Јас - пред скоро 20 години - работев во една фирма кадешто ми беше многу тешко. Некогаш се случуваше во очај да ми потечат солзи од што ми беше тешка работата.
Во регионот кадешто живеам има една фирма којашто е јако социјално ореиентирана и надпросечно се грижи за своите вработени. Значи баш спротивната ситуација од онаа во мојата тогашна фирма.
Едно утро - додека одев на старата работа - на рас
крстницата пред да изгрее сонцето, длабоко во срцето Го молев
Живиот БОГ да ми помогне, без да Го обврзувам да биде баш таа фирма, знаејќи дека во таа фирма (
веќе 10тина години) не примаат работници од поранешна југославија, бидејќи такви луѓе им нанесоја на фамилијата (газдите) бол и незгоди ...
Помина година, уште една, ... и мајками остана без работа, а една нејзина пријателка чиј што маж работеше баш во таа фирма и’ се понуди заедно да прашшат во таа фирма. Мајками се согласи и ме замоли дали би можел да ги префрлам до таму со автомобил.
Кога стигнавме во фирмата, мајками и пријателката отидоја за да прашаат, но кога се вратија веднаш приметив дека одговорот е негативен.
Кога мајками ја отвори вратата јас ја прашав што се случи, а таа ми одговори дека немаат работа за неа, но дека шефицата и’ рекла дека баш пред да влезат во нејзината канцаларија се јавил еден шеф од продукција и кажал дека им треба нов (машки) работник.
Мајками ми сугерираше да одам и да пробам. Јас веднаш ги зедов документите коишто ми беа во автомобилот и отидов кај шефицата. Пред многу да се преставувам и да зборувам за моите квалификации јас кажав дека доаѓам од бивша југославија и дека тоа всушност е мојот најголем хендикеп. Шефот на продукција - кој што беше исто така дошол да ме види - без многу да размислува ме запраша кога би можел да започнам?
Чудесен е
Живиот БОГ, Кој што не живее во храмови градени од човечка рака.
Чудесен!
ХалелуЈАХ!
... во Него живееме, се движиме и постоиме ...