставиле понуда за Марио Фернандес

"Во последните неколку недели се шпекулира дека Реал Мадрид се обидува да го ангажира Марио Фернандез.

Се говори дека Жозе Мурињо побарал нов десен бек, а управата на клубот го идентификувала 21 годишниот фудбалер на Гремио, како идеално засилување.

Извештаите велеа дека Реал веќе доставил понуда до Гремио, но ’Лос Бланкос’ ги отфрлија ваквите гласини со соопштение на својата веб страна.

“Со оглед на тоа дека се појавија стории кои велеа дека Реал Мадрид е заинтересиран за фудбалерот Марио Гомез:ROFLMAO: , можеме да негираме дека Реал стапил во контакт со клубот на фудбалерот или пак доставил понуда за неговите услуги.” – гласеше соопштението на Кралевите.

Мурињо претходно во неколку наврати нагласи дека не планира да го засили тимот во зимскиот преоден рок."
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Една година без Мората
Денеска се навршува 1 година од последното официјално појавување на Мората со првиот тим. На 22 декември 2010 година, Мората играше во голеадата против Леванте од 8-0. Но, оттогаш наваму, исчезна од екипата на Реал, барем што с еоднесува до официјалните натпревари.
Мурињо уште минатиот јануари за Мората кажа: "Мората ќе биде играч на првата екипа, и играч за историјата на Реал во наредните 10 години. Нема да биде продаден, ќе продолжи да игра во Кастиља како еден од најперспективните играчи од кантерата. Ќе има привилегија да тренира со нас. И следната сезона би требало да биде играч на првиот тим, не само во претсезоната, туку цела сезона."
На 3 февруари, Мурињо додаде: "Наредната сезона го сакам Мората уште од првиот ден со нас. Прво, треба да постигнува голови со Кастиља, а следната година и со нас. Сакам 4 напаѓачи за следната сезона. 3 + Мората." Алваро го исполни она што го бараше Мурињо, постигна 11 голови во вториот дел од сезоната со Кастиља, и заврши со 15 голови на крајот на сезоната. Го продолжи договорот до 2016 година. Во јули стана шампион на Европа до 19 години, и беше најдобар стрелец на турнирот со 6 голови.
Мурињо го повика на мечот од Суперкупот против Барса, но го остави на трибините. Каранка продолжи да зборува за него на пресот: "Мората ќе тренира оваа сезона со првата екипа." Ова се исполни само во мал дел, Мората тренираше со првиот тим само неколку пати. Играше на Трофеј Сантиаго Бернабеу против Галатасарај 15 минути. Потоа, исчезна. Против Еспањол, го немаше Бензема, кој беше повреден, но Мората одново не доби повик од Мурињо. Хоселу беше земен на негово место.
И иако со Ајакс и Понферадина имаше можност да му даде минути, Мурињо одново се реши да го одмине. Ги избра Педро Мендес и Хесе потоа. И кога можеше да го пушти во игра, во реваншот од Копа против Понферадина, Мората доби црвен картон против Алкала, што го оневозможи да настапи во Копа.
365 дена без Алваро Мората, играчот кој пред 1 година беше прогласен како дел од првата екипа. 365 дена без да му се даде една единствена минута на официјалните натпревари. Навистина штета.....
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Една година без Мората
Денеска се навршува 1 година од последното официјално појавување на Мората со првиот тим. На 22 декември 2010 година, Мората играше во голеадата против Леванте од 8-0. Но, оттогаш наваму, исчезна од екипата на Реал, барем што с еоднесува до официјалните натпревари......................
Зошто незнам да копирам по 2 цитати само ќе го препишам тоа што го кажав пред некој ден


Абе лиже гз Мурињо на навијачите. Ќе не залаже еднаш, ќе ги пушти во еден беден куп против третолигаши и после Мурињо воведувал деца од школата. Начо минатата играше две цели (Валенсија и Хихон мислам) кога беше завршена битката за титулата. Мората влезе 2 пати по 10 мин и Хоселу 2 пати по 10 мин. Другиве по еднаш колку да се спомне во весници. Подобро само тројца да форсира да ги пушта почесто него вака само да мачка очи една утакмица па следен пат да ги гледаме на подготовки во Америка и Кина, или евентуално Гетафе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom