ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Само неколку дешавки кои се дешаваат (нели е чудно како дешавки се дешаваат) во нашите ценети ЈСП автобуси и одземачи на младоста во црните денови - вторник и петок.

Се качуваш во автобус, наоѓаш слободно место, си седнуваш и си радосен како дете со нова епизода од "Долина на волците". И се можни овие ситуации:
-
Се полни автобусот со баби и дедовци со сите можни мириси од палетата понуди на денот од пазарчето каде што биле, зашто нели локалната продавница па и пазарчето во населбата се поскапи за 1 денар. До тебе доаѓа баба со кеса праз. Ја приметуваш и не стануваш. Она решава да те сексуално малтретира и те мава со празот во лице и се осеќаш како некој да те мава со полов орган. За да си го зачуваш интегритетот - стануваш. Дедовците се пофини. Они ти серат дека си неваспитан и нивните внуци стануваат за стари.
- Се полни автобусот со баби и дедовци али ти си на втор кат и зомбињата немаат сили да се качат на втор кат - значи си безбеден.
- Никој не влага во автобусот, зашто си бил да се шишаш во Ѓорче а живееш 2 станици пред последна 5ка, исто така во Ѓорче.

Се качуваш во автобус, не наоѓаш слободно место за седење, иако тоа е втора станица и се чудиш од каде се сите тие луѓе. И можни се овие ситуации:
- Позади тебе стои баба и ете ебе у ребро со ивицата од торбицата.
- До тебе стои дедо и ти шмрка цел пат и мислиш дека ти ја цица младоста со носот.
- Бабата носи жива кокошка во автобусот и смрдиш на штала од коа излагаш од автобусот.
- Пробуваш да излезеш од автобусот али пензионерите некаде се брзаат па иако им објаснуваш дека и ти таму слагаш, сепак мора они први да слезат.
- Пробуваш да излезеш од автобусот али пензионери се качуваат на истата врата, која е излезна, и те убедуваат дека ако не се качат, ќе останат надвор од автобусот. Секако ти немаш гајле што си останал внатре.
- Паметен си и се качуваш во приватен автобус.

Гратис: Иде автобусот накај автобуска станица, гледаш од прозор пензионер трча по автобусот, прави неколку паркур потези прерипнувајќи 2 коли, 4 огради и 1 количка со бебе, рипа мечкин скок низ отворената врата на автобусот, станува, ја брише прашината од себе и почнува да се жали дека е стар и треба да седне.

Напорен сум? Гајле ми е.

П.С. Има нови предлози за кратење на гага возењево. Идам во општина Скопје да им праам кафе цел месец ако го напраат тоа.
 
Станав сабајле за на вежби у 7 и ми текна старците дека се денес и си викам fuck this shit, ќе одработам у понеделник :icon_lol: Не бе чоече немогуче е ова, баш во вторникот два пати бев на факултет и на два пати искочив 40 минути порано и успевав да подзакаснам. А обично за рутата треба 10-15 минути максимум. Пет саата се качуваат, исто толку се симнуваат, се движат со 3 на саат низ автобус. Гратис ко што вика Дарк ги прашуваат и шоферите до кај оди автобусот иако пишува од страна на која рута оди. Ама не, мора да се качат, да испопрашуваат, па ќе ги избутка останатите позади него за да се симне, дека го згрешил бусот :tapp:

Него во четвртокот влезе полиција во двојката пред Лептокарија и на машките деца им ги претресуваше ранците. Ама што, влегоа во 1 саат, бандитите се веќе на школо тоа време. Мишн феилд.
 
а да почнат градските татковци да ви купуваат на сите по ЕДЕН автобус, а? ако не ви се вози со автобус, има такси, има велосипед, има пешки, имаат родителите автомобил, имаат другарите автомобил, постојат и мотоцикли..многу бе разгалени вие мамини дечиња?
 
Гарант не си се возел во градски во Скопје.
 
а да почнат градските татковци да ви купуваат на сите по ЕДЕН автобус, а? ако не ви се вози со автобус, има такси, има велосипед, има пешки, имаат родителите автомобил, имаат другарите автомобил, постојат и мотоцикли..многу бе разгалени вие мамини дечиња?
Ваков коментар коа ќе слушнам сакам ќенефот да ми е поблиску.
Коа ќе мењаш автобуси, капнат едвај чекаш кревет да фатиш, а треба да се буташ со топлпа старци, тогаш помисли си еј, баш сум мамино галениче, се ми смета.:rolleyes:
Родителите да имале автомобил е тогаш ќе си бевме мамини мази, па немаше да кукаме овде.
Такси има, има да, ама за истите погоре.
Ќенеф, викам јас.
 
--- надополнето: 16 декември 2011 во 18:58 ---
Ваков коментар коа ќе слушнам сакам ќенефот да ми е поблиску.
Коа ќе мењаш автобуси, капнат едвај чекаш кревет да фатиш, а треба да се буташ со топлпа старци, тогаш помисли си еј, баш сум мамино галениче, се ми смета.:rolleyes:
Родителите да имале автомобил е тогаш ќе си бевме мамини мази, па немаше да кукаме овде.
Такси има, има да, ама за истите погоре.
Ќенеф, викам јас.

мене ќенеф ми треба кога ќе слушнам млади деца како не сакаат да видат старци во нивна близина, па како се грозат, па како полека се движат па леле овие како смрдат па оваона а треба да сватат дека и тие самите еден ден ќе бидат старци.дека родителите полека им стануваат старци а нивните баби и дедовци веќе се старци.а за од пеМзијата сакате да им скубните, а? а од баба питата сакате да апните,а?велам, многу галени сте денешниве деца.
 
Кај виде дека се грозиме од старци? Не врти и не измислувај муабети. Јас лично се нервирам од тоа што некоја поагилна од мене, поодморена и подотерана се тепа да седне, а јас едвај стојам. Сине, чедо стани, а бабетина штикли опнала. Такви ги има со лопата да ги ринеш. Што не се возат секој ден, туку чекаат вторник и петок, да си седнат и да си тепаат муабети во автобус, а јас што сум ринтала цел ден ќе стојам. Е тоа ме нервира.
А вакво извртување на муабети уште повеќе.
 
не бе, ти си се возел..
Гарантирам бре дека не си се возел. Вторник само да се возиш ќе знаеш зошто има вакви коментари.

мене ќенеф ми треба кога ќе слушнам млади деца како не сакаат да видат старци во нивна близина, па како се грозат, па како полека се движат па леле овие како смрдат па оваона а треба да сватат дека и тие самите еден ден ќе бидат старци.дека родителите полека им стануваат старци а нивните баби и дедовци веќе се старци.а за од пеМзијата сакате да им скубните, а? а од баба питата сакате да апните,а?велам, многу галени сте денешниве деца.

Ако тие старци не го злоупотребуваат бесплатниот превоз кој им е овозможен никој нема да се буни, никој нема да даде еден негативен коментар кон нив.
 
а да почнат градските татковци да ви купуваат на сите по ЕДЕН автобус, а? ако не ви се вози со автобус, има такси, има велосипед, има пешки, имаат родителите автомобил, имаат другарите автомобил, постојат и мотоцикли..многу бе разгалени вие мамини дечиња?

Јас би рекол дека ти си разгален што имаш можност да се возиш со такси и да имаш сопствена кола/мотор.
 
Јас би рекол дека ти си разгален што имаш можност да се возиш со такси и да имаш сопствена кола/мотор.
:) јас разгален? работам и заработувам од својата 20-та година,веќе скоро 22години :) а со градски автобус во Скопје сум се возел повеќе од тебе со се твоите другари заедно, а не знам дали вкупно 5-пати имам седнато поради тие "грозни" и "досадни" старци.како бе не ви е срам?годините да ви ги имам, умот да ви го немам:)
 
Епа што ми даваш предлог да се возам со мотор или со кола кога сум малолетен? Уште не е на сила новиот закон за возачка, ама и да положам пак не сум во можност да имам сопствена кола. Такси ми е 300 денари во еден правец. Автобус ми е единствена опција и се возам од што морам не од што сакам. А старциве се возат од заебанција, од што им е доасдно дома, па заради нив ја да стојам у гужва и да каснам у школо? Не фала. И тешко ми е да поверувам дека си се возел во вторник/петок со автобус откако е донесен законот бесплатно да се возат. Пред година дена и ја им станував на старци, ама тогаш беа малцинство по автобусиве за разлика од сега.
 
Сум се смеел сам вчера.Си седам ја у 62,и неккаде на бит пазар,гледам 50ка ама на нејзе реклама нешто ексклузивен дом за старци,па се сетив дека е петок,а у 50ката беа само старци,други луѓее немаше.:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom