Умре Ким Јонг-Ил - што по неговата смрт?

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
После предавањата по историја, пак прашувам: Зошто НДР Којреа е толку затворена земја? Зошто немаат леб да јадат? Зошто војската е финансирана до толкав степен? Зошто развиваат нуклеарно оружје?
Ова е момент за фејспалм ама ај.


НДРК е затворена од проста причина што така и одговара на режимот.Режимот со години и години од кога почна студената војна троши милиони и милиони долари на кампањи за да се мрази САД,Јапонија и Јужна Кореја(оти тоа се поддржувачи на САД),таа омраза трае уште од студената војна и наместо да отвори нов лист оти нема веќе студена војна пак си тераат по старо(династијата се држи на нозе благодарение на старите времиња).Е сега омразата како што пишав се одржува со разноразни кампањи и пропаганди-како на пример величината на нивната војска,како можат во секој момент да ги уништат своите непријатели со само еден удар.А можат да ги уништат благодарение на нуклеарки за кои династија Ким троши вртоглава сума пари.Инаку парите кои ги добиваат не се резултат на нивната економија која е крш невиден туку од хуманитарна помош-Обединетите нации имаат неколку договори со НДРК за доставување хуманитарна помош и пари на нивниот народ.Но народот не добива помош,таа помош оди за фамилијата која потоа ги дава тие пари и средства за финансирање на војската и градење на нуклеарни постројки.

Еве ти пропаганда црно на бело,изворот е северокорејски.




Овие се наменети за деца,чекај да видиш што следува за возрасните.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
После предавањата по историја, пак прашувам: Зошто НДР Којреа е толку затворена земја? Зошто немаат леб да јадат? Зошто војската е финансирана до толкав степен? Зошто развиваат нуклеарно оружје?

Значи, побогу, оставете историја и сите аспекти кои ги кажува историјата која е форсирана од ...се знае кој.
Размислете малку...
Толку се затворени затоа што ако се отворат режимот ќе падне, тоа се случи со сите поранешни држави на реалсоцијализмот, кога само малку се отворија и пробаа нешто да променат одма паднаа режимите, (Пр. Гласност, Перестројка итн)
Зошто немаат леб да јадат, тоа е кога се иде во крајности па се спроведува колективизација на земјата и во други земји го имало ова, Албанија на Хоџа или Годоморот во СССР за време на Сталин, Пол Пот во Камбоџа (овој изгледа бил најзабеган од сите).

Џуче идеја, тоа им е нешто како религија, го слават тој големиот водач, таткото на овој што сега умрел, годините се бројат откако овој се родил, кога излегуваат на јавни места сите мораат да носат беџови со неговиот лик итн. Џуче идејата има приврзаници и надвор од Кореја, а приврзаниците се молат пред мавзолејот на Ким Ил Сунг, тоа е нешто како одење на аџилак во Мека.
--- надополнето: 19 декември 2011 во 19:38 ---
А телевизијата кај ја гледаше на кабловска и се разбра шо кажаја ...Да бе заборајв ти знајш корејски
За разлика од Северниве Корејци имаш интернет и разни извори, можеш да веруваш во што сакаш, не си пикнат во карантин.
 
O

Orion.

Гостин

Глејте го документарецов ако сакате да добиете слика за С.Кореја
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133

Овој документарец го гледав пред некое време.Коментар не е потребен.Болна земја.Дури и сега да се ослободат,таму народот е толку психички силуван со децении што ќе им треба цела генерација да се вратат во некоја нормала.
--- надополнето: 19 декември 2011 во 20:12 ---
R.I.P голем човеку
Е сега на негово место да дојде некој како него или сличен ако е тоа син му се надевам дека знае да води политика како неговиот татко ако не че го подучат големите лидери да биде како него .Најдобро е да остане истиот режим оти од демократија фајде нема.Па посебно од америчката демократија
Да те испратиме во Северна Кореја.После 5 мин ќе молиш за американска демократија.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Очекувам неминовен внатрешен преврат.
Не знам дали тоа ќе го покрене војската, политичко-идеолошкиот врв во земјата или ќе го покрене некоја критичка заедница, но во секој случај некој ќе го покрене.
Освен наследството и името новиот наследник во С.Кореја нема со што да ја држи власта. 30 години, никакво искуство, слаби конекции со сојузниците, срамежлив и повлечен карактер... Ништо што ќе му овозможи цврсто и силно да ги држи уздите на џуче системот.
Кога ќе се случи превратот и на каков начин ќе биде изведен може само да се нагаѓа... Премин во демократија е невозможен, додека соседите најверојатно нема да дозволат поголем воен конфликт внатре во земјата.
Во историјата секогаш било најважно забележувањето дека „царот е гол“ за поголеми општествени промени.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.456
Поени од реакции
18.456
Па шо го викате комунист чоеко????
Го викаат комуњар, а не комунист
--- надополнето: 19 декември 2011 во 20:20 ---
Очекувам неминовен внатрешен преврат.
Не знам дали тоа ќе го покрене војската, политичко-идеолошкиот врв во земјата или ќе го покрене некоја критичка заедница, но во секој случај некој ќе го покрене.
Освен наследството и името новиот наследник во С.Кореја нема со што да ја држи власта. 30 години, никакво искуство, слаби конекции со сојузниците, срамежлив и повлечен карактер... Ништо што ќе му овозможи цврсто и силно да ги држи уздите на џуче системот.
Кога ќе се случи превратот и на каков начин ќе биде изведен може само да се нагаѓа... Премин во демократија е невозможен, додека соседите најверојатно нема да дозволат поголем воен конфликт внатре во земјата.
Во историјата секогаш било најважно забележувањето дека „царот е гол“ за поголеми општествени промени.
Само кинезите и американциве можат да направат некаков преврат...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ким Јонг Ил му дава сосем ново значење на зборот диктатор.Психолози можат комотно научни трудови да пишуваат за кретенов.

