Мигрена/Главоболка

Значи и мене нешто слично.Одприлика на секој 4-5 дена ме боли и тоа секогаш само десна страна околу окото под веѓи над веѓи а некогаш и заден дел на главата.И немам до сеа лек најдено за тоа.Значи кога ќе почне да ме боли отприлика 8-10 сати имам болка.Ни апчина ни спиење ништо не помага.И да и јас имам пробано со масажа ама негде околу пола сат треба масажа за дури потоа да почне да ми потпоминвит.Ама кој е тој што ќе ме масира на секои 4-5 дена по пола сат.И секогаш ко ќе легнам ја барам ладната страна на перницата.

Исто исто, скроз... ужасна болка, ти викам само масажа ми помога и тоа по неколку пати како што викаш ти и ладна облога на влага, мн. ми помага ладна облога не знам зашто. Ама ипак не е тоа лек, само ги ублажува болките.
 
Здраво :)

Можеби за ова не треба да се отвара нова тема но ми треба ваша помош и совет.
Имам проблеми со болки во главата, не типично болење на главата, туку одма под веѓите, т.е најгорниот дел на капаците од очите. Прво почнува со болка во десното а после почнува и во двете.
Ова ми се случува неколку месеци по ред, по неколку пати во месецот можеби 4-5 пати.

Ќе може ли некој да ми каже ( даде совет ) што би можело да биде ве молам, бидејќи понекогаш толку многу ме боли што ми иде да умрам.

П.С. Немам проблеми со очите, и не носам наочари.
Го пишав ова бидејќи ми кажаа дека може да ми е од очите. ( Да не гледам убаво )
 
Доктор?

Не дозволувај секој да ти дели совети за зравје, или како да се излечиш, може гадно да се заебеш
 
Ама бев и на доктор, прво ми ги прегледуваше очите - рече дека се е во ред со нив.
После ми препиша апчиња - НИШТО од нив. Пак иста приказна, пак боли ненормално многу.
 
Ама бев и на доктор, прво ми ги прегледуваше очите - рече дека се е во ред со нив.
После ми препиша апчиња - НИШТО од нив. Пак иста приказна, пак боли ненормално многу.
Пак иди кај матичната, очекуваш средношколци и студенти од форумов ли да ти го решат проблемот :)
 
Пак иди кај матичната, очекуваш средношколци и студенти од форумов ли да ти го решат проблемот :)

Човекот побара само совет, можеби некој има "искусено" ваков проблем, па да му помогне
 
Човекот побара само совет, можеби некој има "искусено" ваков проблем, па да му помогне
Конечно, некој да ме сфати !
Да ми беше во близина би те гушнал. ( Not a gay )
 
Човекот побара само совет, можеби некој има "искусено" ваков проблем, па да му помогне
Најдобар совет кога е во прашање здравјето е да оди на лекар.
 
Најдобар совет кога е во прашање здравјето е да оди на лекар.

Нормално, али како што веќе кажа, не му помогнал, па може ќе се најде некој тука, во форумов. Вреди да се проба, нели?

ОТ:
Би ти рекол дека имаш проблем со аркадата/ите.
МОЈ СОВЕТ: Иди кај матичниот лекар и нека ти даде упат за до специјалист (Ако немаш проблем со пари, оди на приватен лекар, од мое лично искуство немам верба во државниве)

Поздрав!
 
Те урочуваат. :D Се шалам и јас имам такви главоболки, порано голтав таблетки како луд, сега само ќе се измијам со ладна вода, или ќе ставам мокра крпа на чело и полека поминува.
Напиј се кафетин, мене он ми помагаше некое време, после почнав со Нимер и он е добар ама бутка на спиење. :)
 
Можно е да станува збор за синусна главоболка,таа се јавува во тој предел, под и над очите, зафаќајќи го пределот од челото , во секој случај консултација со лекар
 
Ама бев и на доктор, прво ми ги прегледуваше очите - рече дека се е во ред со нив.
После ми препиша апчиња - НИШТО од нив. Пак иста приказна, пак боли ненормално многу.

Што доктор е тој што незнае што ти е. Сепак ова сето ме потсеќа мене на 3 работи.
1. Мала количина на наспаност (т.е. неспијаност)
2. Болка од притиксокот на очите (седење пред пс, цигари итн.)
3. Синусна болка.

Појди си приватно некаде на лекар или на очно. Најубо ќе ти кажат, а не кај матичен. Тој знај да ти препиши лекој ,незнај се да ти провери. Појди си најарно на приватен доктор и види што е работава :)

п.с. Ни јас немам проблеми со очите, па си зедов наочари со најнов и најдобар слој за ултра виолетово срачење.Без диоптер се и ги носам само пред ком. И многу подобро се чуствувам од било кога.
 
Здраво :)

Можеби за ова не треба да се отвара нова тема но ми треба ваша помош и совет.
Имам проблеми со болки во главата, не типично болење на главата, туку одма под веѓите, т.е најгорниот дел на капаците од очите. Прво почнува со болка во десното а после почнува и во двете.
Ова ми се случува неколку месеци по ред, по неколку пати во месецот можеби 4-5 пати.

Ќе може ли некој да ми каже ( даде совет ) што би можело да биде ве молам, бидејќи понекогаш толку многу ме боли што ми иде да умрам.

П.С. Немам проблеми со очите, и не носам наочари.
Го пишав ова бидејќи ми кажаа дека може да ми е од очите. ( Да не гледам убаво )

Исто како мене :) Мене ко ќе почнит да ме болит главата не знам кај сум. Порано ми се случуваше секој ден по неколку пати во денот а сега веќе и на 3 дена ме фаќа ама пак ме фаќа. Страшни болки :S:S:S:S
На лекар сум била ама викаат немаш баш ништо се е ок :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom