Знам дека е старо и скоро сите го знаат, и дека Босанскиот оригинал е подобар, ама еве, ќе се најде некој што прв пат го чита
ДНЕВНИКОТ НА НАШИОТ ИСЕЛЕНИК ВО КАНАДА
12. август
Се вселивме во новата куќа во Канада. Многу сум возбуден. Овде е многу убаво. Планините се прекрасни. Едвај чекам да ги видам прекриени со снег.
14. октомври
Канада. Најубавата земја во светот. Листовите ги попримија прекрасните нијанси на жолта и портокалова боја. Вчера се возев низ природата и видов неколку елени. Толку се грациозни. Најубавите животни во светот. Ова мора да е рајот. Ја сакам Kанада.
11. ноември
Ден на сеќавањето (Канадски државен празник). Ловот на елени ќе почне наскоро. Не можам да замислам како некој може да убива така убави животни. Се надевем дека наскоро ќе падне снег. Толку е убаво.
2. декември
Ноќеска падна првиот снег. Кога станав видов дека се е покриено со бел покривач. Изгледа како најубавата разгледница. Излеговме надвор, ги исчистивме скалите и приодот, а после се мававме со снег (јас победив). Кога помина грталицата (чистач што го трга снегот на страна) моравме пак да ја исчистиме капијата. Колку убава земја. Ја сакам Канада.
12. декември
Ноќеска пак паѓаше снег. Пак помина грталицата и ја затрупа капијата. Овде е прекрасно.
19. декември
Ноќеска повторно снег. Не можев да ја извадам колата од гаража за да отидам на работа. Овде е навистина прекрасно само што се уморив од ринење снег. Пак ебаната грталица.
22. декември
Ова бело гомно пак паѓаше цела ноќ. Добив жуљеви од ринење и грбот ме боли. Овој мајмунов со грталицата како да се крие позади аголот и само чека да ја исчистам капијата. Шупак.
25. декември
Среќен ебан и посран Божиќ. Уште малку посран снег. Ако било кога ми дојде до рака овој педеров што ја вози грталицата, ќе го убијам. Матер им ебам, што не посипаат сол на улицата па да се стопи побрзо.
27. декември
Ноќеска пак снег. Не излегувам веќе три дена освен што чистам снег кога и да помине грталицата. Не можам никаде да отидам, колата се заглави во снегот, капијата е затрупана, а и ладно е. Кажаа дека ноќеска ќе паднат нови 30см од тоа гомното.
28. декември
Прогнозата беше лоша. Падна пола метар. Ако вака продолжи нема да се стопи до летоска. Грталицата се заглави и тој шупакот дојде кај мене дома да бара лопата. Му кажав дека скршив шест лопати чистејќи го тоа гомното што он ми го фрла пред врата и замалце ќе му ја искршев седмата од глава.
4. јануари
Конечно излегов од куќата. Отидов до продавница да купам нешто за јадење и кога се враќав со колата удрив во еден елен. 3000$ штета на колата. Тие ебани шугави животни треба да се истребат. Сегде ги има. Како не ги убија тоа ловците есеноска..
3.мај
Ја однесов колата на механичар. Неверојатно е колку колата зарѓала од ебаната сол што ја фрлаат насекаде.
10. мај
Се селам на Флорида. Не можам да замислам како некој нормален може да живее во ебанава Канада!