Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи ти не веруваш дека загревањето на водата кога ќе ја ставиш на шпорет може да се опише со физичките законитости, туку само со мешањето на семоќниот.
Јок, од коментаров гледам дека ти поима немаш што значат термините материјализам и натурализам.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Атеизмот значи неверување во божества, а верување во материјализмот и натурализмот.
Христијанството значи неверување во материјализмот и натурализмот, а верување во библискиот Бог.

Значи и двете вклучуваат верување и неверување. Јас како христијанин верувам во она што верувам, а неверувам во она што ти веруваш. Исто така и ти како атеист веруваш во она што ти веруваш, а неверуваш во она што јас верувам. И двајцата сме верници во своето, а неверници во туѓото. Просто како два и два.
Колку е просто како два и два? Не веруваш во тоа што верува атеистот? Епа, пробај скокни од тераса, можеби семоќниот ти бог ќе ги прекрши законите на физиката па нема да се направиш ќофте на тротоарот долу.
И плус, ретко кој атеист верува. Атеистот се согласува. Еве јас како атеист не “верувам“ дека ако ти го скршам прстот ќе те боли, знам, значи некој пробал, и потврдил дека боли, јас се согласувам со тоа, и го прифаќам такво. Арно ама, кога ќе дојде во болница човек, и неможат да најдат што му е дури и најдобрите доктори на планетава, ние како атеисти не викаме, му било пишано, бог така решил или шта ја знам. Туку ќе си кажеме просто и едноставно, извинете, не успеавме да пронајдеме која беше причината за неговата смрт, бидејќи незнаеме.

Не ми е јасно додуша, како може да верувате во Исус, Бог или што ја знам која од тие фигури за перење мозок, кога самите глеаме дека светов иде у пичку матер? Шо, го смрзе веќе фраерот да ја одржува рамнотежата? Или отишол на одмор? Ама Ѕвонко, неможе така, луѓето имаат слободна воља, па шо кур? Нели е семоќен, нека немаат, боље би се живеело. Арно ама такво нешто као бог, семоќен маафакер не постои, и за жал ќе си се снаоѓаме како што можеме ние луѓенцата, или ќе се опраиме или ќе се испоубиеме меѓу себе, друго нема. Т.е има, метеор или супернова. И да, тие не се божји чуда, едното е огромен камен, другото е кога на сонцето ќе му скурчи да свети ко ретардирана будала.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
Поимот Атеист се однесува исклучиво на теологијата, како што и името му кажува - А-теист, спротивно од теист. И секој ваш обид да го ставите во ист кош со теолошкиот поим "верник" е или продукт на неукост или на подмолност.
Материјалозмот и натурализмот како што ти љубиш да ги нарекуваш немаат догми, не се служат со заплашување и подмитување и не пропишуваат казни и судови ако некој размислува со своја глава и реши дека не треба да верува во нив! Вие го правите токму тоа! Теистите имаат догми, во кој се вградени лаги, заплашувања, лажна надеж и слепа верба.
izvini druzhe ama ateizmot poveke od 70 god., beshe svanichna opshtestvena kategorija za vreme na socijalizmot., i vsashnost se promovira kako drzhavna religija.........
negirajki go teizmot se isturka ateizmot., koj kako vo vremeto na inkvizicijata stavi zabrana na slobodna volja na mislenjeto..........znachi sepak religija a vo sluchajov i zgora drzhavna........
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ти, Чорба, ни се фалиш постојано колку си бил мајстор по физика и астрономија. Не ли веруваш во физичките закони? Не се сложуваш со теоријата за гравитација? Њутн и Ајнштајн се преваранти, а?
Повторно неразбирање на поимите материјализам и натурализам - небаре тие значат неверување во физичките закони. Кога веќе ги спомна, ниту Њутн, ниту Ајнштајн не верувале во материјализмот, ниту пак во натурализмот.

Христијанството значи уживање во сета корист од натурализмот и материјализмот, а мрчење против истите во слободно време -
Кога велам дека атеистите веруваат во материјализмот, не мислам на народното сфаќање на тој збор (љубов кон материјалните добра, парите и сл.), туку на неговата идеолошка/филозофска конотација - а тоа е дека физичката материја е единствената реалност, дека се што постои, сите процеси и феномени, можат да бидат објаснети преку манифестација или резултат на материјата.


