ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Епа што ми даваш предлог да се возам со мотор или со кола кога сум малолетен? Уште не е на сила новиот закон за возачка, ама и да положам пак не сум во можност да имам сопствена кола. Такси ми е 300 денари во еден правец. Автобус ми е единствена опција и се возам од што морам не од што сакам. А старциве се возат од заебанција, од што им е доасдно дома, па заради нив ја да стојам у гужва и да каснам у школо? Не фала. И тешко ми е да поверувам дека си се возел во вторник/петок со автобус откако е донесен законот бесплатно да се возат. Пред година дена и ја им станував на старци, ама тогаш беа малцинство по автобусиве за разлика од сега.
тебе никој не те тера да се возиш со јсп, имаш приватен, имаш такси имаш кола, пешки, велосипед со што сакаш оди чим ти е тешко со јсп. Градскиот превоз може да го користат сите граѓани. и што викаш малцинство, постарите лица имаат бесплатно само вторник и петок, а ти имаш цела недела од понеделник до недела и па уште се буниш
 
Почнаа да се јавуваат поборници за старциве - злоупотребувачи на бесплатниот превоз. Уште малку и светци ќе испаднат :facepalm:
 
тебе никој не те тера да се возиш со јсп, имаш приватен, имаш такси имаш кола, пешки, велосипед со што сакаш оди чим ти е тешко со јсп. Градскиот превоз може да го користат сите граѓани. и што викаш малцинство, постарите лица имаат бесплатно само вторник и петок, а ти имаш цела недела од понеделник до недела и па уште се буниш

Очигледно не си ми го прочитал постот. ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА МИ Е ЈСП. Нема потреба да ти образложувам зошто, а не ни треба да те интересира (иако имам напишано во предходните постови ама очигледно не ја пратиш темава). Имај го ова на ум ако ме цитираш повторно. И сите освен оние кои се засегнати истава работа како тебе ја зборат. На сите им е розево додека не почуствуваат на своја кожа, затоа и ваква ни е државата.
 
мене ќенеф ми треба кога ќе слушнам млади деца како не сакаат да видат старци во нивна близина, па како се грозат, па како полека се движат па леле овие како смрдат па оваона а треба да сватат дека и тие самите еден ден ќе бидат старци.дека родителите полека им стануваат старци а нивните баби и дедовци веќе се старци.а за од пеМзијата сакате да им скубните, а? а од баба питата сакате да апните,а?велам, многу галени сте денешниве деца.
не верувам дека генерацијава што сме сеа 20тина години ќе прераснеме во старците што се сеа
ова ќе бидат 2 сосема различни вида старци...
 
а да почнат градските татковци да ви купуваат на сите по ЕДЕН автобус, а? ако не ви се вози со автобус, има такси, има велосипед, има пешки, имаат родителите автомобил, имаат другарите автомобил, постојат и мотоцикли..многу бе разгалени вие мамини дечиња?

А да си се запрашаш малце у тоа главата дали јас сум разгален што немам ништо освен автобусиве или ти што си разглаен што имаш се тоа што го наброја? Сфашта ееееј, ми фалат црвенкиве на новиов форум.
 
А да си се запрашаш малце у тоа главата дали јас сум разгален што немам ништо освен автобусиве или ти што си разглаен што имаш се тоа што го наброја? Сфашта ееееј, ми фалат црвенкиве на новиов форум.
види сеа, ти не ја разбра поентата, и јас немав ништо некогаш па ниту велосипед И БЕВ БЛАГОДАРЕН на автобусите па какви и да биле тие и какви и да биле луѓето што се возат а вие денешната младина сте себични и само на себе мислите и мислите дека целиот свет околу вас треба да се врти, не ве интересира никој друг околу вас!немате благодарност кон никого и кон ништо!
 
Со сета почит кон постарите и пензионерите,ама оваа вторава категорија е тотално неподнослива.
Па ем се возат повеќето од збес,ем не можеш никогаш да седнеш.Во три месеци,трипати сум само седнат и тоа од пола пат.
Ако си случајно седнат,ти виси над глава и мумла тивко,демек каква култура била таа што не сме станувале на постари,бла бла.

А ние уморни капнати од факултет/работа идеме,по 8-9 саати го тупиш мозокот,ама не им е гајле,пензионери биле.
Остај тоа,па и дрски и безобразни се.Знаат и да вреѓаат,да коментираат.
Не сум така воспитуван,али кога ќе ми пукне филмот,ќе ги отерам у три лепе пизде материне,и нема да ги земам во обзир нивните години.Зошто преку глава ми се.
Абе рака ми окапа држејќи се за тоа шипките никакви горе.Додека некој се вози забава,ја ќе висам ко лампион.
 
види сеа, ти не ја разбра поентата, и јас немав ништо некогаш па ниту велосипед И БЕВ БЛАГОДАРЕН на автобусите па какви и да биле тие и какви и да биле луѓето што се возат а вие денешната младина сте себични и само на себе мислите и мислите дека целиот свет околу вас треба да се врти, не ве интересира никој друг околу вас!немате благодарност кон никого и кон ништо!

Имам поштовање, почит и благодарност кон постарите. Ама веруј, коа ќе ти преминат преку глава нема ништо од тоа, зашто како прво тие немаат благодарност кон тоа што им го даваат па ние сме им криви. Долга е темава и нема крај, така да...
 
Јас петоков што измина,бев до желзничка да ја испратам женска,и од таму фатив 5-ка...ај некако издржав до градска...и таму чекав 24...али кога дојде внатре мислиш сардини....и на пола пат,негде кај симпо мислам како што седев на средина збутан кај тоа за инвалиди што е,фатен со 2-те раце за шипките и наеднаш ми се сврте и ми падна главата надоле...почна црно да ми се гледа...и ви се верува дека старциве не изреагираа??? имаше една жена,со мало детенце и она се стрча ,го зема шишенцето со вода од детенцево и ми даде да се напијам.....и стоевме може едно 5 минути така на симпо,и коа више ми дојде онака подобро,добив некој излив на нервоза и почнав да пцујам се што е над 60 години во автобус.... верувале или не,пола пензионери се симнаа,а пола со наведнати глави останаа...иначе поради таа вртоглавица,еве до денес,главава ме боли невидено...деновиве ќе идам и на лекар да видам што ме снашло....
 
Пензионер е ко мало дете , само на детето му се развива мозокот ... а на овие им умира , така да нема разбирање со нив :tapp:
 
Јас петоков што измина,бев до желзничка да ја испратам женска,и од таму фатив 5-ка...ај некако издржав до градска...и таму чекав 24...али кога дојде внатре мислиш сардини....и на пола пат,негде кај симпо мислам како што седев на средина збутан кај тоа за инвалиди што е,фатен со 2-те раце за шипките и наеднаш ми се сврте и ми падна главата надоле...почна црно да ми се гледа...и ви се верува дека старциве не изреагираа??? имаше една жена,со мало детенце и она се стрча ,го зема шишенцето со вода од детенцево и ми даде да се напијам.....и стоевме може едно 5 минути така на симпо,и коа више ми дојде онака подобро,добив некој излив на нервоза и почнав да пцујам се што е над 60 години во автобус.... верувале или не,пола пензионери се симнаа,а пола со наведнати глави останаа...иначе поради таа вртоглавица,еве до денес,главава ме боли невидено...деновиве ќе идам и на лекар да видам што ме снашло....
Абе да седиш, да ти стане лошо да паднеш од столчето, само ќе те шутнат и ќе се степаат кој да седне, до тој степен е дојдено. Жалосно и трагично.
 
офтопик од хејтов :D Изгледа ја имам посеано некаде слободната, знае некој што треба да се прави за изгубена?
 
офтопик од хејтов :D Изгледа ја имам посеано некаде слободната, знае некој што треба да се прави за изгубена?
Треба да ја пријвиш дека ти е изгубено, и секој вторник они ги добиваат сите работи што се најдени во автобусите па ќе те известат дали ти е најдена.
Шансата да ти ја најдат е 0.00000000000000000001%:D

П.с. абе никој го нема видено графитот кај зелено пазарче околу петочните вожњи?:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom