Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.247
Поени од реакции
46.607
Во тој момент да ... Не ми се анализира во моментов Робињо... Но споредба на таа ситуација Робињо и сега ова што се нуди со Тевез ... едноставно неможе да се споредува. (ова збориме за тој тип на трансфер кај што тидоаѓа гладен играч) а Лавеци никогаш не се наметнал незнам што толку гледате во човекот мене уште ми е анонимус. Ма да и во моментов според мене е ултра тешко да се дојде до Лавеци. Наполитанците си живеат уште Марадона филм а и мислам дека им е омилена фаца. Иначе не ја знам кавгата што ја спомнувате на Лавеци и Де Лаурентис (ако сметате дека ќе биде оф топик пишете на профил или пп ).
Ја се крстам во односите Де Лаурентис - Морати и во Варгас, ова второво поготово, инаку голема е веројатноста сезонава он да си оди, девојка му кога ја ограбиле а ја држеле и на нишан си кажа што има да каже по медиуми а Де Лаурентис и рекол немој да мислиш дека Рим или Милано се подобри, поготово Рим.
Ако Варгас се покаже ко идеално засилување, они ќе инкасираат плус од Лавеци кој минимум 20м евра ќе биде платен, плус ќе го добијат Пандев и плус ништо чудно еден талентиран младинец да добијат, ко Крисетиг, значи не праам муабет за Мунтари и компанија.
Со тоа ќе имаат шанса да земат плус уште некој анонимус ко на времето што беа анонимуси Хамшик, Лавеци и ред други, ги бива за тоа.

Лавеци иначе е нивни производ, го зимаш таков каков што е, готов, поседува Се за да биде голем играч а условот е да заигра за поголем клуб, со сета почит кон Наполи али они се чекор назад од '' големите ''. Jaс сум убеден дека ќе успее зашто е таков карактер а и таков профил на фудбалер, само ете, во моментов прашање е каде, дали Интер, Сити, Јунајтед, он ќе си ништи на теренот.

Може да го поебе само некоја посериозна повреда ( недај боже ).

А за Робињо, пак ќе кажам, поседува голем квалитет но очигледно си има проблеми со карактерот, типичнен бразилски, оној у мода што им е у последниве неколку години, Лавеци од друга страна е сасвим спротивен, на терен кога и да го видам а него а Занети исти курац ми се, и двајцата не знаат за доста кога е во прашање својата екипа.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.463
^ ^
Ок став имаш, ма да јас си стојам на своето дека не е материјал за голем клуб. Ма да никогаш не се знае не е секогаш да се биде во голем клуб, некогаш е и да се биде во правиот голем клуб ...

Ако Варгас се покаже ко идеално засилување, они ќе инкасираат плус од Лавеци кој минимум 20м евра ќе биде платен, плус ќе го добијат Пандев и плус ништо чудно еден талентиран младинец да добијат, ко Крисетиг, значи не праам муабет за Мунтари и компанија.
Со тоа ќе имаат шанса да земат плус уште некој анонимус ко на времето што беа анонимуси Хамшик, Лавеци и ред други, ги бива за тоа.
Не мислиш дека е премногу? Јес да Пандев не ве чинеше ништо но човекот држи некоја цена...
Некако ова многу ми се гледа...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.247
Поени од реакции
46.607
Да се појаснам за Лавеци, он ти е нешто ко Чичарито во Јунајтед, или Јанг, играат ко луди, даваат многу за екипата но сите :drk:на Руни или Кристијано Роналдо или некој ко нив.
Он е ѕвезда за Наполи, во Интер ќе е нешто ко Пандев во 2010 со тоа што е далеку поквалитетен и подобар фудбалер, како и да е во нападот ќе мора да има некој како Тевез, или на времето Ето, Милито или Ибра.
Али ваквите играчи ко него се богатсво, кога од една страна добиваш квалитетен фудбалер а од друга истиот секогаш под дифолт го остава максимумот, повеќе од доволно е.

