smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.749
- Поени од реакции
- 4.517
Интересна тема .Иако глеам пошто општи муабети повеќе за заебанција е некако.
Ама еве доколку би имал апсолутна власт што би направил.
1.Би го средил увоз-извоз
(Не знам со кој памет увезуваат пченка и пченица со земја како нашата 250 дена мислам дека имаме сонце и плус вода и почва пример пелагонија.)(ова е еден пример се мисли на се што го имаме ,а сепак се увезува од странство)
2.Енергија
(Да се надоврзам на првото која е целта да се увезува изгор скапа струја кога имаме обновливи извори ,реки еден куп само на Вардар можат 20 мини-централи да направат,веќе напоменав 250 сончеви дена приближно ако не се лажам можеби и повеќе беа значи сончева енергија.Трето на многу локации во Македонија може да се искористи енергијата од ветерот итн.)
- Предности :Евтина енергија во време кога целиот свет се соочува со енергетска криза,чиста околина
- Негативности:Прилично скапи за држава со економија како нашава
Сумирање: Иако се потребни многу средства со добра политика и менаџмент мислам дека е изводливо и на крајот сепак се капитални инвестиции со кој парите би се вратите назад доколку се земе поголем кредит и секако евтина струја би била стимулатор за сите фирми и поединци.
3.Војска
(Би вовел редовна војска не знам точно колкав период најверојатно една година.Тука идејата не е толку за воена сила туку повеќе да се дисциплинираат младите да научат за вредностите во животот,да го почитуваат своето тело да се реши проблемот со дебелината и следните генерации кои не се станати од ПЦ да го видат сонцето)
4.Образование
(Овој сектор е прилично запоставен и може многу да се стори за него.Би вовел поголема контрола за ангажираноста на наставниците-професорите исто така и анкети за тоа кој колку добро си ја извршува работата секако со награда најдобар/а на годината.Би го насочувал образованието да прави специјалисти,а не сезнајковци.
Значи нема потреба од музичко и ликовно во средно образование еден пример е ова значи на пример кој сака музичко ќе си иде средно музичко.Пример јас во гимназија во втора година имав 14 предмети од кој пола беа непотребни така што за секое училиште би се стремело да биде специјализирано кон некоја насока.
Следно нешто ќе се насочува образованието да не биде во преголеми класови од 35-40 ученици за поефикасна настава или пр 100 студенти во една училница.
Ќе се воведе задолжително сексуално образование.Ќе се има пет часа спорт(физичко)во неделата.Ќе се укине религиозно образование секој што сака ќе може да посетува верски објект по негова желба за едукација ,но не во склоп на училиштата.
Ригорозен преглед на учебниците кои се употребуваат со цел да се употребува оној со најголема ефикасност и да се избацат сите грешки од него.
Ќе има само два учебници во продажба кои секоја година ќе бидат пишувани од збир на повеќе личности со соодветна експертиза и ќе се натпреваруваат за прво место и секоја наредна година ќе бидат надградувани.
5.Политика
(Би вложил напори за влез на Македонија во Нато(Е.У не ни треба)би вовел активна политика на дволичност со нашиот јужен сосед и со сите така наречени пријатели од западот.Јавно би кажувал дека нашата цел е Америка и Е.У ,но би се ориентирал за соработка со Русија,Кина и источните земји за поголема соработка на економски план.Би го сменил политичкиот систем демократијата не ја бива веќе.Би пробал на некој начин да му дадам удел на народот за некои одлуки на пример за името не би можело да се смени доколку не се согласи народот итн.
6.Туризам
(Тука има еден куп што да се пишува.Би вложил значителни средства во туризмот во Македонија би ги надградил постоечките центри и би ги промовирал и инвестирал многуте кои стојат не чепнати,би промовирал како селски така и градски туризам.
Од прва до четврта година средно сите екскурзии ќе бидат со цел да ја запознаеме сопствената земја иако мала тешко кој ја прошетал.
7.Финансии
(Би водел политика со цел секое семејство да има за пристоен живот.Значи плата со која може да се исплатат сите неопходни трошоци и да остане по малце настрана.Ќе се форсира што повеќе да се намалува сиромашната и богатата класа ,а да се зголеми средната.Значи да нема еден човек кој ќе нема за леб.
Да би имал поголема моќ би ставил правото за вода и три оброци како право на секој човек во светот.Ќе се стават посебни даноци за богатите луѓе(замислите во Германија за време на кризата богаташите сами барале да им стават даноци е тоа е ДРЖАВА е тоа се ЛУЃЕ)
ПРОДОЛЖУВА...ако имам време
П.С Луѓето ја прават државата ,а не таа нив значи без вас ова ќе остане само план
Се додека има МАКЕДОНЦИ ќе ја има и МАКЕДОНИЈА