Видов дека во последно време ја форсирате идејата дека словенскиот јазик и кирилското писмо биле булгарски. Колку само смешно. Разбирам дека тоа го правите за да ја докажете "хомогенизацијата" бидејќи не може да биде докажана на ниту еден начин и за која нема никакви докази.
Прашуваш над кои словени? Над тие што живееле околу Дунав. Нема докази за хомогенизација. Не само во времето на Аспарух туку и во сите подоцнежни времиња словените биле третирани токму како потчинети. Учествувале најверојатно како наемни единици во рамки на бугарската или византиската војска = имале автономен статус од Тесалија до Црно Море како во Византија така и во Бугарија.
Во сите тие натписи соседните словени се дефинирани како непријатели заедно со грците. А тие биле истите со оние што живееле во рамки на Бугарија.
Немаме директни докази дека се случила хомогенизација (например преку изразување бугарски идентитет од страна на словените), но тоа може да се должи на оскудноста со податоци од тој период и не мора да значи дека не се случила. Сепак, има доволно докази за да кажеме дека не се случила и да се разреши дилемата по принципите на логиката.
1.Доколку се хомогенизирале во Бугарија официјално ќе бил прифатен бугарскиот (нели новиот "бугарски" јазик, продукт на процесот на хомогенизација) јазик како официјален, а не
словенскиот. Доколку веќе била извршена хомогенизацијата тој јазик ќе беше наречен бугарски.
2.Настрана што сите натписи до 10 век се на грчки јазик (тоа означува дека турки-булгарите како владејачка класа се сметала за конкурент на византиските династии, така се однесувале и кон словенското население - како на плен и потенцијален соузник, нема тука никаква хомогенизација нема никакви живковистички емоции) словените биле предмет на посебни клаузули во односите помеѓу Византија и Бугарија.
- 30 годишен мировен договор - хан Омуртаг (814-831)
"....с'обштение.....изпратиха ....склјучиха мир за 30 години. П'рвата от уговорените 11 глави се отнасја до територијата. Тја трјабва да б'де от Девелт до Перамокастел и между двата брјага на Авролева, и до многото мостчета, и между Валзина и Агатоники, и до Хеброс, и до Константија, и до Макри ливада, и до Хеброс, и до планината Хемус. До там стана определјането на границата. Втора глава за славјаните, които са под императора:те трјабва да останат така, както бјаха заварени, когато стана војната.Трета глава за останалите славјани, които не са подчинени на императора в крајбрежната област: тој ште ги в'рне в селиштата им. Четв'рта глава за пленените христијани и за заловените ..., а за турмарсите, спатариите и комитите: ште даде ..., а за бедните војници душа срешту душа. За заловените изв'н крепостите ште даде два (или две хилјади) бивола, ако ... селата. ако е избјагал стратег ---- "
-За да не кажеш дека дека ова било случај само со сеуште "нехомогенизираните" словени (какви што се според тебе само тие што не влегле во составот на бугарската држава), иако звучи смешно затоа што нема никакви докази за такво нешто, еве уште нешто од В.Бешевлиев, Праб'лгарски епиграфски паметници, Издателство на Отечественија фронт, Софија 1981.
"Теофан с'обштава, че Тервел, когато се отправил за Цариград с'с сваленија император јустиниан, „вдигнал цјалата нему подчинена војска от б'лгари и славјани” ....
....Нај-сетне за наказателнија поход срешту вероломнија император Л'в V през 814 г.Крум наел пак бојци от всички Славинии. Приведените сведенија показват, че в југоизточната част на тогавашна Б'лгарија са живеели наистина славјански племена, които са били почти независими, поради което те са били наемани за участие в походи срешту заплаштане. Ето зашто трјабва да се приеме като сигурно, че в мирнија договор става дума т'кмо за тези независими от императора славјани в Черноморската област."
-На крај доколку секое словенско племе кое ќе влезело во составот на Бугарија бидувало веднаш за неколку децении хомогенизиранo (ова како замена за "асимилиранo" бидејќи турки-булгарите не покажале никаков асимилаторски капацитет) со помош на ханското магично стапче тогаш ќе требаше да наоѓаме Бугари во тоа време во Босна, Хрватска, Романија, Унгарија.
3."Старобугарските писатели (Црноризец Храбар, Јован Егзарх, Климент Охридски, (Константин Брегалнички-Преславски - м.б.)) го нарекуваат јазикот на Кирил "словенски". Во истото време Климент ги нарекува словените "мој народ", и тоа го кажува кога работи во пределите на југозападна Бугарија (Македонија - м.б.). Тоа означува дека јазикот на Кириловите книги и неговиот јазик е истиот. Јован Егзарх пак, којшто го следи примерот на Кирил и Методиј и сака да го продолжи нивното преведувачко дело, го нарекува јазикот на којшто ќе преведува "свој јазик". Јасно е дека меѓу неговиот и јазикот на Кирил нема суштествена разлика. А познато е дека Јован работи во Преслав и често од препишувачите е нарекуван "бугарски". Очевидно е дека јазикот на Кирил е словенскиот старобугарски јазик
.
Писателите од 9 и почетокот на 10 век уште не го нарекуваат "бугарски" (зошто???) за да го одвојат од јазикот на прабугарите (леле мајко)."
Константин Кирил - Денница на славјанскија род - Донка Петканова - 1983
Сите овие, а посебно Црноризец кажува дека буквите беа пронајдени "заради Словените", за да можат "Словените да ги користат", а не Словените и Бугарите или само Бугарите ако веќе имало хомогенизација.
ХОМОГЕНИЗАЦИЈА, ДРУГАРЧЕ, ЈОК БУРДА кога хроничарите од тие времиња даваат докази против таква појава, уште повеќе кога на просторот на Македонија е јавено богомилското антидржавно и антифеудално движење кое кулминира со востанието на комитопулите. Таа е византиски пропагандно-административен проект од крајот на 11 век. Во реалноста не постоела.
Во однос на "официјалниот" јазик, се чини бил повеќе јазик на црквата и богослужбата отколку официјален јазик.
Од времето на 10 век и царот Петар (927-969) го имаме натписот на чиригубоилот Мостич. Чудно е што иако со вистински монголоиден изглед и без сомнеж дека е наследник на турки-булгарите при поставувањето на надгробниот споменик е користен словенски односно македонски јазик. Но, доколку добро се прочита содржината ќе се види дека ова е така бидејќи:
"сьде лежит' мо-
стичь чрьгоуб'ɪ-
лја б'ɪв'ɪи при
сумеонѣ цр҃и
и при петрѣ цр҃и
ос(м)иѭ же десѧ-
ть лѣт' с'ɪ оста-
вив' чрьгоуб'ɪл'-
ство ї вьсе їмѣн-
иѥ б'ɪст' чрьнори-
зьць ї в' томь с'-
вр'ши жизнь своѭ."
Чиригубоилот Мостич на крајот од својот живот станал монах, влегол во црковните средини каде веќе славјаните си го користеле словено-македонскиот јазик и така му склепале една надгробна плоча на тој јазик.
Словенскиот јазик (демек официјалниот) бил употребуван од монасите, во црквите и на епиграфски споменици што се потврдува и од пронајдените зачувани записи во оригинал
http://bg.wikipedia.org/wiki/Староб'лгарски_писмени_паметници. Надвор од богослужбата царевите Симеон, Петар, како што видовме за своите државни печати и понатаму користат грчки јазик. Ова може да фрли сомнеж на степенот на прием на христијанската религија кај турано-булгарскиот дел од населението, имајќи ја во предвид паганската антихристијанска побуна на старите прабугарски родови, и некои зачувани артефакти од 10 век каде напоредно со христијански се среќаваат и турано пагански елементи.
Сето тоа е разбирливо доколку се разработат поточните причини зошто словенскиот јазик е (само формално) прогласен за државен односно официјален, но не сакам дотолку да ја ширам дискусијава само ќе кажам дека причините се далеку од емотивно-романтичарски како што сакаат да не убедат бугарчињата.
Не е воопшто чудно и неприродно по таа логика кирило-методиевиот јазик да биде наречен за македонски затоа што како што видовме во цитатот кој го дадов од делото "За темите" на императорот Константин Багренородни набројувајќи ги македонските области става забелешка само за Стримонската област за која што вели дека "не била населена со Македонци туку со Скити" (Бугари), што значи дека во другите области заедно со Тесалија доминантно население биле Македонците во време кога другите ова население го нарекуваат словени. И во други хроники може да се најдат податоци дека во Западните Родопи биле населени определeн број турки-Бугари.
p.s: Јасно е дека не сте способни да се спротивставите на аргументите на академик Блаже Ристовски. Освен да го ставите неговото име во иста реченица со навредливи, понижувачки и погрдни зборови ништо друго не можете да направите.