Според некои мои најнови размислувања, најверојатно светот не оди во правец на атеизам.Атеизмот спаѓа во неинванзивен облик на размислување, за разлика од агресивните религии, пред се тука мислам на исламот.
Таму степенот на контрола и сузбивање на сопственото мислење е на максимум, за разлика од христијанството кое го достигнало својот зенит и едноставно нема енергија за било каква борба, дали против атеистите или муслиманите.(ова борба сфатете го како културолошка борба).
Така да најверојатно светот оди кон целосна исламизација, за едно 100, 200, 300 години, затоа што како прво најмногу се множат, како второ има најголем степен на mind-control и сеуште има огромна енергија и полетност.
Офтопик малку, ама како fellow атеист, ова се моите размислувања.
Првиот и вториот параграф според мене се ок.
Со тертиот не можам да се сложам. Мислам дека следува период на масовна свесност, време на психичка револуција, луѓето се помалку ке може да бидат контролирани и манипулирани, затоа што ке знаат, ке бидат свесни, што треба што не треба, што е вистина што е лага, што е добро што е лошо, и брзо ке можат да се организираат, најмногу преку медиумите и интернетот. Полека полека ке се уништи големата надмоќ на елитата, ке почнат тие две разлики да се приближуваат за да после некој период дојдат до исто ниво.
Кога би имале некаков графикон во кој има некаков максимум наречен политичка и бизнис елита, и некаков минимум наречен народна маса, тие две почнуваат да се приближуваат и за одреден период ке се најдат на пола пат и ке бидат во баланс. Што значи дека нема да има центри на моќ управители, туку ке има народно мислење и политичка послушност на тоа мислење, бидејки народот ке биде јак организиран одлучен, а политичарите ке бидат малку по бројност во однос на народот и ке мораат да слушаат доколку сакаат да останат на својата функција и да бидат здрави и живи.
Пред се мислам дека ова ке се должи на се поголемата достапност на информации, и се помалку тајни документи т.е оние кои биле чувани во тајност почнаа да излегуваат. Пример: Викиликс..
Исто така мислам дека древните народи имале поголемо знаење и технологија од нашето денес и сакаат да не предупредат дека овој период е период на големи промени.
Теоријата за 2012 мислам дека има некаква вистина. Можда не онака како што денес ја толкуваат стручњаците но мислам дека ке биде крајот на овој систем на функционирање на човекот и почеток на периодот на свесност. Можно е поради намалениот магнетизам на земјата, кој се намалува веќе неколку илјади години, во 2012 да настане некаква драстична промена и треба да бидеме спремни на се...