Не бе, не ни треба Кавани насместо Милито или Пацини. Милито ќе си оди, еден Пацини е доволно. Не ни требаат двајца такви играчи.
Нас ни треба некој што игра со топка надвор од 16 метри, затоа го сакавме Санчез ама немавме пари, а го сакавме и Варгас очигледно, прашање е само дали се заебавме поради непрофесионалност (дедо Суарез) или во меѓувреме е направен дил со Наполи.
Во секој случај, не е лесна дилема дали да земеш млад талент како Варгас или поискусен фудбалер како Лавеци. Јас уште оваа година го сакав Лавеци но ми изгледа дека ги добиваме фудбалерите во погрешно време. Наполи го извади максимумот од Лавеци и не знам до кога човекот ќе игра во истата форма, со оглед дека по конституција наликува на Пандев и ништо чудно за две години да изгледа како Бобо Виери пред пензија. Де Лаурентис знае дека треба да го продаде Лавеци затоа што Хамшик и понатаму е во топ форма а исто и Кавани (мислам физички).
Се плашам да не се заебеме пак.