Битола низ призмата на „локал-патриотот“!

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Битола, е таму никогаш не сум бил, сум поминал по автопатот Прилеп Битола Ресен али никогаш не сум влегол во градот, и што е најинтересно не познавам ниту еден битолчанец или битолчанка....не ме носел патот на там! па поима немам каков е градот какви се лугето, каков е мирисот и вкусот на градот...се што сум видел и слушнал е од страна, на тв или некој што бил па ми кажал...ОМГ :confused:

Па помини, не биди растение, на едно место само да дремиш:)
 
можеби подостарев ама битола која јас ја памтам со сега допирни точки нема ама баш во ништо.
ама сепак можеби подостарев, инаку најповеќе ми фалат студентските во кристи. а откако почнаја да прават во расчекор тогаш знаев дека не е на арно работата, пошто за то време да правиш студентска во расчекор беше незамисливо.
за други работи да не ни збораме, некако се е вештачки , неприродно насила и безвезе.
јбг јас поминав, нека му ја мислат помладите и нека се радват дека сега ептен убаво си врват, пошто не ни виделе поубо.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 23:44 ---
па поима немам каков е градот какви се лугето
е па вака
--знаеш што прави чак норис во битола????
--тоа што ке му кажат.
па сега ти рачунај каков е градот и битолчани.
п.с се заебавам бе.
 
Најпуфкаџии се битолчани дефинитивно.Најголем филм им е кафето на широк сокак, од 100Е плата 5900 даваат за кафиња и за дотерување, а дома ако треба леб и сол ќе јадат.Во расчекор можеш и на вечер да видиш луѓе со наочари за сонце.Добро е шо РЕК го поткрева стандардот иначе пустелија че биди и не дека ве мразам како прилепчанец али рака на срце тоа е вистината без лутење, спуштете се малце;)
 
Битола е само еден дел од мозаикот на опустошената и уназадена Македонија,само ќе кажам дека никаде не е сјајно па ни тука не е Монте Карло........градот и околината има многу да понуди како индустриски,инфраструктурно,спортски и туристички,но нема и никој не е заинтересиран сериозно да вложи...иако однесле од овој регион товари пари,сепак барем досега нема ништо поврат од тоа......само на Пелистер да се вложи и разработи како Битола ќе нема место во Македонија кое ќе биде подобро за живеење
 
п.п.с. барем ги немаме дркачите на барокот и ромите на семафори... засега.

Оф леле... цел град ви е ѕиркачи бре!

Почнувајќи од перо шуте па надаље.

Летово една вечер баш седев со една пријателка во кола на паркингот до тој паркот... седевме двајца на предно... абе за десет минути може пет-шест (печес) ѕиркачи се собраа. На тие клупите испоседнаа, гледаа наваму...

Си викав да излезам да ги окарам... ама на крај баталив и си отидовме.
Ептен тапа тој менталитет ваш.
 
Ти , ко да живееш на крајот од светот, што генерализираш вака по градови.Тоа да го речи русин, шо седи блиску јапонија, за некој шо живее во москва, држи вода, ама во една педа место му викаш “Менталитетот ваш ви е тапа“? Абе цела македонија ист менталитет го има бе човеку, освен акцентот нема друга разлика.
 
Да не се разбереме погрешно, не зборам во глобала за менталитетот него зборам за менталитетот на тие манијаците, ѕиркачите.

Ги има и во Скопје, не викам не, ама толку многу да се насобрат за толку кратко време... такво нешто прв пат гледам. А втор пат доаѓам во градот.
 
Ги има верувај...и тоа многу повеќе во Скопје. Иначе во тоа паркчето што зборуваш ти во последните неколку години се собираат многу луѓе навечер за да пијат или пушат трева. Најчесто се дечишта од 14 до макс 18-19 години. Нормално нив тоа им е интересно да ѕиркаат што правите в кола.

Како и да е бегаме од темата :)
 
Сега ќе кажам еден виц кој го слушнав на едно видео за двајца капетани на бродови кој ги пратиле во Африка некаде на почетокот на 19 век. да проверат дали можат фабриките во Англија да го прошират пазарот на чевли во Африка.
Првиот по една недела напишал телеграма до Манчестер.
Ситуацијата е безнадежна. Стоп. Овде никој не носи чевли. Стоп
Вториот напишал
Извонредна можност. Стоп. Овде никој нема чевли. Стоп

Јас ќе пробам да бидам вториот во оваа ситуација, Битола немам појдено онака саглам да поседам едно 10 тина година, ама мене ми е навистина симпатичен како град.
Менталитетот таму е истиот како грото од Македонија, па тоа дека врија од сељаци таму ми е претерување, мислам врија, ама тоа е на ниво на цела Македонија, ама не мора да се дружиш со нив. :D
Битола мене ми изгледа како едно идеално местенце за некаков мирен семеен живот, инфраструктурата на градот е релативно средена, сигурноста и меѓучовечките и меѓуетничките односи во градот се релативно стабилни, местоположбата е извонредна од причина што за еден час можеш да појдеш на викенд до Грција на море, исто така имаш и одлична можност за планинарење или пак зимски спортови на планина, без разлика дали во Грција или пак на Баба.
Цените на недвижнините и трошоците на живот се исто така пониски за разлика од поголем град, доволно ти е велосипед за да си направиш некакви дневни обврски или пак да појдеш на работа.
Од ергенски аспект не можам да кажам каква е понудата во моментов на локалите и општо, ама во времето си имаше така убај дотки низ Битола.:D
 
Местоположбата и изгледот на градот - Да, навистина е ОК,...ама другото (она што зависи од луѓето) :) ... прочита самиот...и треба да се доживее да сфатиш што мислам :)
 
шо бе ист менталитет со другите.
со прилепчани ке не токмите или охриѓани.
едните локал патриоти во кој во цел град неможиш една кока-кола да купиш пошто во прилеп не се прозиведвала туку во скопје, ако сакаш пепси само. град кој комотно во 4 сабајле можиш да го ограбиш пошто сите на тутун се, никој нема дома.
за охриѓани кажано е , нема шо да се кажи повеќе.
без љутење се разбира;).
и во кој друг град ке најдите толку маџари а не се унгарци. и шо е то маџар , наградно прашање?
градот ни има толку работи кои се специфични само за битола шо ги нема во ниеден друг град и село во цела држава а и пошироко.
па ете и пиењето кафе низ корзо нека биди, да не спомнувам друго. можеби не сме цвеќиња за мирисање , не сме нешто посебно работлив град што се гледа и по добивките на лото и бинго, ама да не ставате во ист кош со сите останати ајде ви се молам. една е битола и едни се битолчани.
п.с и дај не мешајте селанец и сељак. првото е место на живеење а другото е карактерна особина.
 
Овие ви се тврдења на искуства со мал број на луѓе и се дава етикета на цел народ, паметниот ги дели луѓето на добри и лоши е сега Волксваген ти другар си во право за некои работи ама стварно ја претера работата со критиката, овие теми се отвараат само за лечење на комплекси и за кавга со луѓето зошто никој нејки да му го вреѓаат местото на живеење.
 
Оти кога ги прочитав двата поста погоре помислувам дека Волксваген беше во право кога кажа дека во Битола има абдалски менталитет дел од популацијата таму?:rolleyes:
 
шо бе ист менталитет со другите.
со прилепчани ке не токмите или охриѓани.
едните локал патриоти во кој во цел град неможиш една кока-кола да купиш пошто во прилеп не се прозиведвала туку во скопје, ако сакаш пепси само. град кој комотно во 4 сабајле можиш да го ограбиш пошто сите на тутун се, никој нема дома.
за охриѓани кажано е , нема шо да се кажи повеќе.
без љутење се разбира;).
и во кој друг град ке најдите толку маџари а не се унгарци. и шо е то маџар , наградно прашање?
градот ни има толку работи кои се специфични само за битола шо ги нема во ниеден друг град и село во цела држава а и пошироко.
па ете и пиењето кафе низ корзо нека биди, да не спомнувам друго. можеби не сме цвеќиња за мирисање , не сме нешто посебно работлив град што се гледа и по добивките на лото и бинго, ама да не ставате во ист кош со сите останати ајде ви се молам. една е битола и едни се битолчани.
п.с и дај не мешајте селанец и сељак. првото е место на живеење а другото е карактерна особина.

A јас па од Охрид студирав Прилеп, ме разочара :(
:pos:
И се согласувам скоро со се за Охриѓани и Прилепчани, воглавно точен ти е описов.Ама и голем процент Битолчани се во некој тежок филм, без лутење се разбира ;)
 
Оти кога ги прочитав двата поста погоре помислувам дека Волксваген беше во право кога кажа дека во Битола има абдалски менталитет дел од популацијата таму?:rolleyes:

Од кај си ти пријател да видиме твојот менталитет каков е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom