И Хрватска немаше шанси , но се договорија со Словенија , и ете ги ќе станат членка.
Хрватски пасош не ќе можеш да земеш , едино бугарски.
Хрватска влезе затоа што Германија и само Германија го има последниот збор.
Е сега,за моето аргументирање треба соодветна музика и кореографска сцена.
Ако ЕУ сака некој во друштвото им,тогаш може да ја пикне земјата,па дури и Грција да е блокирачот.Ова најдобро ми го објасни еден другар Романец кој врзува крај со крај работејќи мизерна работа во романската администрација.Романија како кандидат многу слабо ги исполнуваше условите за влез-висок степен на корупција(и ден денес е на исто ако не и повисоко ниво),руинирана економија(и ден денес им е таква и таа тенденција расте)-ова се главните работи кои мораш да ги средиш ако сакаш полесно да дишеш кога одиш кон ЕУ.Но се случи за помалку од 10 години Романија да влезе,без никој да става вето,ама баш никој.Дури и Унгарија,најголемиот им непријател(за повеќе гугл ти е пријател) не зуцна.А можеа,имаа свои причини.И така една Романија со срање економија,корумпирана влада,судство,патишта бетер од нашите,а само замокот-парк на Дракула е инфраструктурално среден колку толку(hey,it's Dracula after all,them tourists aint gonna walk by themsleves) стана полноправна членка на ЕУ.ЕУ имаше интерес за Романија само за да го прошири своето влијание подалеку на исток(исто како НАТО кога повеќето бивши СССР земји влегоа).Само за тоа Романија влезе и ништо друго.А таму е исто,чекај тоа е претерување,таму е полошо.Владата,без оглед која партија освоила мнозинство масовно краде од ЕУ фондовите,ни евро не е инвестирано во корисни проекти,младите пошто имат ЕУ пасош бегаат во Британија,Шпанија и Италија за подобро утре,а емиграциониот бран никако да се намали.Германија си ги бара парите назад,Романија нема пари-па од кај ќе ги има,којзнае кај завршиле,а во последно време владата сака да ја крати администрацијата,а другарот се плаши да не го отпуштат,нејќе да изгуби 200 евра просечна административна плата и се надева дека ќе ги среди документите во скоро време за да избега во канада(таму има роднини).За романците единствено добро нешто што испаднало од ЕУ е слободно движење низ земјите од ЕУ.
ПС:Сакав да ставам клип со Скорпион и истата музика,ама не можев да најдам таков клип,јбг морам да се задоволам играјќи со Лу Канг(мислам ништо не е поawesome од демон-нинџа како те пали со неговиот череп am I right?)
ППС:А мислам дека можам да земам хрватски пасош,само треба да се почитуваат процедури,за разлика од бугарскиот.Или можам да си земам српски за 5000 евра....oh wait,не сум Косовец.
ПППС:Oh yeah................FATALITY!!!
Слободно реплицирај ми кога сакаш,само внимавај да не останеш шворц од толку потрошени жетончиња.