По твојава логика сега би требало и јас да се бунам за некој на мојот факултет (не е во Скопје)
ако си збркал некоја врска?А имам милиони примери гледано.Ама не се бунам, терам регуларно.Мене лично, мојата 7-ка ќе ми е повредна од неговата 9-ка со врски или со глумење љубезност (лигајчарење) пред асистенти и професори.
А во врска со темава, вториот болд ти е одговор на првиот.
BTW, од економско си заминал на Машински?
Јас само реално ги кажувам работите. Коренот на проблемот е тоа. Само во Скопје се вложува, а треба истото да се прави во сите населени региони, Куманово, Штип,Битола Прилеп, Охрид Тетово и тн. Точно е дека треба од најнаселените места да се почне, и еве веќе одамна се стои само на едно населено место, Скопје.
Инаку од економски на Машински да прејдов затоа што видов дека на економски има мал милион на студенти што се тепаат за да влезат а башка после тоа немаат нешто којзнае какви шанси за работа, бидејки се многу, треба многу да бубаат, според мене тоа е тренирање меморија, не стекнување на универзитетско знаење,да пуштаат парички под рука, а по дипломирањето ке се соочат со премногу голема конкуренција на дипломирани економисити или правници, кои реално Македонија нема капацитет ниту пола да ги вработи, по струка.
И плус одсекогаш ме интересирало некакво производство сум израснал одштрафувајки и заштрафувајки работи,расипувајки и поправајки (повеќе ги расипував
) по гаража сум се моткал и не ми била толку економијата интересна. Се запишав на економско, ради доброто друштво и женските. Што да правам дете сум бил а на моите не им дозволував да ми се мешаат во изборот.
Најдоброто дружење сум го имал во средно, ама после тоа сватив дека само од дружење нема лебче, а економијата е гранка која не може без производството.
Што ке продаваш ти ако немаш производ?
Можеш услуга да продаваш, да, ама пак таа услуга ке биде поврзана со некаков производ дали како алатка за работа или како предмет на продавањето услуга.
На пример отвараш хемиско чистење, значи ти не продаваш производ туку услуга, чистење. За да исчистиш ти треба алат машини и сл, значи ти треба производ.Коренот на услугата е производот, значи се е поврзано со некаков производ. Ова е само пример, можда има некоја услуга која што не е поврзана со производ (можеби некакви бизнис стратегиски консултации и сл) но тие услуги во однос на другеите кои се поврзани со производ се со многу мала процентуална застапеност.
Една од причините поради која се запишав на машински е економското средно. Значи јас бидејки учев економско, научив што е највредно и најмногу потребно, и со сигурност можам да ти потврдам дека во производството се парите.
Ова трговија, 2 денари 3 денари, купи продај, ништо од тоа.
Трговијата е само посредник помеѓу производителот и крајниот потрошувач, трговецот купува од производителот за да го продаде на потрошувачот и за тоа добива некоја заработка. Трговијата зима едно мало делче од колачот во споредба со производителот кој го произведува производот кој е предмет на тргување од страна на трговецот. Јас трговците ги нарекувам потрчковци, па што друго прават освен тоа купи продај? Еволуција и развој нема од трговија. Мислам дека во иднина ке преовладуваат само овие големиве трговци како Веро и Тинекс. Ги жалам маливе.
Ете затоа се запишав на Машински, а силно ви препорачувам било кој друг технички факултет, кај што се произведува нешто.