Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Повторно ограбена црквата во Св. Никола во Радожда


За неполн месец повторно ограбена црквата Свети Никола во струшкото село Радожда. Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Свети Климент Охридски непознати вандали насилно со обивање на вратата влегле во црквата и украле десетина вредни икони.
Ова е втора тешка кражба после онаа на 15 ноември, кога од престолот на истиот храм беа украдени 12 икони од 19 от век и еден сребрен крст.

Свети Никола е централниот храм во село Радожда. Мештаните како и минатиот така и овој пат не слушнале ништо, но се исплашиле од пустошот што го направиле крадците.

Честите кражби во струшко ги натераа МПЦ и Завод и музеј да ги соберат вредните црковни артефакти и да ги заклучат во депо. Но, Радожда не беше на списокот бидејќи е живо село.

- Тоа е живо село има 2000 луѓе над 500 куќи. Не е ставено на листа и не треба да е ставено. Нам не ни е целта да ги симнеме сите икони од иконостасите. Ние одиме со еден избор кои се тие вредни кои треба да бидат собрани и тоа е успешно направено и еве сега привршуваме, вели Сашо Цветкоски, директор на Завод и музеј – Струга.

Црквите во струшко се постојана мета на крадците. Исчезнуваат вредни икони и црковни артефакти со непроценлива вредност, кои се дел од културно историското наследство на земјава. Но храмовите и натаму се незаштитени без алармни уреди, камери и сигурносни врати.

Материјалната штета од минатата кражба беше проценета на 30 000 евра, а штетата од синоќешниот пустош дополнително ќе се утврдува.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Кражба на икони и пари од црквата „Света Петка“ во гостиварско Сретково

Од манастирскиот комплекс „Света Петка“ во Сретково, гостиварско, во периодот помеѓу втори и осми овој месец, украдени се осум икони и пари, информираат од СВР Тетово.

Случајот е пријавен вчера од страна на членови на црковниот одбор. По извршениот увид било констатирано дека преку незаклучената врата, крадците влегле и од внатрешноста на објектот одзеле вкупно осум икони, од кои три постари (две насликани на платно и една дрворез) и пет со помали димензии. Меѓу украдените работи имало и извесна сума пари, доброволни прилози од верниците.
Првично, се проценува дека материјалната штета изнесува околу 500 илјади денари. СВР Тетово презеде активности за откривање на сторителите.
Годинава, во гостиварско беа регистрирани три провали во црковни објекти.
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:09 AM ---
Осквернавена црква во тетовско

Откако ја обиле и демолирале вратата, сторителите на вандалскиот чин во црквата Свети Ѓорѓи во тетовско Непроштено ги расфрлале иконите и други предмети во внатрешноста.
Мештаните сметат дека намерно е направен овој антицивилизациски чин со оглед дека утре треба да се празнува патрониот празник. Најмалку два пати годишно се случува ваков вандализам, а досега нитуеден случај не е расчистен, велат жителите на Нмепроштено.
Годинава мета на вандализам во тетовско беа и други цркви. Слични сквернавења се случија во црквите во Мала Речица и Волковија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Имам им забранува краставици и банани на жените


Неименуван имам, кој живее во Европа изјави дека жените не треба да се доближуваат до краставици и банани, со цел да избегнат каква било сексуална мисла.
Имамот е цитиран и вестите на Ел Сенус (el-Senous), во кои вели дека доколку жените сакаат да јадат краставици или банани, мажот или таткото треба да им ги исечат на парчиња.
Тој истакна дека одредено овошје или зеленчук потсетуваат на пенис и тоа би можело да ги возбуди жените и да ги поттикне да мислат на секс.
Покрај краставицата и бананата, тој би забранил и моркови и млади тиквици затоа што исто така се „опасни и може да доведат до нечисти мисли“.
Имамот смета дека жените треба да се контролираат кога излегуваат надвор да купуваат овошје и зеленчук и дека тогаш ги чува само Господ.
...
--- надополнето: Dec 9, 2011 5:33 PM ---
Црквите во Полог безмилосно се ограбуваат

Црквите во Полог повторно се мета на крадци. За една недела ограбени се два верски објекти - манастирскиот комплекс „Света Петка“ во гостиварско Сретково и црквата „Светивеликомаченик Ѓорѓи’’ во тетовското Непроштено.
Во периодот помеѓу втори и осми овој месец украдени се осум икони од манастирот во Сретково чија вредност првично се проценуваат околу 500 илјади денари, информираше полицијата. Комплексот не бил заклучен па крадците лесно стигнале до пленот.

Вчера во црквата „Светивеликомаченик Ѓорѓи“ во Непроштено украдени биле 1.500 денари. Крадците го скршиле катинарот од влезната врата и од масата на која се продавале свеќи ги одзеле парите. Покрај ова, тие оштетиле и дел од внатрешноста.

Од СВР Тетово кусо информираат дека трагаат по сторителите на двете кражби. Досега ретко кога истрагата вродила со плод бидејќи најчесто нема сведоци, па затоа единствено останува црквата сама да ги заштити вредните икони.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Илјадници нигериски деца се жртви на насилство, злоставувања и убиства, откако свештениците ќе ги прогласат за вештерки или маѓепсници.


Нигериската влада неодамна објави предупредување до црквите, родителите, свештениците и сите оние кои ги стигматизираат децата, прогласувајќи ги за вештери или маѓепсници.

Локалните самопрогласени христијански свештеници прогласуваат одредени деца за поседувачи на одредени магепснички моќи и наложуваат дека тие треба да се отрујат, да се закопаат живи, да се фрлат во киселина или да се затворат со ланци.

Тие ги мачат децата во црквите, барајќи од нив да признаат дека поседуваат такви моќи. Во земјата, во последните десетина години на тој начин се убиени повеќе од илјада деца.

Државниот службеник Идрис Кута, кој го издал предупредувањето за време на конференцијата за стигматизација на децата вештери, изјавил дека законите за заштита на децата се јасни и дека сите мораат да ги почитуваат. За жал, тоа во Нигерија не е случај. Во документарецот “Враќање на африканските деца на вештерството“, кој достапен на “Јутјуб“, еден свештеник сам признава дека на тој начин убил стотина деца.

Статистиките според хуманитарните работници, говорат дека само во изминатите десет години за вештерство и маѓепсништво се обвинети 15.000 деца. Оние кои ќе ја преживеат свештеничката тортура се обезбедуваат во прифатилиштата ширум земјата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Светецов што прави со пушка во рака?Или Бог така ве учеше?:facepalm:
Да де, па нели рекол сврти го и другиот образ, ама тој пустиот мислел на другиот образ на кундакот :pos:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светецов што прави со пушка во рака?Или Бог така ве учеше?:facepalm:
Не е тоа никаков „светец„ со „пушка„ во раката :) (изразот „светец„ не постои во Црквата), туку тоа е ликот Христов. Пошто сликата е редуцирана и слабо видлива, можам само да претпоставам дека се работи за царски жезол, каква пушка, каков бутур...
--- надополнето: 16 декември 2011 во 14:21 ---
Democracy - the American way. Тоа се оние кои велат "In God We Trust"?
Да, тоа се оние кои веруваат, но во нивниот бог, во Мамон, а особено во оној кој сакаше да стане бог...
 
M

Muranyi

Гостин
Не е тоа никаков „светец„ со „пушка„ во раката :) (изразот „светец„ не постои во Црквата), туку тоа е ликот Христов. Пошто сликата е редуцирана и слабо видлива, можам само да претпоставам дека се работи за царски жезол, каква пушка, каков бутур...
--- надополнето: 16 декември 2011 во 14:21 ---


Да, тоа се оние кои веруваат, но во нивниот бог, во Мамон, а особено во оној кој сакаше да стане бог...
Убаво се гледа дека е пушка,туку ајде нема смисла да се убедуваме.Не те разбирам што сакаш да кажеш со тоа дека изразот светец не постои во црквата?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Тешка кражба во црквата “Св. Никола“ во Македонски брод

16.12.2011
Непознати лица извршиле тешка кражба во црквата “Св. Никола“ во селото Сланско, Македонски Брод.
Имено, крадците го скршиле цилиндерот од влезната врата на православната црква, влегле внатре и од истата украле 16 икони, црковни книги, часослов на старословенски јазик, службеник на старословенски јазик и псалтир од 1703 година.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.



Ограбена уште една црква

18 Декември 2011

Вчера во точно неутврдено време во с.Тумчевиште-Тетово, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св.Архангел“, при што биле одземени 1.800 денари и музички систем со звучници.

Имено, непознатиот сторител насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре, ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец.
Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица Гостивар, а се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ограбена уште една црква

18 Декември 2011

Вчера во точно неутврдено време во с.Тумчевиште-Тетово, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св.Архангел“, при што биле одземени 1.800 денари и музички систем со звучници.

Имено, непознатиот сторител насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре, ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец.
Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица Гостивар, а се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Аман бе, тешка? :pos:

Мене точак ми украдоа пред некое време... :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.928
Аман бе, тешка? :pos:

Мене точак ми украдоа пред некое време... :)
Факт е дека во последниов период црквите во западна Македонија се на мета на разбојници и вандали.

Твојов приговор има повеќе врска со прецизноста и објективноста, по која се прочуени нашите "новинари".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom