Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

D

dystopian

Гостин
Абиогенеза нема допирни точки фосили ни со еволуција, а биг бенгот не е докажан. Значи твојот атеизам е верување
Не, овие теории се надвор од атеизмот. А еволуцијата е одамна докажана. Појасно?
 
I

Iblis

Гостин
Абиогенеза нема допирни точки фосили ни со еволуција, а биг бенгот не е докажан. Значи твојот атеизам е верување
Да нема, посебна хипотеза е, ама е доста ветувачка , и пак си во право ни биг бенгот не е докажан, и тоа е хипотеза базирана на законитостите и принципите на реалниот свет, ќе биде излишна кога ќе се најде подобра. Поентата на постот ти е?
Бидејќи атеизмот е само неверување во бог/божества, а не и апсолутно неверување. Има голем број атеисти кои веруваат дека утре ќе биде добар ден или дека ќе најдат љубов или дека ќе направат пари, дека ќе се видат со пријаталите и така натаму.
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Да нема, посебна хипотеза е, ама е доста ветувачка , и пак си во право ни биг бенгот не е докажан, и тоа е хипотеза базирана на законитостите и принципите на реалниот свет, ќе биде излишна кога ќе се најде подобра. Поентата на постот ти е?
Поентата на целата тема е,
Дека науката не може да го докаже непостоењето на бог, а вие атеистите се повикувате баш на науката, за да покажете дека бог не постои.
Или пак сте верници поголеми од тие што веруваат во бог
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ај јас да направам копи-пејст,

Како настанале првите едноклеточни организми? Дали атеистите можеби веруваат во нешто друго (абиогенеза, биг-бенг итн) или се потпираат на науката?
Добро бе дете или девојче, земи едуцирај се малку пред постирање. Изгледаш како петгодишно дете што препрашува за се и ништо не му е јасно:

Атеистите немаат заедничко верување. Јас може да верувам во вили, другиот под мене во самовили, третиот во невидливи еднорози... Сите ние можеме да имаме своја различна верзија за настанокот на светот. Она што ни е заедничко и што не прави атеисти е тоа што не веруваме во богови-креатори на универзумот како што се претставени во библијата, куранот итн... Попросто не знам како да ти објаснам.

Понатаму, не знам што толку потреба имате да докажете дека и атеистите се базирале на вера. Демек не сте само вие за никаде туку и ние сме :) Атеизмот е верување колку што непушењето е навика, се извинувам што се повторувам.

Понатаму, за верниците имам толеранција и разбирање се додека не почнат со исмејување за настанокот на светот и тогаш едноставно ми се плаче. Вие кои тврдите дека светот настанал пред 6-7000 години од невидлив чичко кој пред тоа висел во празно и му здосадило па за 6 дена средил се и се уморил, во седмиот одмарал, предходно направил човек ама заборавил дека му треба жена за размножување, па му го извадил реброто, ја направил жената, па му ги донел сите животни да ги именува, па човекот во сат-два почнал со куче, маче, коњ и набрзина се средило и тоа, па првите два луѓе имале два сина, кои се ожениле со невидливи невести, па години подоцна на Бог му здосадило од повремени чистки па сотрел се живо освен една фамилија која направила брод доволно голем за да ги собере сите животни, кои на бродот заборавиле на синџирот на исхрана и паселе трева, кои по симнувањето од истиот си фатиле пеш по светот секој во свој крај, па години подоцна истиот Бог решил да прати уште две верзии од себе си на земјата, една да лета во воздухот и една што ќе ја заковаат на дрво... :sleep:

Вие бе???
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Поентата на целата тема е,
Дека науката не може да го докаже непостоењето на бог, а вие атеистите се повикувате баш на науката, за да покажете дека бог не постои.
Или пак сте верници поголеми од тие што веруваат во бог
Атеистите не тврдат дека бог не постои, туку не веруваат во него.
Атеизмот е само неверување во бог. Кој што и зошто и дали верува во нешто друго е ирелевантно.
 
I

Iblis

Гостин
Поентата на целата тема е,
Дека науката не може да го докаже непостоењето на бог, а вие атеистите се повикувате баш на науката, за да покажете дека бог не постои.
Или пак сте верници поголеми од тие што веруваат во бог
Абе види тоа дали некој ќе верува или не е лична одлука, ако тебе ти одговара да веруваш во бог во било која форма ќе го направиш тоа, исто важи обратното. Поентата на темава ти е непостоечка, нема да можеш да конвертираш атеист во теист ниту пак некој кој не е религиозен во религиозен, нема да направиш никаков акт кој ќе го промени светот ниту ќе бидеш иницијален двигател на истиот.
Редно е да научите атеистот не верува во бог и толку.Баш го заболе него за било кое божество, ги има премногу. Атеистите ќе се држат до науката бидејќи истата таа има вграден механизам сама да се корегира, нема во науката авторитети кои можат да ве влечат за нос, пробано е повеќепати, сите имаат паднато од анонимци(во нивно време).
А знаеш ли која е другата работа која ја сакаат атеистите кај науката, па кон неа се држат? Напредокот, не постои ни е дна религија кој успеала да донесе напредок, се е тоа заслуга на науката и логиката.
И сега пак ќе прашаш дали е атеизмот заснован на вера или наука и ќе очекуваш одговор поразличен од овој?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нема ни докази дека не постои бог, во било која форма. А абиогенезата е прикаска за мали деца. не е возможна
Поентата на целата тема е,
Дека науката не може да го докаже непостоењето на бог, а вие атеистите се повикувате баш на науката, за да покажете дека бог не постои.
Или пак сте верници поголеми од тие што веруваат во бог
Докази за непостоење НЕМА! Ај ти докажи дека непостои Шива, докажи дека непостои Дедо Мраз, докажи дека непостои Тор.....Можеш? Се докажува постоење, а не непостоење, безброј пати е укажано на форумов ова.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
Добро бе дете или девојче, земи едуцирај се малку пред постирање. Изгледаш како петгодишно дете што препрашува за се и ништо не му е јасно:

Атеистите немаат заедничко верување. Јас може да верувам во вили, другиот под мене во самовили, третиот во невидливи еднорози... Сите ние можеме да имаме своја различна верзија за настанокот на светот. Она што ни е заедничко и што не прави атеисти е тоа што не веруваме во богови-креатори на универзумот како што се претставени во библијата, куранот итн... Попросто не знам како да ти објаснам.

Понатаму, не знам што толку потреба имате да докажете дека и атеистите се базирале на вера. Демек не сте само вие за никаде туку и ние сме :) Атеизмот е верување колку што непушењето е навика, се извинувам што се повторувам.

Понатаму, за верниците имам толеранција и разбирање се додека не почнат со исмејување за настанокот на светот и тогаш едноставно ми се плаче. Вие кои тврдите дека светот настанал пред 6-7000 години од невидлив чичко кој пред тоа висел во празно и му здосадило па за 6 дена средил се и се уморил, во седмиот одмарал, предходно направил човек ама заборавил дека му треба жена за размножување, па му го извадил реброто, ја направил жената, па му ги донел сите животни да ги именува, па човекот во сат-два почнал со куче, маче, коњ и набрзина се средило и тоа, па првите два луѓе имале два сина, кои се ожениле со невидливи невести, па години подоцна на Бог му здосадило од повремени чистки па сотрел се живо освен една фамилија која направила брод доволно голем за да ги собере сите животни, кои на бродот заборавиле на синџирот на исхрана и паселе трева, кои по симнувањето од истиот си фатиле пеш по светот секој во свој крај, па години подоцна истиот Бог решил да прати уште две верзии од себе си на земјата, една да лета во воздухот и една што ќе ја заковаат на дрво... :sleep:

Вие бе???
ti ne otide mnogu daleku., drugo e vo prashanje., potvrdete i dokazhete ., so fakti pishani dokumenti., i /ili ko vo biblijata usni predanija., kako nastanal zhivotot., nauchno dokazhete ., vo koj moment od shto ., toa e takov kakov shto e ., ako barate nekakvi dokazi od sprotivnata strana ., mora da dadete i vie isti takvi dokazi za vashite tvrdenja.......se gore shto si go napishal ., dokazhi go na nauchna osnova so fakti., i dokazi......dokazhi deka ne bilotaka ., ti ili nekoj drug.......
 
Добро бе дечко каде ти виде да напишав 7000 години стара земја, 6 дена креација или слично. Ај прочитај го насловот на темата. И одговори ми искрено, на што се заснива твојот атеизам, на вера или на наука?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
ti ne otide mnogu daleku., drugo e vo prashanje., potvrdete i dokazhete ., so fakti pishani dokumenti., i /ili ko vo biblijata usni predanija., kako nastanal zhivotot., nauchno dokazhete ., vo koj moment od shto ., toa e takov kakov shto e ., ako barate nekakvi dokazi od sprotivnata strana ., mora da dadete i vie isti takvi dokazi za vashite tvrdenja.......se gore shto si go napishal ., dokazhi go na nauchna osnova so fakti., i dokazi......dokazhi deka ne bilotaka ., ti ili nekoj drug.......
Шутрак, никој не тврди дека е докажано како е настанат светот. Во моментов Биг-Банг е број 1 теорија но има научници кои работат и на други теории. Сосема е веројатно дека нема да откриеме со сигурност но постојат докази за староста на универзумот на пример, и тие докази индирекно ги побиваат теориите за универзум креиран пред 6-7000 години.

Од друга страна, доказ за постоење на Бог нема, постои само верување во збирка приказни и преданија од едно друго време.
 
I

Iblis

Гостин
Добро бе дечко каде ти виде да напишав 7000 години стара земја, 6 дена креација или слично. Ај прочитај го насловот на темата. И одговори ми искрено, на што се заснива твојот атеизам, на вера или на наука?
Поверојатно невера и наука MWa Twopce си.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Добро бе дечко каде ти виде да напишав 7000 години стара земја, 6 дена креација или слично. Ај прочитај го насловот на темата. И одговори ми искрено, на што се заснива твојот атеизам, на вера или на наука?
Па не напиша ама во тоа веруваш.

Мојот атеизам (уште еднаш, тоа значи неверување во бог) е пред се последица на читање на библијата. Со оглед на тоа дека и другите монотеистички религии не се многу различни по концепт, лесно ми беше да ги отфрлам сите и да дојдам до здрав логичен заклучок дека Бог каков што е опишан во религиите не постои и дека универзумот опишан во истите нема врска со универзумот кој го знаеме. Благодарение на науката.

Ти имаш проблеми да разбереш што е тоа атеизам, затоа си збунета. Имаш и верници кои веруваат во еволуција, види што вика католичката црква за тоа на пример. Читај малце пред да се истрчаш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Kajgana Shop

На врв Bottom