Само неколку дешавки кои се дешаваат (нели е чудно како дешавки се дешаваат) во нашите ценети ЈСП автобуси и одземачи на младоста во црните денови - вторник и петок.
Се качуваш во автобус, наоѓаш слободно место, си седнуваш и си радосен како дете со нова епизода од "Долина на волците". И се можни овие ситуации:
-
Се полни автобусот со баби и дедовци со сите можни мириси од палетата понуди на денот од пазарчето каде што биле, зашто нели локалната продавница па и пазарчето во населбата се поскапи за 1 денар. До тебе доаѓа баба со кеса праз. Ја приметуваш и не стануваш. Она решава да те сексуално малтретира и те мава со празот во лице и се осеќаш како некој да те мава со полов орган. За да си го зачуваш интегритетот - стануваш. Дедовците се пофини. Они ти серат дека си неваспитан и нивните внуци стануваат за стари.
- Се полни автобусот со баби и дедовци али ти си на втор кат и зомбињата немаат сили да се качат на втор кат - значи си безбеден.
- Никој не влага во автобусот, зашто си бил да се шишаш во Ѓорче а живееш 2 станици пред последна 5ка, исто така во Ѓорче.
Се качуваш во автобус, не наоѓаш слободно место за седење, иако тоа е втора станица и се чудиш од каде се сите тие луѓе. И можни се овие ситуации:
- Позади тебе стои баба и ете ебе у ребро со ивицата од торбицата.
- До тебе стои дедо и ти шмрка цел пат и мислиш дека ти ја цица младоста со носот.
- Бабата носи жива кокошка во автобусот и смрдиш на штала од коа излагаш од автобусот.
- Пробуваш да излезеш од автобусот али пензионерите некаде се брзаат па иако им објаснуваш дека и ти таму слагаш, сепак мора они први да слезат.
- Пробуваш да излезеш од автобусот али пензионери се качуваат на истата врата, која е излезна, и те убедуваат дека ако не се качат, ќе останат надвор од автобусот. Секако ти немаш гајле што си останал внатре.
- Паметен си и се качуваш во приватен автобус.
Гратис: Иде автобусот накај автобуска станица, гледаш од прозор пензионер трча по автобусот, прави неколку паркур потези прерипнувајќи 2 коли, 4 огради и 1 количка со бебе, рипа мечкин скок низ отворената врата на автобусот, станува, ја брише прашината од себе и почнува да се жали дека е стар и треба да седне.
Напорен сум? Гајле ми е.
П.С. Има нови предлози за кратење на гага возењево. Идам во општина Скопје да им праам кафе цел месец ако го напраат тоа.