 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Да те испратиме во Северна Кореја.После 5 мин ќе молиш за американска демократија.
Не сум таков да молам за америчките пи*ки .А ќе се снајдам јас таму не се секирај за мене .
--- надополнето: 19 декември 2011 во 20:30 ---
Го викаат комуњар, а не комунист
А спрема тебе шо е комуњар а шо е комунист
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не сум таков да молам за америчките пи*ки .А ќе се снајдам јас таму не се секирај за мене .
Абе да дркате на Кастро или Гадафи можам да разберам.Ама да свршавате на Ким Јонг Ил,кретенот кој сакал да го реши гладот во земјата со нарачување џиновски зајаци од Германија...
п.с.дали ти Пратениче веруваш дека Ким Јонг Ил бил роден во кабина во тајна база на светата планина Бекду???
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.456
Поени од реакции
18.456
Не сум таков да молам за америчките пи*ки .А ќе се снајдам јас таму не се секирај за мене .
--- надополнето: 19 декември 2011 во 20:30 ---

А спрема тебе шо е комуњар а шо е комунист

Комунист Wen Jiabao, а овај будалиов што дозволи народот да му скапува, додека тој живее полуксузен живот од холивудска ѕвезда комуњар.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Зошто викате дека С. Кореја е затворена, изолирана земја?
Па соработуваат со Иран, Мјанмар...

Си разменуваат нуклеарна технологија, ракетна...:vozbud:
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Овој аждајава не е достоен ни лесна да му е земјата да му каже човек. Гледав документарец за Северна Кореа како живее едно семејство во Пјонг Јанг. Стануваат во 6 и пол на радио класика, пропаганден говор и величање на големиот лидер како да е ''бог''. Родителите на работа децата у школо и се по маршута да се сака лидерот и да му се дава безрезевна лојалност. Единствени посети јас мислам дека му се во Русија и во Кина и тоа пат строго со воз (секогаш сум се чудел зошто само со воз). Ќе видиме што аждаја е син му дали ќе го продолжи патот или бербат ќе направи све али сепак мислам дека на Далечниот Исток нема да има ништо ново, во случајов со Северна Кореа. Луѓево се тотално испрани во мозоците на овие им нема спас јас мислам дека ова жениве сите сакале да се сексаат со лидеров и го сакаат појше од мажот дома. Ова стварно е болно јас мислам дека ѓаволот владее на таа територија неам коментар. Луѓе што се трескаат од цименто заради лидерот што мислам дека е ''бог'' мене не ми е нормално тоа !!

Еве го Наследникот тарааам
Kim_Dzong-500.jpg
 
S

Sagan

Гостин
Кутри северњаци... бел ден немаат видено :(
--- надополнето: 19 декември 2011 во 21:25 ---
Еве го Наследникот тарааам
Нека се смилува судбината над народот тамошен.
Велат, до 30, човек гледа само за себе.
До 40, за семејството.
После тоа, и за државата.

Овој колку ли има?
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Кутри северњаци... бел ден немаат видено :(
--- надополнето: 19 декември 2011 во 21:25 ---

Нека се смилува судбината над народот тамошен.
Велат, до 30, човек гледа само за себе.
До 40, за семејството.
После тоа, и за државата.

Овој колку ли има?
Друже најлошо е што народот им верува и не се буни против тоа до тој степен мозоците им се испрани ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom