САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
Е баш заради овај дел јас мислам дека целата војна ја помогнаа од север и од југ.

Едните со воена логистика и оружје, другите со политичка логистика и пари.
Апсолутно. Тие од југ ги разбирам. Овие од север демек ни се словенски браќа. Ама ние повеќе им се лутиме на Американците...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Апсолутно. Тие од југ ги разбирам. Овие од север демек ни се словенски браќа. Ама ние повеќе им се лутиме на Американците...
не ми се верува баш тие од север во случајот 2001 да имале подршка за учките они имаа проблем со истите луѓе мајкому , не викам дека ни се брака се освен брака ни се ама у тој случај да им давале подршка на учките 0.о па уште пари
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
не ми се верува баш тие од север во случајот 2001 да имале подршка за учките они имаа проблем со истите луѓе мајкому , не викам дека ни се брака се освен брака ни се ама у тој случај да им давале подршка на учките 0.о па уште пари
И Александар Антиќ не му бил доушник на Божо Спасиќ изгледа. На Србите им одговараше да се разгори ситуацијата и во Македонија. Да бидам попрецизен, на службите на Милошевиќ им одговараше тоа. Ѓинѓиќ беше надвор од таа приказна, ама службите што тој не ги контролираше сеуште беа доволно моќни да направат криза. И А.А. се борел против луѓето што правеа проблеми на Косово. И тоа еден од најдобрите бил. :icon_lol:
 
B

Black Guard

Гостин
„Сините шлемови“ си отидоа поради признавањето на Тајван на тогашната Влада на Георгиевски, како своја реакција на овој непријателски потег Кина гласаше против продолжување на мисијата на УНПРОФОР во Македонија.

Тоа во голема мера им овозможи на Албанците да пренесуваат оружје и да преминуваат преку границата пред и за време на војната во 2001.
Кратко и јасно.

Нашите се откажаа од т.н превентивната дипломатија сами и тоа со харикири.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
Грешката е во нашите корумпирани политичари кои заради икс причини потпаднаа под влијание на западот.
А САД... САД само си го остваруваа интересот, многу олеснето кога таму негде постојат корумпирани политичари...
Прво не доведоа до ситуација да кажеме дека сме беспомошни, а потоа, како херои ни ја спасија државата.
Според првото воопшто не ни се пријатели.
Според второто, нас ни се најголеми пријатели.
Според логичното, ги боли кур за "пријателството". Дури има некој кој мисли дека се пријатели, добро е, интересите таму не им се под закана.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Грешката е во нашите корумпирани политичари кои заради икс причини потпаднаа под влијание на западот.
А САД... САД само си го остваруваа интересот, многу олеснето кога таму негде постојат корумпирани политичари...
Прво не доведоа до ситуација да кажеме дека сме беспомошни, а потоа, како херои ни ја спасија државата.
Според првото воопшто не ни се пријатели.
Според второто, нас ни се најголеми пријатели.
Според логичното, ги боли кур за "пријателството". Дури има некој кој мисли дека се пријатели, добро е, интересите таму не им се под закана.

Нема пријатели во политика, само интереси.

А досега се покажа дека на Америве им одговара Македонска држава. И по мене тие ни се единствени пријатели по таа основа, затоа што другите ги боли к.. за нас дали постоиме или пак уште полошо, работат против нас.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
Нема пријатели во политика, само интереси.

А досега се покажа дека на Америве им одговара Македонска држава. И по мене тие ни се единствени пријатели по таа основа, затоа што другите ги боли к.. за нас дали постоиме или пак уште полошо, работат против нас.
Тоа го викам цело време.
И нормално дека на Американците им одговара постоење на Македонска држава - со различни етнички заедници, како најдобар начин за создавање на конфликт кога ситуацијата не би им одговарала.
Им одговара постоење на Албанија, им одговара постоење на Србија, Косово, Босна, Хрватска и што е можно повеќе државички. Пошто, разделени (а особено внатре разделени) полесно се владеат.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Makedonija mora da vleze vo NATO, a i se nadevam deka toa ke se sluci sto e mozno poskoro
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
И јас се надевам дека со падобран ќе ми падне Порше со една цистерна гориво во дворот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
И јас се надевам дека со падобран ќе ми падне Порше со една цистерна гориво во дворот.
Ти може да се надеваш колку што сакаш дека ќе ти падне Порше, но ние како држава активно работиме за да влезиме во НАТО.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не биди будала,САД никогаш не беше пријател на Македонија
Зошто би бил пријател. Каков интерес има од Македонија, Американците одат каде што имаат корист ,грчиштана излегуваат на море, имаат убави острови кои американците можат да ги земат со концесија на користење од 99 години а потоа да ги посвојат како нивни. Во краен случај и да направат протекторат- доколку се во можност на мирен начин да ги освојат. Секако имаат подобра местоположба од нас излегуваат на море транспортот ке го користат до блискиот исток исто така и воени напади ке извршуваат од тука.
Единствено што треба е да ги подржат во прашањето со името и да им испратат некој долар да ги подизвадат од банкрот, но не и да ги кренат на здрава нога не ќе можат така лесно да манипулираат ако се финансиски задоволени.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Зошто не ги згазија за два дена тогаш. Два дена имавме експерту.

Во Арачиново им фалело уште еден ден. Арачиново за 3 дена се напредуваше 200 метри, генерал Ангелов е жив и може да го потврди тоа, ти овде ми тврдиш дека за уште еден ден ќе биле готови. Ја имам прочитано книгата на Панде. Панде во книгата не кажува се. Генерал Петровски во книгата пишува дека незнаел дека за Арачиново се дадени три дена. Сите што присуствувале на средбата кај Претседателот Трајковски тврдат дека Панде бил задоволен со времето што му е дадено.



Петровски никогаш не изјавил дека можат за два дена да средат.А зошто беше спомнато толку кратко време, мислам дека е очигледно.

Генерале, дадени ни се само два дена за Арачиново!
Шест италијански ловци-бомбардери на НАТО ги приземјија хеликоптерите на Македонската армија


Командантот на операцијата во Арачиново, генерал Панде Петровски, вели дека не се точни тврдењата оти македонските сили ќе биле неуспешни во акцијата и нагласува дека биле прекинати пред да го освојат селото крај Скопје

Соња Крамарска



Генералот на македонската Армија Панде Петровски, кој командуваше со операцијата во Арачиново, во фељтонот на „Утрински весник“ говори за драматичните настани на прекинот на операцијата, собирањето на револтираните македонски граѓани пред парламентот и евакуацијата на претседателот Борис Трајковски.
„Во јавноста преку медиумите се ширеше пропаганда дека во Арачиново има над 4 илјади терористи, но имаше само околу 200-220. Јас бев против да се интервенира во Арачиново. Тоа не беше никаков проблем и можевме да го заземеме. Тоа го тврдам како професионалец“.
Првиот ден кога почнала операцијата, безбедносните сили навлегле до новата џамија на Арачиново и почнале со дејствата против бунтовниците. Полека се стеснувал кругот, а третиот ден безбедносните сили веќе биле навлезени во две третини во Арачиново, вели Петровски.
„Но, на состаноците што ги држевме во самиот почеток беше чудно што претседателот Трајковски неколку пати нагласи дека за Арачиново „ни се дадени само два дена“. Во почетокот не можев да го сфатам тоа, кој тоа ни дал два дена? И затоа реагирав како војник. Реков, јас не брзам во Арачиново, два дена, три, десет, петнаесет дена, не ми е важно, тоа не ми прави проблеми од аспект на некаква стратегија“, му рекол генералот на претседателот Трајковски.
„Кога дојдов во хотелот ’Белви‘, имав што да видам. Сите дипломатски претставници од запад и воено-дипломатски претставници беа присутни. Се изненадив што се случува. Влегов во салата и таму ги сретнав Бучковски и Бошкоски. Го прашувам министерот Бучковски: што е ова? Ми вели: ќе чуеш! И тогаш, не се сеќавам дали Никола Димитров или Стево Пендаровски, ме запозна со едно човече и ми рече дека тоа е господинот Питер Фејт, личен претставник на генералниот секретар на НАТО“, раскажува Петровски.
Во „Белви“ беа присутни сите, вели Петровски. „До мене седеа Љубе Бошкоски, Бучковски и Питер Фејт. Побараа да направам план за извлекување на терористите од Арачиново“, вели Петровски.
Планот предвидувал бунтовниците да бидат извлечени од Арачиново и да бидат одведени кон Косово.
Тогаш Љубе Бошкоски скокнал: „Не можат да бидат извлечени неказнети“!
Генералот Петровски го смирил со зборовите: „Чекај да го сослушаме, нека каже, па потоа и ние ќе си кажеме“.
И така и било. Во 16 часот влегол НАТО со четири автобуси од Тетово и седум автобуси од НАТО со обезбедување и плус седум борбени „хамери“ и седум санитетски „хамери“.

„Како професионалец, потоа сфатив дека нашата Армија е понижена. Излезе дека за два дена не можеме да го преземеме Арачиново, па требаше да влезе НАТО и да седнеме на маса. Сфатив дека тоа било планирано уште од 14 јуни, кога претседателот Трајковски испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Робертсон“, вели денес Петровски. Но, по влегувањето во Арачиново настанале проблеми. Никола Димитров, тогашен советник на претседателот Трајковски, му рекол на Петровски: „Господине генерале, се јавува Питер Фејт и вели дека бунтовниците не сакаат да се извлекуваат со автобуси на НАТО, туку сакаат од Никуштак со свои камиони и трактори да се извлечат“.
„Ако е така, нека се повлече НАТО, јас ја продолжувам операцијата! Пренеси му така на Питер Фејт“, гневно одговорил Петровски.
Димитров му ја пренел реакцијата на Фејт. По пет минути влегол повторно кај генералот и смеејќи се му рекол: „Господине генерале, ја прифатија одлуката да се извлекуваат соавтобусите на НАТО“. Петровски му рекол на Димитров: „Треба да знаеш, тоа е однапред планирано, кај нив (НАТО н.з.) нема шега“.
Кога јавноста сфати што се случува во Арачиново, почнало собирањето пред парламентот.Потоа Петровски му телефонирал на полицискиот генерал Ристо Галевски. Му рекол: „Немој да дозволиш некој да тргне преку Вардар“.
„Ако отидеа на Бит-пазар, ќе дојдеше до граѓанска војна! Масата беше разјарена. Почна сериозно да се дискутира да се употреби Армијата да ги затвори мостовите на Вардар спрема Бит-пазар. Јас не го дозволив тоа. Армијата не е за тоа, ниту е оспособена ниту има таква намена. Целата состојба можеше лесно да излезе надвор од контрола“, вели Петровски.
ТЕТОВСКАТА ОПЕРАЦИЈА "МХ"
Со претседателот се договорив планот на воената
операција да го потпише на 23 март по враќањето од
Женева. На 24 март Владо Поповски, член на Советот за
безбедност, ме праша: "Панде дали можеш да ги разбиеш терористите во Тетово?" "Ту, да му се невиди, пар-
тал ќе ги направам", му кажав. Владо ми рече: "Претседателот се двоуми, некој таму во Женева го исплашил
и цел ден се колеба дали да ја потпише одлуката"... Во
01 ч. на 25 март, му се обратив на врховниот командант: "Господине претседателе, ако за неколку минути не ја потпишете, односно не ја одобрите одлуката за напад, од операцијата која треба денес во 7 ч. да почне, нема ништо, веќе е доцна!"... Се прекрсти, ја потпиша и рече:
"Со Господ напред, нека ни е на помош и нека нè чува!"... На 26 март единиците ги зазедоа сите тактички објекти планирани за контрола на просторот. На 27 март предложив да се изврши чистење од останатите терористи во с. Порој и Џеп чиште. Ми се јави полковник Јосип Бошевски: "Господине генерале, полицијата се повлекува од с. Порој, добиле таква наредба". Барав објаснување. Министерката Доста Димовска рече: "Генерале, што сакаш ти, граѓанска војна. Ние ни во борбена операција
не дејствуваме во тие села - тие граѓани нè поддржаа за време на операцијата"... Порој и Џепчиште останаа бастиони за терористите.
Зошто на Трајковски му требаше време за да ја потпише
наредбата за "Тетовската акција"?
ПЕТРОВСКИ: Кога би знаел тоа и би го напишал. Уште од почеток Трајковски јавно се залагаше за мирно решение и подоцна се обелодени и се реализира планот за тоа.
Мене по
веќе ми пречеа оние луѓе кои се залагаа со воени средства да
се реши проблемот, но откога ќе постигневме успех опе ра
цијата се прекинуваше, а тие не реагираа. На што ви асоцира
тоа? За мене како професионалец овие работи беа не сфат
ливи.
КАРПАЛАК
На 5 август бев непријатно изненаден кога преку А1
беше објавена наредбата, строга државна тајна, во ко ја
се бараше АРМ со потребна структура и бројни сили да
влезе во Тетово, со цел да се оневозможи заземање на
градот од страна на терористичките групи на т.н. ОНА…
АРМ да се постави на патниот правец Тетово-Ја жинце, со
цел да ја обезбеди сигурноста на сообраќајот и да оневоз
можи пенетрирање на терористичките гру пи од Шара
кон селата во Полог. Мислев дека тоа е провокација вр
ховниот командант да му издава наредби на началникот
на ГШ преку средства за јавно информирање. На полков
никот Симе Спасковски му објаснив и го испратив во Со
бранието за да се увери дали по стои таква наредба... По
кратко време ми донесе еден лист испратен по телефакс
од Охрид, со потпис на претседателот... Не верував во тоа
што го гледав: тој ден неколку пати се слушнав со прет
седателот, ништо не ми спомна за наредбата. Се обидов
да стапам во кон такт со Владо Бучковски (МО), но и тој
беше недостапен. Во едно бев сигурен, иако наредбата е
потпишана од Трајковски, тоа не е негова волја, по содр
жината и стилот таа личи на неговите советници (еден од нив тогаш беше СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, нели) , што по
доцна се потврди. Благодарение на јавното соопштение
на на редбата, на 8 август во Карпалак настрадаа недолж
ни војници.
Еве го целото интервју http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce643.pdf/12_17_intervju.pdf
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
Ти може да се надеваш колку што сакаш дека ќе ти падне Порше, но ние како држава активно работиме за да влезиме во НАТО.
И јас активно работам на моето порше. Можи некогаш и ќе го имам.
Но се надевам дека ќе ми падне едно со падобран. Како што и Македонија се надева дека ќе влезе во НАТО.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom