Мојот однос со Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата Wake up
  • Време на започнување Време на започнување
Hi guys. Bi sakala ovde da spodelite kakov odnos imate vie so Bog. Za tie sto veruvate vo Nego, sigurno imate nacin na koj komunicirate so Nego, na koj go iskusuvate Negovoto prisustvo, i na koj se cuvstvuvate blisku do Nego. Ve molam , ako sakate spodelete go toa. Tokmu taka: kakov e vasiot odnos so Bog? Dali samo koga vi e tesko se sekjavate na Nego ili ednostavno ziveete zivot so Nego?
Pozdrav

Комуникација со Бог се остварува преку молитва. Молитвата не е обичен разговор пошто не е шала да разговараш со Бог. На почетокот подобро е да читаш молитви од молитвеник за подобра концентрација на зборовите пошто се веќе напишани. Треба да се внимава да не преминат во форма. Не само да ги читаш и толку. Со тек на време ќе почнеш со свои зборови. Сметам дека молитвата кажана со свои зборови има поголема моќ пошто излегува од тебе, од срцето. Исто така мислам дека не е во ред само кога ќе ти е тешко да му се обраќаш на Бога туку и за да му заблагодариш.
 
Точно, молитвата не е обичен разговор, туку е монолог.
 
Точно, молитвата не е обичен разговор, туку е монолог.

Јас - пред скоро 20 години - работев во една фирма кадешто ми беше многу тешко. Некогаш се случуваше во очај да ми потечат солзи од што ми беше тешка работата.

Во регионот кадешто живеам има една фирма којашто е јако социјално ореиентирана и надпросечно се грижи за здравјето на своите вработени и дури за Велигден и Божиќ им даваше на своите работници додатни “плати“. Значи баш спротивната ситуација од онаа во мојата тогашна фирма, во која морав 7 години да работам.
Едно утро - додека одев на старата работа - на раскрстницата пред да изгрее сонцето, длабоко во срцето Го молев Живиот БОГ да ми помогне, без да Го обврзувам да биде баш таа фирма, знаејќи дека во таа фирма (веќе 10тина години) не примаат работници од поранешна југославија, бидејќи такви луѓе им нанесоја на фамилијата (газдите) бол и незгоди ...

Помина година, уште една, ... и мајками остана без работа, а една нејзина пријателка чиј што маж работеше баш во таа фирма и’ се понуди заедно да прашат во таа фирма. Мајками се согласи и ме замоли дали би можел да ги префрлам до таму со автомобил.

Кога стигнавме во фирмата, мајками и пријателката отидоја за да прашаат, но кога се вратија веднаш приметив дека одговорот е негативен.

Кога мајками ја отвори вратата јас ја прашав што се случи, а таа ми одговори дека немаат работа за неа, но дека шефицата и’ рекла дека баш пред да влезат во нејзината канцаларија се јавил еден шеф од продукција и кажал дека им треба нов (машки) работник.

Мајками ми сугерираше да одам и да пробам. Јас веднаш ги зедов документите коишто ми беа во автомобилот и отидов кај шефицата. Пред многу да се преставувам и да зборувам за моите квалификации јас кажав дека доаѓам од бивша југославија и дека тоа всушност е мојот најголем хендикеп. Шефот на продукција - кој што беше исто така дошол да ме види - без многу да размислува ме запраша кога би можел да започнам? :)

Чудесен е Живиот БОГ, Кој што не живее во храмови градени од човечка рака. Чудесен!

ХалелуЈАХ!

... во Него живееме, се движиме и постоиме ...
 
Јас - пред скоро 20 години - работев во една фирма кадешто ми беше многу тешко. Некогаш се случуваше во очај да ми потечат солзи од што ми беше тешка работата.

Во регионот кадешто живеам има една фирма којашто е јако социјално ореиентирана и надпросечно се грижи за своите вработени. Значи баш спротивната ситуација од онаа во мојата тогашна фирма.
Едно утро - додека одев на старата работа - на раскрстницата пред да изгрее сонцето, длабоко во срцето Го молев Живиот БОГ да ми помогне, без да Го обврзувам да биде баш таа фирма, знаејќи дека во таа фирма (веќе 10тина години) не примаат работници од поранешна југославија, бидејќи такви луѓе им нанесоја на фамилијата (газдите) бол и незгоди ...

Помина година, уште една, ... и мајками остана без работа, а една нејзина пријателка чиј што маж работеше баш во таа фирма и’ се понуди заедно да прашшат во таа фирма. Мајками се согласи и ме замоли дали би можел да ги префрлам до таму со автомобил.

Кога стигнавме во фирмата, мајками и пријателката отидоја за да прашаат, но кога се вратија веднаш приметив дека одговорот е негативен.

Кога мајками ја отвори вратата јас ја прашав што се случи, а таа ми одговори дека немаат работа за неа, но дека шефицата и’ рекла дека баш пред да влезат во нејзината канцаларија се јавил еден шеф од продукција и кажал дека им треба нов (машки) работник.

Мајками ми сугерираше да одам и да пробам. Јас веднаш ги зедов документите коишто ми беа во автомобилот и отидов кај шефицата. Пред многу да се преставувам и да зборувам за моите квалификации јас кажав дека доаѓам од бивша југославија и дека тоа всушност е мојот најголем хендикеп. Шефот на продукција - кој што беше исто така дошол да ме види - без многу да размислува ме запраша кога би можел да започнам? :)

Чудесен е Живиот БОГ, Кој што не живее во храмови градени од човечка рака. Чудесен!

ХалелуЈАХ!

... во Него живееме, се движиме и постоиме ...

Да, чудни се шефовите, ама мислам дека нема потреба да ги нарекуваме богови. :) :pos:

Сериозно:
Твојата работна позиција што си ја добил не е дело на твојот бог, туку твое дело, или дело на мајка ти. Ако не си појдел да побараш работа, никогаш немаше да ја добиеш.
Ако сам не се потрудиш да направиш нешто - џабе се молитви.
Оти не си го направил следното; само да си се молел да ти дојди шефот и да ти понуди работа, без да одиш да го прашаш?

Тоа што си ја добил работата е благодарение на ТЕБЕ или во случајов на мајка ти, а не затоа што си му се молел на бог...
 
Сакаш да кажеш дека шефот, ... мајками и јас сме креатори и на универзумот? ;)

„Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори;
зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори.
Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде камен,
и кога ќе посака риба, ќе му даде змија?
И така, ако вие кои сте лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?

(Матеј 7)
 
Се надевам дека Бог ќе интервенира уште кај 350 000 невработени во државава. Што е тоа за него?
 
Се надевам дека Бог ќе интервенира уште кај 350 000 невработени во државава. Што е тоа за него?

Мудроста БОЖЈА е поголема од секој човечки ум и нема поголемо богатство од Неа !

“Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам”

(Евреите 13:5)
 
Сакаш да кажеш дека шефот, ... мајками и јас сме креатори и на универзумот? ;)

Ај ако сакаш тогаш помоли се и за мене, да си најдам лесна и добро платена работа.
 
koga ke komentirate prvo opredelete se i naglasete za koj i chiv bog ke komentirate religiskiot ili ateistichkiot........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom