Јас лично познавам фамилија кои имаа 3 деца, им излезе уште едно непланирано, жената се осети неспремна (веќе беше над 40), абортираше, неколку години подоцна родителите се разведоа, жената остана самохрана мајка и до ден денес немаат никакви примања.
Познавам жена, имаше исто над 40 години, имаше несакана бременост, се осети спремна да роди, здрава, финансиски обезбедена... и почина на пораѓај! Можеби биолошки телото сеуште е во состојба да го створи тоа дете, ама колку е издржливо да го роди, друга приказна!
Никогаш не ги суди луѓето за нивните постапки! Не си се нашол во нивна ситуација и не знаеш како би реагирал во истата. И одете по ѓаволите со ебениот морал, црквата и државата (не мислев конкретно на горецитираниов)!
Ако си против абортусот, не абортирај! Ама немој ни да судиш!
Точно дека детето може да донесе многу позитивни промени и среќа, ама постои и можноста тоа дете да порасне во нездрава средина. Јас сега и да забременам, не верувам дека ќе абортирам и ги сакам децата повеќе од пола од оние што серат за абортусот, па ме видовте некаде да критикувам некоја што абортирала?
Пред околу 2 години, ја имав „честа“ да „разговарам“ со платени „верници“ од страна на МПЦ. Можеби јас излегов поголема идиотка од нив што се надевав дека нешто ќе сменам со тој разговор, али бидна. Ги фатив додека ги лепеа оние плакатите „Абортусот е убиство“. Тој што ги платил да го прават тоа е поголем убиец, ама никој не се буни против него, сите сме против неморалните курви што абортираат! Да се вратам на она што сакав да го кажам, без да ме знаат, ми лепнаа етикета „курва“, ми рекоа да не се ебам со секој, па така нема да дојде до несакана бременост и капакот на сето тоа беше во стилот „Доста зборуваш, ти си македонка, знаеш како да си ја чуваш нацијата
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
“. Верувајте ми, јас после ова не осетив потреба ни да се правдам, ниту да се докажувам, ниту да ги разубедам во нешто. Премногу беа слепи и предоцна е за нив.
Немој да бидете како нив!