најчесто у недела или на денови за слава. Исто, христијанството значи и легална педерастија у Ватикан, плаќање 4000 еур за лопата у Свирипичино или, пак, 1400 долари месечно за ширење протестантство меѓу насекирани бруцоши кај тебе у дувло.
Римокатилизмот и православието се дијаметрално спротивни на христијанството (изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите). Тие речиси и да немаат допирни точки.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Јок, од коментаров гледам дека ти поима немаш што значат термините материјализам и натурализам.
Остај го моето незнаење на страна, те прашувам просто прашање:

Дали, според тебе, загревањето на водата кога ќе ја ставиш на шпорет може да се објасни само со физичките законитости?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
izvini druzhe ama ateizmot poveke od 70 god., beshe svanichna opshtestvena kategorija za vreme na socijalizmot., i vsashnost se promovira kako drzhavna religija.........
negirajki go teizmot se isturka ateizmot., koj kako vo vremeto na inkvizicijata stavi zabrana na slobodna volja na mislenjeto..........znachi sepak religija a vo sluchajov i zgora drzhavna........
Забрани за слободно мислење и вероисповед, ставал социјализмот и комунизмот, а не атеизмот. Има разлика.
Атеизмот е неверување, а не идеологија.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Забрани за слободно мислење и вероисповед, ставал социјализмот и комунизмот, а не атеизмот.Има разлика.
Не по врат, туку по шија. Ете ја разликата. Комунизмот беше воден од атеисти и проповедаше атеизам.

Атеизмот е неверување, а не идеологија.
Како што десетина пати аргументирано објаснивме погоре, атеизмот е идеологија, атеизмот е вера, атеистите се верници. Тие не веруваат во Бог, но затоа пак веруваат во нешто друго (материјализам и натурализам)
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
vo naslovot na temata lezhi i odgovorot., koj go osmisli sekoja chest...........

ateizmot e zasnovan na vero nauka........... i sea sho praite.......

ushte ke plachete po socijalizmot koj kako ateistichki sistem ja zabranuvashe verata ., ...i moite morale skrishno da me krshtevaat...................lustracija za ateistite more
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Повторно неразбирање на поимите материјализам и натурализам - небаре тие значат неверување во физичките закони. Кога веќе ги спомна, ниту Њутн, ниту Ајнштајн не верувале во материјализмот, ниту пак во натурализмот.
Бесрамно, како и секогаш. Лажеш, па ко ќе те фатат крвав во рацете пробуваш се' само да си го покриеш срамот.

Натурализам дефиниција.

Albert Einstein> Naturalistic pantheists have included the 19th century German naturalist Ernst Haeckel[4] and the 20th century physicist Albert Einstein.[5]

Бедо манипулаторска! Како не те срам!
--- надополнето: 18 декември 2011 во 12:20 ---
Не по врат, туку по шија. Ете ја разликата. Комунизмот беше воден од атеисти и проповедаше атеизам.



Како што десетина пати аргументирано објаснивме погоре, атеизмот е идеологија, атеизмот е вера, атеистите се верници. Тие не веруваат во Бог, но затоа пак веруваат во нешто друго (материјализам и натурализам)
Баба ми е атеист и не знае што е тоа натурализам. Не знае ниту што е тоа материјализам. Знае с
само дека богови не постојат.

Третиот рајх беше воден од жесток верник. Тоа не го прави христијанството нацистичко.

...или го прави?

Атеизмот е позиција која гласи: Не постојат богови. Ништо повеќе од тоа.

Атеистите немаат идеологија која ја следат. Немаат песнички кои ги пеат, ниту фустани во кои се облекуваат во специјални пригоди. Атеистите немаат црква, џамија или храм, немаат правила, немаат догми кои ги следат. На атеистот никој не му кажува како да се однесува, од што да се плаши и пред кого да коленичи.

Атеистот не цвика од измислен деспот, ниту се покорува на измислени авторитети. Атеистот едноставно не верува дека постојат богови.

Атеистите имаат само едно правило кое ги води низ благодарен и благороден живот - не биди кретен!

Оттаму, ти, Чорба, не си атеист.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Верникот верува помалку од што самиот се прае
Неверникот многу повеќе од што самиот знае!

 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Твоите дефиниции од твојата библија - Википедија не се секогаш меродавен и објективен извор на вистина. Зошто? Затоа што на Википедија може да напише или едитира пост дури и тринаесет годишно дете што има неколку петки во дневник и затоа мисли дека е научник.

Albert Einstein> Naturalistic pantheists have included the 19th century German naturalist Ernst Haeckel[4] and the 20th century physicist Albert Einstein.[5]
Натурализмот, како и материјализмот имаат повеќе дефиниции и сфаќања. Натуралистички пантеизам и контрадикторна фраза од класичниот натурализам кој исклучува секаков вид на божествена интервенција и каде што природата и само природата е таа што создава и уништува.
Ајнштајн сигурно не бил натуралист во класична смисла на зборот затоа што тој, иако не верувал во личносен Бог, сепак верувал дека во природата постои еден супериорен ум, сила со разум, дух посупериорен од човечкиот.

"Мојата вера се состои од понизно восхитување на еден неограничен и супериорен ум кој се открива себеси во ситните работи кои ние можеме да ги набљудуваме со нашите ограничени и слаби умови. Ова длабоко и емотивно убедување за постоењето на една сила со разум, која се открива во несфатливата вселена, го сочинува мојот поим за Бог."
(The Universe and Dr. Einstein, Morrow, стр. 95)

"Секој што сериозно сака да се занимава со научни истражувања, може да се увери дека во законите на вселената доаѓа до израз еден дух, многу посупериорен од човечкиот, дух пред кого нашата скромна сила мора да се чувствува понизно."
(Алберт Ајнштајн)

"Сакам да знам како Господ го создал универзумот. Сакам да ги знам Неговите мисли; се друго се детали."
(Алберт Ајнштајн)

Ова исто така е доказ дека Ајнштајн не верувал дека се е материја и само материја т.е. не бил материјалист.

Ајде сега ти пребарај ја твојата библија (Википедија) и посочи ни аргументи од таму дека Њутн бил материјалист или натуралист :)
Ајде докажи дека всушност ти не си лажго и манипулатор :)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
...

Третиот рајх беше воден од жесток верник. Тоа не го прави христијанството нацистичко.

...или го прави?

...

Кој е тој јак верник: адолф хитлер?

Тоа е баш протитипот на јак верник!

На јакиот верник - Исус - не му треба оружје!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не по врат, туку по шија. Ете ја разликата. Комунизмот беше воден од атеисти и проповедаше атеизам.
Неможеш да "проповедаш" неверување, тоа е апсурд! Можеш да наметнеш, а не и да проповедаш.
Дали ти си верник во неверување на Алах или Тор или Шива?
Како што десетина пати аргументирано објаснивме погоре, атеизмот е идеологија, атеизмот е вера, атеистите се верници. Тие не веруваат во Бог, но затоа пак веруваат во нешто друго (материјализам и натурализам)
Кој се тие аргументи со кој си објаснил дека атеизмот е идеологија? Еве наброј неколку идеолошки принципи на атеизмот! Баш ме интересира да видам кој се тие.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Баба ми е атеист и не знае што е тоа натурализам. Не знае ниту што е тоа материјализам. Знае само дека богови не постојат.
За жал тоа е синдром кај повеќето атеисти. Ни самите не знаат и не се свесни во што точно веруваат и кои се идеолошките последици од нивната вера.
Повеќето од нив не се свесни дека веруваат во материјализмот и натурализмот затоа што истите ги имаат прифатено како фундаментални вистини (ДОГМИ), како непорекливи аксиоми кои едноставно се така и не можат да бидат поинаку. Тоа се атеистичките ДОГМИ.
Не ти треба храм за да веруваш во догми. Догма си е догма, и во театар, и во црква, и во кревет дома.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
За жал тоа е синдром кај повеќето атеисти. Ни самите не знаат и не се свесни во што точно веруваат и кои се идеолошките последици од нивната вера.
Повеќето од нив не се свесни дека веруваат во материјализмот и натурализмот затоа што истите ги имаат прифатено како фундаментални вистини (ДОГМИ), како непорекливи аксиоми кои едноставно се така и не можат да бидат поинаку. Тоа се атеистичките ДОГМИ.
Не ти треба храм за да веруваш во догми. Догма си е догма, и во театар, и во црква, и во кревет дома.
Добро, се читаш ли самиот што пишуваш? Која вера бе човече? Каква вера? Атеистичка вера? Како може да ми мешаш натурализам и материјализам со атеизам? Тоа е исто како да ти кажам сега дека ако се напиеш млеко ќе ти порасне злато во стомакот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom