Дали треба да се бориме за она што го сакаме вистински ?

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Да но само ако и другата страна се бори исто колку и ти.
Едностран труд да се врати партнерот, а на него/неа баш му/и е гајле не води никаде..За љубов треба двајца;)
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Дали треба да се бориме за девојка/дечко кого/која вистински го/ја сакаме ???
Иако знаеме дека самите сме ние виновни за тоа што тие не оставиле... Дали може се да се поправи да се врати како што било порано кога сме биле среќни со тие особи ...
Зависи за што се бориш зашто прашањето ти е малку контрадикторно, значи, дали се бориш за девојката што те оставила или се бориш само од себични причини т.е. само затоа што си бил среќен со таа девојка од твоја гледна точка?
Ова те прашувам зашто многу луѓе се бескрајно себични и не се свесни за потребите на другата страна и само ги интересира сопствената среќа, и многу девојки што ги знам леле јас да сум насмеана, задоволна, да знае да ме насмее, да бидам среќна леле вака леле така. Па у пичку матер и другата страна има потреба да биде среќна, не се врти светот само околу едниот и мислам дека човек треба да погледне малку повеќе од сопствената сенка и да види дали вреди да се бори за другиот ако него му е битна само неговата среќа.
А најдобар начин да се избориш за другата особа е ако бидеш искрен прво кон себе и безусловно искрен кон другата особа, а не само да мислиш на сопствената среќа зашто и другата особа сака да биде среќна :)
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Овааа тема ја отварам со еден циљ.... Ќе поставам одредени прашања сакам искрени одговори ...
Дали треба да се бориме за девојка/дечко кого/која вистински го/ја сакаме ???
Иако знаеме дека самите сме ние виновни за тоа што тие не оставиле... Дали може се да се поправи да се врати како што било порано кога сме биле среќни со тие особи ...

не, одговорот на ова прашање е не, значи не, не треба да се бориш, борењето е демоде и се користело во историјата во античка грција денес познато под името wrestling на англиски кое потекнува од некоја латински збор бла бла (на никој не му е гајле кое тој збор)

а исто денеска има помодерна верзија но сметам дека и таа е демоде

разликата е тоа што порано како што може да видите на сликата било по геј односно за геј парови додворување, апак денеска има по хардкор варијанта но сепак јас не би се борел за девојка, јас сепак сум за она пивомвино кебапи кафана муабет и ја каруваш

кисс
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682

Извини ама зошто борењето за дечко девојка го ставаш на исто рамниште со боречките вештини??? И од кога боречките вештини се демоде и за гејови???o_Oo_Oo_O
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Напротив. Бев во подолга врска каде што немав мозок и сеуште очекував кокошката да се смени. Тоа беше долг период. Бев толку наивен и глупав, што можев да и простам на се, па дури и изневерувања. Но не беше онака лесно само простување. Имав болки за кои неможете ни да замислите, но не е битно сеа да се отворам толку приватно. Таа си го ладеше , јас "боледував", бев завлезен во некој темни мислења и така натаму. Но еден ден , кога станав бев како нов. Ништо не осеќав ни болка ни ништо. Едноставно речено кренав глава, и размислив за работите кои ги пропуштам додека се лади таа со мене. Мислев на работите кои се околу мене, дека постои некаде таму пишана за мене. Средив сите мисли, завршив со неа. Но, за жал сеуште остана она во мене дека никогаш нема да најдам некоја перфектна што ќе можи да имам сериозна врска со неа и да ме сака искрено.

Еве сеа дојдов до тоа ниво. Сепак се случи случајно за нешто што никогаш не би го ни очекувал ! Се заљубив во другарка( а и таа во мене), што ја знам повеќе од 6 години,а никогаш ни на крај памет не ни дошло тоа дека ќе биидме заедно.Можам да кажам дека сите тие лоши лузни што ги велиш ти, таа ми ги скрати и направи да ги нема. Сеа не ни можам да се сетам што било тогаш во врската , па не ни се обидувам. Заборавив засекогаш, како да било тоа само сон или воопшто да не се десило. Како го направи тоа? Епа од денот кога почнавме, до ден денес ми ја покажува вистинската, искрена љубов. И сеуште ќе ми покажува како и јас неа.

