Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Битолската пиварница ќе почне со работа

Наскоро се планира рестартирање на Битолската Пивара. Новиот сопственик на пиварницата, Блаже Димитров, сопственик на ,,Марди,, од Радовиш кој пред година и пол за 2 милиони евра на лицитација ја купи битолската пиварница со нови вложувања најавува дека за 20-тина дена фабриката треба да почне со редовно производство.
По реконструкција на голем дел од погоните, веќе се започнати и ладните проби.

,,Се донесе нова опрема. Се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација како амонијачна така и пивоводна, и алкохолна. Се напрвија големи реконструкции и на машини, ремонти. Со тие ремонти сме при крај. Вршиме и ладни проби. Се спремаме во најскоро време да ја стартуваме Пиварата со редовно производство,, вели Методија Стојчевски, технолог во Битолската Пивара.

Фабриката ќе произведува пиво и сокови.

,,Технолошки сме солидни, брендот ќе се зачува и ќе биде уште подобар,,- вели Стојчевски.

50 од поранешните вработени веќе се вратени на работа, а се планира вработување на уште 50 лица.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82124

Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.
Мн ефтино ја земал човеков фабриката со се новата опрема и реконструкцијата сигурно го чинела 10 милиони а ако земе лиценца на некоја познат бренд за полнење сигурно за две години ќе си ја врати инвестицијата
 
Европски успех на македонско подрачје. Данскиот бренд ЈУСК го отвори својот прв продажен салон во Скопје
Инвестицијата која чини повеќе од милион евра ќе им донесе на македонските граѓани голем избор по прилагодливи цени. ЈУСК освен за данскиот бренд отвори можност и за македонските производители да ги пласираат своите производи во овој продажен салон.

ова беше сарказам, така?
 
Prasaj gi sitel,jas samo spodeliv vest;)
mozebi e mala investicija no e sepak dobredojdena,osobeno za novo vrabotenite.
прашав дали твојот цитат беше сарказам. бидејќи мора да биде ;)

Јуск веќе се во Македонија (на влезот во Тетово) години наназад. Сум бил и не се нешто посебно ефтини и немаат некој голем избор. (кога јуск ќе порасне, ќе сака да стане икеа).

воопшто не е причина веста да оди бомбастично „инвестиции во услови на криза...“ и незнам „Европски успех на Македонско подрачје“ како да де којзнае што. всушност се отвара една релативно незначајна продавничка (во светски рамки) која ќе вработи 30-тина луѓе и маста ќе им ја извади за мизерни плати и ќе ги тера да работат саботи и недели без вистински надомест, а државата ќе вика јебига приватна фирма...

да, супер е што е ново и новите вработувања, ама тоа не влијае ни најмалку на ситуацијата кај нас. ајде, добро: многу малку влијае...
треба еднаш неделно да има ваква вест цела година, па да кажеме Европски успех..

за сител знам дека „мегафонисуваат“, ама ние обичните луѓе ваљда не сме толку глупи...
 
Битолската пиварница ќе почне со работа

Наскоро се планира рестартирање на Битолската Пивара. Новиот сопственик на пиварницата, Блаже Димитров, сопственик на ,,Марди,, од Радовиш кој пред година и пол за 2 милиони евра на лицитација ја купи битолската пиварница со нови вложувања најавува дека за 20-тина дена фабриката треба да почне со редовно производство.
По реконструкција на голем дел од погоните, веќе се започнати и ладните проби.

,,Се донесе нова опрема. Се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација како амонијачна така и пивоводна, и алкохолна. Се напрвија големи реконструкции и на машини, ремонти. Со тие ремонти сме при крај. Вршиме и ладни проби. Се спремаме во најскоро време да ја стартуваме Пиварата со редовно производство,, вели Методија Стојчевски, технолог во Битолската Пивара.

Фабриката ќе произведува пиво и сокови.

,,Технолошки сме солидни, брендот ќе се зачува и ќе биде уште подобар,,- вели Стојчевски.

50 од поранешните вработени веќе се вратени на работа, а се планира вработување на уште 50 лица.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82124

Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.

Епа време беше веќе.Од Февруари негде реновираа внатре.Само нека продолжат со Kenbach-от.
Се надевам ќе го фатат предновогодишниов период со некакви промоции, да навлечат нови купувачи и даги вратат старите.
 
прашав дали твојот цитат беше сарказам. бидејќи мора да биде ;)

Јуск веќе се во Македонија (на влезот во Тетово) години наназад. Сум бил и не се нешто посебно ефтини и немаат некој голем избор. (кога јуск ќе порасне, ќе сака да стане икеа).

воопшто не е причина веста да оди бомбастично „инвестиции во услови на криза...“ и незнам „Европски успех на Македонско подрачје“ како да де којзнае што. всушност се отвара една релативно незначајна продавничка (во светски рамки) која ќе вработи 30-тина луѓе и маста ќе им ја извади за мизерни плати и ќе ги тера да работат саботи и недели без вистински надомест, а државата ќе вика јебига приватна фирма...

да, супер е што е ново и новите вработувања, ама тоа не влијае ни најмалку на ситуацијата кај нас. ајде, добро: многу малку влијае...
треба еднаш неделно да има ваква вест цела година, па да кажеме Европски успех..

за сител знам дека „мегафонисуваат“, ама ние обичните луѓе ваљда не сме толку глупи...
Daleku od toa deka lugeto vo Makedonija se glupi.Vsusnost ima mnogu pametni luge vo Makedonija.E sea sitel sto vaka ja objavuvaat vesta znaeme i jas i ti zasto e toa taka.Problemot vo ova go gledam edinstveno na faktot koj i t go kazuvas,treba da ima vakvi raboti ednas nedlno,eve i mesecno.Faktot sto ne sme naviknati na vakvi raboti mozebi del od nas ne pravi srekni, i se zadovoluvame i raduvame na troskite od kolacot.Kako i da e rekov deka vesta e za pozdravuvanje i se nadevam deka vakviot trend ke prodolzi.Sekoj denar e dobredojden.
 
Малце постара вест од Октомври , незнам дали е постирана

Австриjци ќе инвестираат во Виница

Австриската компанија Texsport, која произведува противпожарна опрема, ќе гради фабрика во Виница. Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, за “Капитал“ вели дека фабриката треба да почне да се гради во март следната година, а инвестицијата се проценува на 3-5 милиони евра. Компанијата планира вработување на 250 лица.
“Компанијата на неодамнешната лицитација за градежно државно земјиште купи 10.000 метри квадратни за цена од 9,5 евра од квадрат. Испочитувани се сите процедури и напролет го очекуваме стартот на новата фабрика“, вели Дончев.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven...rijci_kje_investiraat_vo_vinica.aspx?iId=2406
 
Вториот ден од владиното роуд шоу во Виена резултираше со нова австриска инвестиција. Компанијата Текспорт ќе инвестира во Виница, ќе гради фабрика каде ќе се произведува облека за противпожарна заштита.​
Инвестицијата е вредна околу 1 милион евра, инвеститорот ќе вработи околу 200 луѓе. Ова е втор нивна инвестиција во Македонија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=83243
Denes go kazuvat na kanal 5
Valjda se misli za istata investicija.
I ako moze da kaze nekoj koja e nivnata prva investicija.
 
Случајно видов на вести дека Прилепчанецот Веле Самак е министер за странски инвестиции ,се прашувам зошто нема инвестиции во тој град ,тој министер најдобро го знае тој терен и знае најдобро што треба да се инвестира во Прилеп.
Зошто сите инвестиции се во галвниот град Скопје а не во другите поголеми градови како што се Прилеп ,Битола .... ?
 
Затоа што се се инвестира во Република Скопје!

И после се чудиме зошто грците не викале така :)
 
Абе што бидна со миљардата на шеикот? Кај се парите што ќе ги вложи?
 
Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира два милиони евра во производство на професионална, индустриска и заштитна облека во општината Илинден, кај Скопје.

Зошто Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира во Скопје и зошто не би инвестирала во другите градови...?
Кога треба да почне да се гради фабриката?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom