Дрога ( Наркотични дроги )

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Од нова година, во Швајцарија дозволено е секој граѓанин кој наполнил 18 години да може во својот дом да одгледува 2 стебла со марухуана. Нели гледате дека се повеќе се либерализира марихуаната посебно во побогатите земји.
И што има везе тоа со мојот пост!!!?
 
Има голем % што побарале соодветна замена на марихуаната во моменти кога таа не им била на дофат (снемал дилерот)... Преминале на друго и...
Има голем % што добиле лажен впечаток дека секоја дрога може да се контролира - исто како марихуаната. Преминале на друго и...
Верувај, дискутираме за голем % што почнале со марихуана, а завршиле со друго...
Од тука следи дека со право се стравува дека марихуаната претставува "одскочна даска" во светот на зависностите.
Нормално дека има луѓе со цврст карактер, но во мал број...
Да. Голем процент од тие кои се на тешки дроги (хероин...), почнале со марихуана.
Но лажливо е уверението дека таа информација нас не интересира.
Она што ти не го кажуваш е процентот на корисници на марихуана кои ќе завршат на јако нешто. Кој процент од морето корисници на марихуана преминал на тешки дроги? - тоа е прашањето, чиј што одговор сите го знаеме.
Едноставно, колку луѓе имате во околина што се на марихуана, а колку што се на т.наречени тешки дроги?

Сосема е погрешно тоа што го тврдиш, а тоа е дека: "Има голем % што побарале соодветна замена на марихуаната во моменти кога таа не им била на дофат (снемал дилерот)... "

Замисли нема марихуана и сеа зависникот од марихуана, заради тоа ќе земел екстази или трип. Смешно.
Никој со барем малку ум не би земал екстази или трип, ако нема марихуана за спуштање.
Понатаму, дали некој би посегнал по хероин, затоа што нема марихуана?
Многу смешно звучи ова, верувај.
 
Крај краева, ако нема дилерот марихуана, ќе си најде од друго место. Барем тоа е лесно. Или ќе се исконтролира, додека да одима, што е најчесто случај.:)
И пак доаѓаме до заклучокот дека ако несакаш, нема да станеш зависник, исто така ако несакаш нема да преминеш на друго.
 
Канабисот бил: дрога, стварал зависност, сушел мозочни клетки, бил порта кон потешките дроги, стварал импотентност........... добро бе, до кога ли ќе ве лажат комуњарите? :tapp:

Освен дека е "порта" кон други зависности, друго не напишав..
И не знам зошто ставаш жар во огнот, и ме етикетираш како комунистичко затруена особа, а појма немаш кој е на другата страна од мониторот. :)
А за скептиците кон фактот дека марихуаната е статистички докажана одскочна даска за други видови зависности - немам што да дискутирам.
Јас кажав дека се работи за % (ПРОЦЕНТ) на корисници кои се сега на потешки дроги а почнале со марихуана. Па има едно 1,000,000,000 исповеди на корисници.. барајте по интернет базите и форумите за таа намена.
бај да веј, прочитајте и нешто овде
 
Крај краева, ако нема дилерот марихуана, ќе си најде од друго место. Барем тоа е лесно. Или ќе се исконтролира, додека да одима, што е најчесто случај.:)
И пак доаѓаме до заклучокот дека ако несакаш, нема да станеш зависник, исто така ако несакаш нема да преминеш на друго.
Затоа е легализирано во Швајцарија, ако има дилерот нешто што се вика марихуана, тогаш подобро е сам да си ја засадиш дома и да ја одгледуваш со органски ѓубрива и секогаш ќе знаеш дека е квалитетна.
 
марихуаната со пушење била здрава и имала свои придобивки-
Сосема неточно, марихуаната можеби е здрава но за медицински потреби но со пушење воопшо не е здрава или како некои што ја опишуваат лековита билка!!!
Пуштењето има позитивни ефекти, но само доколку се работи за чист, органски канабисот кој не е мешан со никоја друга билка (а додатно не се консумира алкохол. темно чоколадо - да:icon_lol:, но алкохол - не).

Какви ефекти дава пушењето џоинт? :)

1. Намален ризик од рак на бели дробови (помал дури и од апсолутните непушачи)!
2. Зголемен волумен/капацитет на бели дробови!
3. Излекување на астма!
4. Намалени симптоми (во некои случаи и целосно излекување) на Алцхајмер, МС, Кром.....!
5. Обновување на неуроните (во мозокот секако)!
6. итн
7. итн итн... :свиркам:

Но, тоа не значи дека со пушењето ќе можеме рак да излечиме или некоја друга сериозна болест! Боб Марли е еден од многуте примери - ја погоди билката, но го утна методот.
Значи најнеефикасниот метод на консумирање на канабисот е џоинтот/лулето, кој и покрај тоа нема никакви негативни ефекти. Бонг, вапоризатор се нешто поефикасни, потоа следат колачињата и на крајот доаѓа маслото (од цветовите на билката) направено по методот на Рик Симпсон! За него (маслото) важи во целост долнава слика:

30223310150357543311315.jpg

Како и следнава мала листа:

- скоро (ако не и) сите видови на канцер
- аутизам
- посттрауматичен стрес (PTSD)
- мултиплекс склероза
- астма
- епилепсија
- церебрална парализа
- артритис
- СИДА
- анорексија
- фибромијалгија
- Арнолд-Кјариева малформација
- депресија
- периферна невропатија
- Наил-Патела синдром
- синдром на иритабилен колон
- reflex sympathetic dystrophy
- дијабетис
- мускулна дистрофија
- лупус
- хепатитис Ц
- Паркинсонова болест
- амиотрофична латерална склероза
- гадење
- остеопороза
- биполарно растројство
- сколиоза
- грип (сезонски/птичји/свински итн итн)
- тинитус
- Лајмска болест
- Кронова болест/улцерозен колитис
- ADHD
- ODD
- ASPD
- неврофиброматоза
- гастроезофагеална рефлуксна болест
- идиопатска тромбоцитопенична пурпура
- Бехчетов синдром
.
..
...
 
Освен дека е "порта" кон други зависности, друго не напишав..

Најголема и прва порта се цигарите и алкохолот...да не се заборави, така нежно и легално 2 тешки дроги најлесно се провлекуваат, за разлика од Марихуаната која е лесна. Није свеједно...
 
Најголема и прва порта се цигарите и алкохолот...да не се заборави, така нежно и легално 2 тешки дроги најлесно се провлекуваат, за разлика од Марихуаната која е лесна. Није свеједно...
Апсолутно се согласувам.
 
Јас како пример ќе се земам. Пушам марихуана од 1996(ах тогаш потешко се најдуваше а и можеа да ти шитнат слаба, само устата да ти ја суши). Е сега муабетов не е демек пушам15/16 години а не сум зависен ха ха, бла бла, туку имало периоди кога со месеци не сум запалил, еднаш се случи 2 години да не запалам, се случувало еднаш неделно да палам...и секако се случувало секој ден(понекогаш повеќе пати на ден) со месеци. Значи никогаш, НИКОГАШ не сум почувствувал потреба да МОРАМ да земам, тотално ми е сеедно дали ќе пушам или не, сеедно (повеќе сум се напнувал кога со денови немало луѓе за баскет).
Додека пак ако не запалам цигара подолго од 4/5 часа МОМЕНТАЛНО имам напади како мала вртоглавица проследена со чудна нервоза и интензивно потење(посебно на дланките), се ми смета, не ми се праи муабет, сакам да удрам, да скршам, да трчам, да спијам се одеднаш.

Никој и Никогаш не може да ме убеди дека предизвикува зависност, зошто? Затоа што ЗНАМ, затоа што "сум бил таму".
 
Најголема и прва порта се цигарите и алкохолот...да не се заборави, така нежно и легално 2 тешки дроги најлесно се провлекуваат, за разлика од Марихуаната која е лесна. Није свеједно...
Потполно се согласувам.
Од цигари бев зависник, 7-8 години, се случувало да неможам да заспијам ако немам, па сум чекала прва продавница што ќе отвори да одам да купам. Додека од марихуана никогаш не сум чувствувала потреба дека морам да ја имам.:)
 
Зависноста е многу повеќе од значењето на самиот збор.
Таа не успева секаде, но храбро се бори со свеста на луѓето, и им нуди алтернативни не-реални светови и решенија за нивните проблеми.
Зависноста како ментална појава, секогаш се труди да еволуира во се појака и појака зависност. Тоа е нејзината примарна одлика.
Каде ќе успее - ќе успее и никому ништо. Кај The Magus и Везилка. - не успеала и пак никому ништо.
 
Љубоморен сум ти на тоа "бев зависник", не можам да се изборам со нив, едноставно не можам...браво, за мене вие сте големи луѓе!

Е сега ова со Марихуанава ти е, како некој да ти тврди дека цигарите не предизвикуваат зависност, а ти ептен знаеш дека they do, they really really do...некој што пробал цигара само неколку пати или ич не пробал :)
 
Јас како пример ќе се земам. Пушам марихуана од 1996(ах тогаш потешко се најдуваше а и можеа да ти шитнат слаба, само устата да ти ја суши). Е сега муабетов не е демек пушам15/16 години а не сум зависен ха ха, бла бла, туку имало периоди кога со месеци не сум запалил, еднаш се случи 2 години да не запалам, се случувало еднаш неделно да палам...и секако се случувало секој ден(понекогаш повеќе пати на ден) со месеци. Значи никогаш, НИКОГАШ не сум почувствувал потреба да МОРАМ да земам, тотално ми е сеедно дали ќе пушам или не, сеедно (повеќе сум се напнувал кога со денови немало луѓе за баскет).
Додека пак ако не запалам цигара подолго од 4/5 часа МОМЕНТАЛНО имам напади како мала вртоглавица проследена со чудна нервоза и интензивно потење(посебно на дланките), се ми смета, не ми се праи муабет, сакам да удрам, да скршам, да трчам, да спијам се одеднаш.

Никој и Никогаш не може да ме убеди дека предизвикува зависност, зошто? Затоа што ЗНАМ, затоа што "сум бил таму".
Зависи до личноста, околината, друштвото- ти како што велиш не создава зависност, мене во моментот ми паѓаат на памет 5 луѓе кои ми имаат признаено дека се зависни и сега за сега неможат без дување, ако недуваат ги фаќа нервоза, депресија, бегаат од реалноста, мубает не им се прави, како и да е браво за тебе што така не е кај тебе, но за зависност ствара зависност!!!
 
Зависноста е многу повеќе од значењето на самиот збор.
Таа не успева секаде, но храбро се бори со свеста на луѓето, и им нуди алтернативни не-реални светови и решенија за нивните проблеми.
Зависноста како ментална појава, секогаш се труди да еволуира во се појака и појака зависност. Тоа е нејзината примарна одлика.
Каде ќе успее - ќе успее и никому ништо. Кај The Magus и Везилка. - не успеала и пак никому ништо.

Менталната зависност е прва, после се случува физичката зависност. Тоа зависи од тоа дали и кои алкалоиди, отрови итн.(не се разбирам во оваа научна област) се најдуваат во продуктот, и дали истите тешко, лесно или не се врзуваат за шо ти ја знам, клетки или што и да е.
Затоа кога станува збор за Марихуана или ЛСД или слични психоделици шанси за физичка зависност не постојат, можеби ментална која јас би ја нарекол "пуста желба" која не те малтретира, додека кај опијативе има и физичка и психичка зависност која јас би ја нарекол "you are in deep, deep, deep shit, you are in Limbo". :)
 
Љубоморен сум ти на тоа "бев зависник", не можам да се изборам со нив, едноставно не можам...браво, за мене вие сте големи луѓе!
И јас мислев и верував дека неможам да излезам на крај со нив, дури почнав да се помирувам дека едноставно неможам, велев од се ќе се откажам ама од цигари не. Се додека не почнаа да ми се појавуваат константно страшни главоболки кои траеја по 3-4 дена без прекин. Неможев ни да работам, тешко заспивав и се будев пак со истата главоболка. Тогаш решив дека готово, вечерта немав купено и утрото кога станав за на работа пиев кафе без цигара. Реков повеќе нема да купувам, и така беше.
Ме фаќаше нервоза, ама нон стоп имав при себе бонбони гумени и тоа, за да на нив ја вадам нервозата, по дома грицкав сончоглед само за да ми бидат зафатени рацете и да не помислувам :D Еве веќе 3-4 месеци немам запалено, и не ни чувствувам потреба веќе, дури ми смета чад во затворени простории.
Треба ептен да осетиш дека ти штетат, и да ги откажеш наеднаш. Со намалување и пушење по 3 цигари во ден ништо нема да направиш. Сум пробувала така и знам.
:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom