Дрога ( Наркотични дроги )

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не мораш да објаснуваш ништо бе буразеру.
Не мораш да бидеш ни За ниту ПРотив. Едноставно е - глупо изгледа да го претставуваш кокаинот од типот „се рокна со марихуаната у чело“. Изгледаш како тие што пропагираат дека ставаат дрога у жетоните. Тоа ми беше поентата.
Инаку, многу чудно ми е што lsd-то е арна дрога за разлика од кокаинот.
Многу субјективно - али твој избор.
Шибај си...
Настапив така сељачки пошто дечкото го кажа "и двапати бело у живот.." ко минт бомбончиња да јадел...
Копиљаци читаат, they should know the difference.
 
B

Black Guard

Гостин
Бате јас и ти очигледно не се разбравме. Доколку сакаш да ги докажиш последиците на дрогите ниту една нема позитивен резултат, поготово на интернет кај што се обираат најгрдите фотографии со цел да ја шират пропагандата дека дрогата е штетна- што е вистинито.
Вистинито е дека во белото имаш сулфуреста киселина и керозин епа види ти сега дали е добро.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Настапив така сељачки пошто дечкото го кажа "и двапати бело у живот.." ко минт бомбончиња да јадел...
Копиљаци читаат, they should know the difference.
Добро е да се едуцираат младите, што има врска кој што правел. Јас тоа го подразбирам како свој избор, од се сум имал прилика да пробам но никогаш не сум изјавил желба, значи сум посегнал по тоа што сметам дека е добро да го направам а не размислувам колку е штетно доколку се одлучам на тој чекор.
Не препорачувам на никого да проба и никого не го убедувам дека тоа е добро, убаво ги знаеме последиците, кој- како си мисли
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Дебелите слабеат, слабите се поправаат, додека шеќерот се враќа во нормала. Билката регулира све живо и диво кај човекот благодарение на нашиот ендоканабиноиден систем.

Cannabinoid Receptors (CB1 and CB2) are located in our: adipose tissue, adrenal gland, bones, brain, central nervous system, colon, dendritic cells, fat, heart, immune system, intestines, keratinocytes, kidney, liver, macrophages, muscle tissue, nerve tissue, pancreas, parafollicular cells, peripheral tissues, pituitary gland, red/white blood cells, retina, ribs, skeletal muscle, skin, spleen, testis, thyroid gland, uterus, vascular system and bone marrow (STEM CELLS) etc.

Секаде кадешто постојат CB1 и CB2 рецепторите е возможна регулација преку ендоканабиноидите (anandamide, virodhamine, oleamide и сл. - кои самите ние ги создаваме ) и фитоканабиноидите (Δ8 и Δ9 THC, CBD, CBC, CBG, CBL, CBT, CBE итн итн - внесени преку консумирање на канабис билката).

Но, заради куп причини и фактори овој систем ни е нарушен и дисфункционален - hence the cancers, по што спасот е во консумирањето на фитоканабиноидите (weed goddammit, weed!!!). :)
Сакаш да кажеш дека после дување не ти се јаде ништо особено не благо? Па сидашите тоа ги држи у живот што им го подобрува апетитот.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Сакаш да кажеш дека после дување не ти се јаде ништо особено не благо? Па сидашите тоа ги држи у живот што им го подобрува апетитот.
Ммм не! Убаво си пишува горе, каде се’ се наоѓаат КБ1 и КБ2 рецепторите во нашиот организам.
Ваљда го знаеш значењето на зборот регулира? :)

П.С. "It (Cannabis) is a substance which CURES ANYTHING you've got, so it's cure all Oil. It doesn't act the way that they want the Medicine to act, they want the Medicine to act a single effect. Here's a plant and the (525) Molecules in this plant that effect 210 different types of cells. Only because it affects the ability of those cells to regulate themselves, it's an amazing plant (containing 65+ Cannabinoids)."
Dr. William Courtney
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Извадоци од документарецот Drugs, Inc. на NationalGeographic:
-Производство на кокаин
-Производство на хашиш
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Страшна работа, зборам за потешки дроги, хероин во случајов.

Имав еден познаник, кој ми беше доста близок, верујте секој нов ден коа стануваше, као да не беше истиот од вчера ... страшно
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Прво се почнува од заебанција, послем идеш на дување на еднаш во два месеци, па потоа на еднаш месечно и така си тераш, се додека не почне да се интензивира и да почнеш да дуваш еднаш на две недели, па потоа си правиш филм и почнуваш 1 неделно, секоја недела така си терашш се додека не ти е ни тоа доволно па почнуваш еднаш дневно секој ден!! па потоа почнуваш секој ден по 2 пати, секој ден по 3 до 5 пати, секој ден по 10 пати, секој ден по кутија џоинт, и стануваш џаначе,, пот хед тотално издуван имбецил, потоа не ти е таа доза доволна па почнуваш да земаш есктази на журка, и почнуваш да експериментираш во полето на појаките дроги кока,и остали се додека не почнеш да се пукаш у вена не личиш на човек закачуваш хепатит, ослабуваш 20 кила и жив мртовец и тогаш по некое време се предозираш и те наоѓаат на некој скали од зграда. или на некоја клупа. а за сето ова време од 5, 6, 7, 8 или 10 години ти си товар на фамилијата,во постојан конфликт со домашните, и тотално не способен за било каква ментална работа.
---- sakam da ti pisam nesto licno, ama ne mozam da ti pisam poraka :((
 
I

Intex

Гостин
Прво се почнува од заебанција, послем идеш на дување на еднаш во два месеци, па потоа на еднаш месечно и така си тераш, се додека не почне да се интензивира и да почнеш да дуваш еднаш на две недели, па потоа си правиш филм и почнуваш 1 неделно, секоја недела така си терашш се додека не ти е ни тоа доволно па почнуваш еднаш дневно секој ден!! па потоа почнуваш секој ден по 2 пати, секој ден по 3 до 5 пати, секој ден по 10 пати, секој ден по кутија џоинт, и стануваш џаначе,, пот хед тотално издуван имбецил, потоа не ти е таа доза доволна па почнуваш да земаш есктази на журка, и почнуваш да експериментираш во полето на појаките дроги кока,и остали се додека не почнеш да се пукаш у вена не личиш на човек закачуваш хепатит, ослабуваш 20 кила и жив мртовец и тогаш по некое време се предозираш и те наоѓаат на некој скали од зграда. или на некоја клупа. а за сето ова време од 5, 6, 7, 8 или 10 години ти си товар на фамилијата,во постојан конфликт со домашните, и тотално не способен за било каква ментална работа.
Еден од поглупите постови шо сум ги прочитал. :D

Значи, секое сабајле коа стануваш јадеш по лажица шеќер уназад 10 години.
Стануваш ден после таа 10-тата година, и немаш шеќер. Те фаќа паника.

Дали шеќерот создава зависност?

Фората со дрогите не е додека си под дејство, туку после тоа. Те манува депресија. Ако успееш да се избориш со тоа, од секој пекол можеш да излезеш, само треба да си многу јак психички. Овде збориме за квалитетни дроги. Оти повеќето наркомани шо биле на тешки наркотици, не умреле од дрогата, ами од цементот или гипсот шо бил внатре.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Типов тука 3 години се снима како пуши марихуана секој ден. Го има и во живо и не гледам дека фамилијата му страда :D
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Прво се почнува од заебанција, послем идеш на дување на еднаш во два месеци, па потоа на еднаш месечно и така си тераш, се додека не почне да се интензивира и да почнеш да дуваш еднаш на две недели, па потоа си правиш филм и почнуваш 1 неделно, секоја недела така си терашш се додека не ти е ни тоа доволно па почнуваш еднаш дневно секој ден!! па потоа почнуваш секој ден по 2 пати, секој ден по 3 до 5 пати, секој ден по 10 пати, секој ден по кутија џоинт, и стануваш џаначе,, пот хед тотално издуван имбецил, потоа не ти е таа доза доволна па почнуваш да земаш есктази на журка, и почнуваш да експериментираш во полето на појаките дроги кока,и остали се додека не почнеш да се пукаш у вена не личиш на човек закачуваш хепатит, ослабуваш 20 кила и жив мртовец и тогаш по некое време се предозираш и те наоѓаат на некој скали од зграда. или на некоја клупа. а за сето ова време од 5, 6, 7, 8 или 10 години ти си товар на фамилијата,во постојан конфликт со домашните, и тотално не способен за било каква ментална работа.
Аееее какви глупости се овааа,тоа е индивидуално дали некој ке премине на потешки дроги или ке си остане на гане не е со секој иста приказна поготово не денеска во денешно време кога младите се све повеке информирани околу лошите ефекти на дрогата порано повеке забегавале а и не мора да значи дека ке станеш тотален имбецил ако пушиш секој ден најлошо нешто што може да ти се деси е нијанса на немотивираност,расеаност и намалена концентрација но и тоа е индивидуално кај секоја особа различно влијае и не мора да значи дека ке пушиш секој ден поради тоа што е понезависно од цигари ова ти го зборам од мое искуство цигари пушам ко луд секој ден не можам да ги откажам а буксна сум запалил пред 3 недели ми се чини,просто неам време и околности коа да запалам а и ми скурчи веке ефектот ми одзима енергија.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Исповед на една мајка, која сакаше да го спаси својот син од светот на дрогата
Напишано од popara на 20 јули, 2011 во Ваши содржини - Нема коментари

Бев лоша мајка!!!
Мојот сопруг и јас бевме горди на нашиот син и веројатно затоа не можевме да замислиме дека би влегол во пеколот наречен дрога
Забележавме дека нашиот син користи дрога….
- Поминаа повеќе од две години додека да сфатам дека мојот син користи дрога. Мојот сопруг и јас бевме горди на нашиот син, бидејќи тој беше примерно дете и веројатно затоа не можевме ниту да замислиме дека ќе влезе во пеколот на дрогата. Меѓутоа, кога се запиша во средно училиште, одеднаш го промени неговото однесување. Секоја промена, сметав дека е резултат на пубертетот, резултат на неговата младост и адолесценцијата. Сепак, се почесто почна да изостанува од часови, оценките почнаа да му се намалуваат. Отидов кај класниот раководител, кој само ми посочи за непримерното однесување на мојот син, но дека сигурно оваа фаза многу брзо ќе му помине. Во прва година во средно училиште едвај заврши со добар успех, што за нас претставуваше премногу поразителен факт, бидејќи во основното училиште беше меѓу првите пет ученика во генерацијата. Започна многу чудно да се однесува дома. Неговите очи беа црвени, имаше бавни движења и многу често спиеше повеќе од десет часа.
Поради тоа, една вечер додека се тушираше почнав да му ги претресувам џебовите на неговата облека и тогаш најдов спакувана трева. Откако сопругот се врати дома од работа, заедно, седнавме да разговаравме со Лука, а тој со ладен тон на гласот и целосно рамнодушен само ни потврди дека тоа е трева. Се сеќавам дека целиот мој свет се урна. Почнав да си префрлам дека сум била лоша мајка, дека не сум го воспитала правилно. Во текот на разговорот тој се обидуваше да не убеди дека тревата не е дрога и дека од неа не може да се стане зависник. Сакавме да му веруваме, сакавме сето тоа да биде вистина, бидејќи не можевме да прифатиме дека нашето дете користи дрога.
Зошто не баравме помош…
- Во тој момент, многу повеќе бевме загрижени некој да не дознае дека нашето дете користи дрога, бидејќи и во ситуацијата во која бевме, премногу се чувствувавме засрамено. Сакавме да го однесеме во Институт за зависници, но таму секој зависник од дрога го евидентираат во архива, а тоа за нас во тој момент беше неприфатливо. Правевме сè за ова да остане во кругот на семејството. Лука повторно се обидуваше да ни објасни дека сите користат тревата и дека тоа е сосема нормално. Секој ден поминував низ хорор, секој ден си ја преиспитував секоја моја постапка како родител, секој ден се прашував каде згрешив. Кога и да помислев дека моето дете зема дрога, имав напади на гушење.
Од друга страна, сопругот се обидуваше преку казнени мерки и забрани да го “научи да памет“. Меѓутоа, сето тоа беше залудно. По некое време, избега од дома. Се обидувавме преку неговите пријатели да дознае каде има отидено, но не успеавме да дојдеме до никаков одговор. Отидовме и во училиштето да го најдеме, каде дознавме дека веќе извесен период не посетува настава. Тогаш одлучивме да го пријавиме случајот во полиција и да го пријавиме нашиот син за исчезнат. Сепак, почекавме уште неколку дена и за среќа Лука ни се јави. Го молев да се врати дома, бев подготвена на сé, само да се врати. Тогаш, го видов моето дете во најлоша состојба. Не, тоа не беше он!!! Едвај беше способен да оди. Наредните седум дена ги помина во кревет, по цели денови само спиеше. Се сеќавам дека само седев до него и со часови плачев. Ми вети дека сè ќе биде во ред, а јас нормално му поверував.
Сé продолжи како и обично…
- Овој пат беше уште полошо, иако ветуваше дека ќе сврти нов лист. Се врати на училиште. Но, многу набрзо му најдов некои прав. Нормално го однесов во лабораторија за тестирање и ми потврдија дека е хероин. Лука се бранеше дека не користи дрога, туку само ја препродава, бидејќи сме немале доволно пари. Му се заканив дека ќе го пријави во полиција доколку не престане, но повторно ми вети дека ќе престане. И тогаш знаев, но сега сум сосема сигурна дека на зависник од дрога не може да му се верува. Што и да вети сигурно нема да го исполни, бидејќи неговиот живот се врти околу дрогата. Кога матурираше, мојот сопруг го принуди да се пријави во војска и да не се враќа доколку мисли да продолжи по стариот пат. Без никаков приговор отиде во војска и како што ни тврдеше не користел никакво наркотично средство додека го отслужуваше воениот рок. Се врати 20 килограми потежок, се вработи и почна нормално да живее. Ние бевме пресреќни, веруваме дека се излечи.
Сепак, многу брзо потоа се врати назад во истиот свет, во светот на дрогата. Но, тоа повеќе не го криеше од нас. Изгледаше се полошо и полошо. И тогаш еден ден дојде да моли за помош од татко му и од мене.
Следување лечење….
- Се пријавивме во Институтот за зависници од наркотични средства. Одевме двапати неделно на разговори и во првите неколку месеци се беше во ред. Редовно го тестиравме, но не знаевме дека, наместо неговата урина ни подметнува нечија друга. Тестовите секогаш беа негативните но, тој се однесуваше многу чудно. Во една прилика неговиот татко го фати како се обидува да не измами. Тогаш повторно ни призна дека употребува дроги и одбиваше да се врати назад во Институтот. По не знам кој пат, ветуваше дека сам ќе го реши проблемот. Ситуацијата стануваше уште полоша и полоша. Мојот сопруг се обидувајќи се да пронајде најдобро решение наиде на една статија во врска со Центарот за советување за превенција од дрога и после долго убедување, Лука се одлучи да оди на интервју. Таму тој се сретна со поранешни зависници кои работеа како волонтери и им помагаа на зависниците од дрога. Целата атмосфера му се допадна и овој пат цврсто реши да започне со третманот. Денес Лука е сосема друг човек. Има свои планови за неговата иднина и неуморно работеше за да ги постигне.
Една интересна приказна ја најдов и решив да ја споделам. http://popara.mk/2011/vashi-sodrzhini/ispoved-na-edna-majka-koja-sakashe-da-go-spasi-svojot-sin-od-svetot-na-drogata/
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Нензам колку треба да бидеш ушуќ муабетов кај тебе да пројде...
 
M

Moon Child

Гостин
Во текот на разговорот тој се обидуваше да не убеди дека тревата не е дрога и дека од неа не може да се стане зависник.
И во право бил.

Наместо да превземат веднаш мерки, тие му всадиле во психата дека инситуција за лечење од зависности е прифатливо и нормално решение, во други услови. И нормално дека детето се почувствувало како такво.
Приказнава е тиње, и врска нема со реалноста. Мене кога дома ме фатија дека имам дувано, ми забранија се, и ми всадија грижа на совест, а не ме натераа да се чувствувам како зависник.

И Забога, од марихуана не се станува зависник!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom