Не можеш атеизмот строго да го врзеш со абиогенезата, Биг Бенгот итн. итн.
Атеизмот не е учење, Атеизмот е реакција.
Атеизмот е реакција кон религиите и креационизмот и можеш само да го сврзеш со доказите против креационизмот.
Дали? Ај погледни ги погоре постовите. Скоро секој атеист се повика на Абиогенезата или на биг бенг теоријата.
Ја никаде не реков дека религиите се точни и дека таков бог опишан во доминантните монотоеистички религии постои.
Матрикс го имаш гледано?
Овде скоро сите самонаречени атеисти се поголеми верници од сите други теисти. Се расфрлате со теории како вечни и непроменливи вистини бетер него религиите. Што ако науката не е во право?
Еден член (не му го запамтив името, некое чудно беше) кажа дека Биг бенгот е терија која религиите ја туркаат. Размислив малку и сватив што сака да каже. Да во некоја смисла е точно. Концептот за биг бенг и на Јудео-Христијанско-муслиманскиот концепт за крецаија во 6 дена е потполно еднаков. Во ништо не се разликуваат. Пуфффф и настана светот. Дали ќе е со „нека биде“ или “големата експлозија“ сеедно. Потполно ист концепт