Една година без Мората
Денеска се навршува 1 година од последното официјално појавување на Мората со првиот тим. На 22 декември 2010 година, Мората играше во голеадата против Леванте од 8-0. Но, оттогаш наваму, исчезна од екипата на Реал, барем што с еоднесува до официјалните натпревари.
Мурињо уште минатиот јануари за Мората кажа: "Мората ќе биде играч на првата екипа, и играч за историјата на Реал во наредните 10 години. Нема да биде продаден, ќе продолжи да игра во Кастиља како еден од најперспективните играчи од кантерата. Ќе има привилегија да тренира со нас. И следната сезона би требало да биде играч на првиот тим, не само во претсезоната, туку цела сезона."
На 3 февруари, Мурињо додаде: "Наредната сезона го сакам Мората уште од првиот ден со нас. Прво, треба да постигнува голови со Кастиља, а следната година и со нас. Сакам 4 напаѓачи за следната сезона. 3 + Мората." Алваро го исполни она што го бараше Мурињо, постигна 11 голови во вториот дел од сезоната со Кастиља, и заврши со 15 голови на крајот на сезоната. Го продолжи договорот до 2016 година. Во јули стана шампион на Европа до 19 години, и беше најдобар стрелец на турнирот со 6 голови.
Мурињо го повика на мечот од Суперкупот против Барса, но го остави на трибините. Каранка продолжи да зборува за него на пресот: "Мората ќе тренира оваа сезона со првата екипа." Ова се исполни само во мал дел, Мората тренираше со првиот тим само неколку пати. Играше на Трофеј Сантиаго Бернабеу против Галатасарај 15 минути. Потоа, исчезна. Против Еспањол, го немаше Бензема, кој беше повреден, но Мората одново не доби повик од Мурињо. Хоселу беше земен на негово место.
И иако со Ајакс и Понферадина имаше можност да му даде минути, Мурињо одново се реши да го одмине. Ги избра Педро Мендес и Хесе потоа. И кога можеше да го пушти во игра, во реваншот од Копа против Понферадина, Мората доби црвен картон против Алкала, што го оневозможи да настапи во Копа.
365 дена без Алваро Мората, играчот кој пред 1 година беше прогласен како дел од првата екипа. 365 дена без да му се даде една единствена минута на официјалните натпревари. Навистина штета.....