Значи сето ова сакам да кажам ,дека сепак во животот само еднаш ќе ја најдиш вистинската љубов. Другото се ќе биди лоша копија. Е сеа дали знаеш да ја зачуваш или не, тоа е друго.
Тоа и сакав да кажам во врска со темава.Тоа што е до мене сеа, се борам и тоа како за тоа да остани до мене. Се борам и не е тоа ништо страмо или смешно. Едноставно тоа е вистинското нешто што ќе остани во животот до тебе, ако знаеш да го зачуваш, а не ако изиграваме "недопирливи", или нз како да ги наречам поинаку. Таа е твоја и единствена за тебе, и нема да посака ниту еден друг ако знаеш искрено и вистински да се бориш за неа!

.....жалам што погрешно бев разбран....кога односот меѓу двајца луѓе ќе пукне (љубовен, пријателски, колегијален и тн)....ситуацијата може да се врати на старо....но таа пукнатина секогаш остава трага во меѓусебниот однос на тие двајца луѓе....привремено може да заборавиме на таа пукнатина (изневерување, непочитување, навреда....)...но при секоја наредна караница или несогласување со таа личност (а во животот се случуваат и тие работи) ...таа пукнатина избива на површина
 
Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Вреди да се бориш, само ако има двострана љубов, само треба да се направи разлика меѓу борење и трчање по некого.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Вреди.
Но зависи каков ќе биде исходот од борбата, ако брзо се одкажуваш не ни пробувај а ако си цврсто решен да успееш тогаш повеќе од сигурно е дека ќе успееш, само не барај успех преку ноќ, треба малку повеќе време за тоа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Да но само ако и другата страна се бори исто колку и ти.
Едностран труд да се врати партнерот, а на него/неа баш му/и е гајле не води никаде..За љубов треба двајца;)
Делумно да. Љубов во денешно време е лошо дефинирана - треба да добиеш за да дадеш нешто. Ми звучи као трговија повеќе. Љубовта не познава стопан. Или сакаш или не. Другото е се` начин на возвратена љубов. И не постои еквивалентност во неа. Секогаш едниот ќе сака повеќе од другиот.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Вреди.
Но зависи каков ќе биде исходот од борбата, ако брзо се одкажуваш не ни пробувај а ако си цврсто решен да успееш тогаш повеќе од сигурно е дека ќе успееш, само не барај успех преку ноќ, треба малку повеќе време за тоа.
Мислам дека не си во право. Не можеш однапред да го знаеш исходот на борбата, а треба да се обидеш. Е сега ако другата страна не те рецка или не ти возвраќа на обидот, искуството ќе те научи да не влегуваш во надеж и да чекаш времето да го стори тоа што другата страна не возвратила на твојот обид, па собираш храброст и идеш понатаму свесен дека има 7 милијарди луѓе на планетата Земја и исто толку можности (тоа ако си бисексуалец, а ако си нормален ќе имаш 3,5 милијарди можности:pos:).
Life is too short за да губам време кај некоја и да ја чекам додека наводно не и текне после неколку години дека ме сакала-тоа не е љубов.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Ако сме самите виновни тогаш значи дека не сме ги сакале вистински. Затоа што никој не прави намерно грешка ако некого навистина сака... нема такво нешто.. јас го сакам ама го изневерив ете се деси..
човекот е свесен за се што прави и како тоа влијае на околината иако напати викаме дека не сме размислиле и не сме биле свесни... ЛАГА! .. за се сме размислиле уште предвреме.. само што сме мислеле дека вистината не испаѓа на виделина.. или дека таа особа ќе ни прости се и ќе замиже.
Човек треба да се бори за својот сакан.. али не откога ќе го повреди.. тогаш е касно за се.... треба да се избори со сите препреки и искушенија.. ТОА Е ВИСТИНСКАТА БОРБА!
а не од кога ќе го уништиме сето она што сме го граделе.. да се бориме да го вратиме..
 
Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Делумно да. Љубов во денешно време е лошо дефинирана - треба да добиеш за да дадеш нешто. Ми звучи као трговија повеќе. Љубовта не познава стопан. Или сакаш или не. Другото е се` начин на возвратена љубов. И не постои еквивалентност во неа. Секогаш едниот ќе сака повеќе од другиот.
-Ако еден сака и за двајцата, МАЛКУ Е!-
Тоа и ми беше поентата.Нема да мериме на кантар но има една реченица многу ми се свиѓа ја чув од Тоше и му остана во глава: -Ајде да си ги мењаме срцата-:)
Јас не сакам да патам, некои уживаат во љубовта да патат...Јас не сум тој тип луѓе и затоа реков дека не сакам еднострана љубов..Но не сакам ни да добивам љубов на која неможам да и возвратам бидејки не го сакам......
Се сложувам само со една теза дека можеш повеќе да дадеш доколку ти се возврати во скоро време..Доколку не,нема што да бараш тука освен да се измачуваш самиот себеси....И кажи ми на што личи ти да молиш и бараш да се врати партнерот а него/неа да му е свеедно и ти вика: Не ме занимаш веќе!
И не е точно дека секогаш едниот сака од другиот и тоа е као нормална работа и така треба.:rolleyes: Тие врски најчесто и завршуваат порано или подоцна. Опстојува само взаемната љубов почит и разбирање.Затоа што кога тогаш едната страна ке свати дека не е исполнета сакана и обожувана толку многу од партнерот и ќе се почувствува болка, желба и глад и за уште љубов што нема да ја добие.......Зборам реално како стојат работите!....А дека има такви кои уживаат во патење и болка и сепак се со партнерот а не се сакани, има колку сакаш такви но никогаш не сум ги разбирала зошто сакаат да се измачуваат ...Мене тоа ми е глупо крајно! Мој став е ова и мој начин на живеење и сакање. Има различни погледи на љубовта кај секого различно..............
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Мислам дека не си во право. Не можеш однапред да го знаеш исходот на борбата, а треба да се обидеш. Е сега ако другата страна не те рецка или не ти возвраќа на обидот, искуството ќе те научи да не влегуваш во надеж и да чекаш времето да го стори тоа што другата страна не возвратила на твојот обид, па собираш храброст и идеш понатаму свесен дека има 7 милијарди луѓе на планетата Земја и исто толку можности (тоа ако си бисексуалец, а ако си нормален ќе имаш 3,5 милијарди можности:pos:).
Life is too short за да губам време кај некоја и да ја чекам додека наводно не и текне после неколку години дека ме сакала-тоа не е љубов.
Знам дека има и други риби во морето но знаеш како викаат:Ништо не е загубено додека ние самите не се одкажеме од тоа, ако си доволно упорен секако дека може да имаш некакви шанси за да ја вратиш, жарот не се претвора во пепел преку ноќ .
Иначе нормален сум не сум како овие забеганиве.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Ако сме самите виновни тогаш значи дека не сме ги сакале вистински. Затоа што никој не прави намерно грешка ако некого навистина сака... нема такво нешто.. јас го сакам ама го изневерив ете се деси..
човекот е свесен за се што прави и како тоа влијае на околината иако напати викаме дека не сме размислиле и не сме биле свесни... ЛАГА! .. за се сме размислиле уште предвреме.. само што сме мислеле дека вистината не испаѓа на виделина.. или дека таа особа ќе ни прости се и ќе замиже.
Човек треба да се бори за својот сакан.. али не откога ќе го повреди.. тогаш е касно за се.... треба да се избори со сите препреки и искушенија.. ТОА Е ВИСТИНСКАТА БОРБА!
а не од кога ќе го уништиме сето она што сме го граделе.. да се бориме да го вратиме..
Ете гледаш, си ја научила лекцијата и тоа е ОК зашто џабе ти е да се бориш за него, ако сакаш и сите ѕвезди од небото да можеш да му ги симнеш и подариш, пак не е доволно зашто си го изневерила. Па дури и да ти прости потсвеста е страшна работа, ќе го копка секој ден и за се ќе му бидеш виновна, нема да биде задоволен од тебе и пред се од себе и ќе се осеќа како шутрак, а може и ќотек да изедеш, ништо чудно, ако замижи и го потисне во себе твојот чин на изневерување.
Затоа move on, life goes on :)
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Ете гледаш, си ја научила лекцијата и тоа е ОК зашто џабе ти е да се бориш за него, ако сакаш и сите ѕвезди од небото да можеш да му ги симнеш и подариш, пак не е доволно зашто си го изневерила. Па дури и да ти прости потсвеста е страшна работа, ќе го копка секој ден и за се ќе му бидеш виновна, нема да биде задоволен од тебе и пред се од себе и ќе се осеќа како шутрак, а може и ќотек да изедеш, ништо чудно.
Затоа move on, life goes on :)
Јас не изневерив.. тоа беше обичен пример што го дадов.. затоа што обично тоа се случува денес.. инаку постојат многу причини :) инаку во право си за се што кажа... дури и да прости човек.. нема да заборави
 
Kajgana Shop

На врв Bottom