А дека е многу, многу е, но трансфер пазарот денес поставува такви услови, јебига, за Мота и Милито исто доста пари дадоа и бајаги младинци, еден од нив беше и Бонучи кој моментално е стартер во Јуве а го земаа за 15м евра и плус Кришито им го оставија на Џенова ( од младинец на Интер кој учествувал во размена на играчи плус голема доплата, за година дена догурал до 15 милионски трансфер и плус Кришито ).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.640
http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=67089
Хуан во Интер останува само уште некои детали да се средат али и дефинитивно е наш иргач. Со среќа нека му е и еден ден нека стане најдобар дефанзивец у свет.
Утре: Официјално, Хуан во Катанија :pos:
А да: Сензационално - Варгас бил пак во игра http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=67122
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
http://www.calciomercato.com/mercato/inter-krasic-pista-concreta-880592
Inter, Krasic pista concreta!

Колку што разбрав преку гугл транслејт, Раниери го сака, ама на позајмица, Јуве бараат само перманентен договор.
Можеби ќе го замени Станковиќ :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Мене целиов овој муабет за некаков договор меѓу Интер и Наполи ми изгледа како wishful thinking. Повеќе ми личи како некои медиуми наклонети кон Интер и ние навивачите да си го лечиме егото што очигледно и Наполи е повлијателен и помотивиран на трансфер пазарот од нас.
Главниот финансиер ни нема пари моментално за да го одржува тимот на ниво на кое сакаме да биде. Тоа е очигледно од начинот на кој се понашаме веќе две сезони, посебно со трансферите. Овие трчања по јужноамерикасни ѕвезди, повлекување од трка за играчи одкако ќе се уклучат други тимови, максимално тајно работење кога се оди по играчи, се се тоа знаци дека неможеме да инвестираме сериозно во условите кои денеска постојат во фудбалот(повеќе пари во него - поголеми цени).
Оние што го знаат Интер и од пред калчополи, знаат дека Интер одсекогаш имал благо некомпетентно работење со трансферите и со обликување на тимот, севкупно спортскиот дел. Разликата е што тогаш тоа се покриваше со многу пари. Е сеа ги нема парите па сите мани доаѓаат до израз.

Искрено мене не ми е многу тешко што не сме земале некој Варгас од Чиле, колку што ми е криво за нерационалните работи што се прават константно. Се даваат огромни договори во комплетно глупави околности, водени од емоционални причини ( како играл тогаш и тогаш, колку време бил во Интер, какви изјави давал итн), се купуваат играчи на некои не толку итни позиции, а други се игнорираат 10 години, при што се купуваат во време кога и нема најголема потреба и најголем избор. Се носат одлуки за трансфери од денес за утре, под влијание на лични преференци и ставови на публиката, без осмислена стратегија.

Неќам да критикувам ниедна фигура посебно, зошто мислам дека она што фали е координација и компетентна фигура што го прави тоа ( како Мурињо на пример, он беше причината што една сезона функциониравме како најдобар светски клуб). Не се криви скаутите, зошто сигурен сум дека многу добро ги знаат они сите таленти и корисни играчи низ светот.Ни и на нив треба јасно да им се каже за каква позиција и што играч генерално се бара да се купи. Бранка има работа само да преговара и да го комплетира тимот, ама и он работи со многу тренери и со лимитиран буџет. Морати ги обезбедува парите, ни може и не треба он све до најситни детали да работи. Затоа мислам дека, зошто долгорочни тренери тешко дека би најмиле, најдобро би било да се постави еден професионален менаџер во тимот кој ќе ја врши баш оваа работа- координирање.
Ја мислам дека ова е причина и за некои глупави работи што се случуваат моментално, како огромното влијание што го имаат играчите во тимот, и вакви условно кажано грешки со трансфери.
Исто и, дај бе нека го земат Тевез :)
 
Член од
10 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
17
джабе се мачи интер,кога самиот варгас не одбил и сакал да премине во наполи по секоја цена,е сега доколку овој газдата на наполи сака да ни подари некој играч за некоја прималива цена ок ако не ќе си останаме со нашито страхотен напад пацини,зарате,милито бај де веј одбраната имат дадено повеќе голови од нападот.то је то судбината на интер е во одбраната
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.247
Поени од реакции
46.607
loophole, Варгас не е 17 евра платен, накај 11 најверојатно ќе биде платен, не е работа за его и слични ствари, тие 11 Интер може комотно да ги даде ако сака еден фудбалер, односно, ако се навистина решени да го земат и го гледаат ко идеално долгорочно решение за тимов. Те бонуси те рати те ова те она, можат и да накачат до 13 или 15, сеедно.Затоа постои основ за муабетот со Наполи и Интер, мада сеа пак излагаат шпекулации дека ништо не е готово.

А за идеален тренер, ја искрено поидеален од Клоп ( Дортмунд ) не гледам, зборам за долгорочно решение, квалитетен тренер кој функционира на сличен начин ко и Удинезе во поглед на трансфер изборите и развивањето на млади фудбалери, го обожавам човеков еј, ко Мурињо што го сакав у Интер во периодите кога си газеше со Челзи и Порто.

По некоја луда случајност ако некад дојде во Интер, бирајте локација во Скопје, све на моја сметка ќе оди, памтете што сум рекол.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.579
Поени од реакции
6.719
^Ајде КЛОП ,, Доагај у Интер мамата... :pos:

.. пази што си рекол. :pos:

Мада ова со Варгас ми се допага,, Скај е релевантен извор и да им го земеме на Наполи пред нос би било фасцинантно. Зимава ако се освежиме со Кучка и Варгас ке биде Интер далеку подобар во средината и офанзивната линиа. Но сепак мислам дека ни фали еден Лавеци,, човекот е феноменален АМА тука има едно големо АМА не верувам дека би се адаптирал одма во Интер. Незнам зашто али мислам дека ке му треба време.... сепак тоа е мое мислење, сега за сега Варгас би бил топ едиција.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.953
Поени од реакции
23.469
По некоја луда случајност ако некад дојде во Интер, бирајте локација во Скопје, све на моја сметка ќе оди, памтете што сум рекол.

Ja се рачунам ?? :D

Иначе кој е типов за кој сте дигнале толкаа фама ?? Овој Варгас, не сум чул до сеа за него ( мие миланистите само за бразилци слушаме ) :pos:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
loophole, Варгас не е 17 евра платен, накај 11 најверојатно ќе биде платен, не е работа за его и слични ствари, тие 11 Интер може комотно да ги даде ако сака еден фудбалер, односно, ако се навистина решени да го земат и го гледаат ко идеално долгорочно решение за тимов. Те бонуси те рати те ова те она, можат и да накачат до 13 или 15, сеедно.Затоа постои основ за муабетот со Наполи и Интер, мада сеа пак излагаат шпекулации дека ништо не е готово.

А за идеален тренер, ја искрено поидеален од Клоп ( Дортмунд ) не гледам, зборам за долгорочно решение, квалитетен тренер кој функционира на сличен начин ко и Удинезе во поглед на трансфер изборите и развивањето на млади фудбалери, го обожавам човеков еј, ко Мурињо што го сакав у Интер во периодите кога си газеше со Челзи и Порто.

По некоја луда случајност ако некад дојде во Интер, бирајте локација во Скопје, све на моја сметка ќе оди, памтете што сум рекол.
Абе не го кажувам тоа како критика за било чиво мислење, туку констатација за тоа што сите навивачи го правиме кога нешто нема да ни се погоди:). И мене ми падна на памет за Лавеци во јуни одма од кога прочитав ова за овој Варгас, ама мислам дека е многу малку веројатно, да има таков договор. Особено што Лавеци ќе кошта многу, а на лето којзнае кој све може да тргне по него. Ни на нас ни на Делаурентис не ни одговара тоа.

Мене многу поверојатно ми е дека беа бавни додека беше мала цената, па сеа кога се уклучија и други тимови се тргаат, зошто знаат колку се пумпа цената на тој начин, а имаат лимитиран буџет (и не којзнае колку голем)
А за Клоп, 100% се слагам со тебе. И тоа не зошто сум лиценциран гагаџија, а ти се понуди да частиш :D (мада и тоа има малку влијание:D) , туку зошто и на мене ми е еден од омилените тренери. Станав и благ фан на Дортмунд од кога е он кај нив.
Ја него 10 години би го остаил на клупа. И не би го мрднал од таму.
Али зошто ова е Италија и фаци се луѓето како овој на Палермо, којзнае дали такво нешто е изводливо. Мене ми се свиѓа и она Рома што го направи со оној Сабатини или како и да се викаше.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Клоп е ѕвер тренер само му треба уште некоја година да поднаучи уште малце таман 2014 му истекува договор тоаш сигурен сум дека ке иде во поголем клуб
 

Kajgana Shop

На врв Bottom