Фан Клуб: Барселона

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Лол.
Ова се дресови за ЛШ, гледајте на левата рака на Роналдо.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.708
Поени од реакции
22.846
Да имаа 9 порази само они, што ќе беше со другите... :)
Немаат пораз кога играат заедно, тоа 9-ката е бројот на нерешени натпревари.
Моја грешка. Мислев на нерешени, а сум напишал порази. :D
 

Ekimot

Cule
Член од
4 февруари 2010
Мислења
473
Поени од реакции
502
Се мислам дали да пишам нешто?!

Реал нема идентитет и стил за да ја победи Барса (имаше у Guardian убава колумна за ова). Ова ја прави разликата и ќе ја прави и понатака се доека е Пеп на клупа и се доека полека се промовираат Ла Масијцине. Мурињо се трудеше нешто да наметне, проба од секој агол (чекај ги да нападнат, бркај ги, бркај ги ненормално..) да ја победи Барса и никако да успее, еве на оваа утакмица и предност имаше и не успеа Мадрид да победи.
Помладите фанови не можат да осетат кој ќеиф се овие победи на Бернабеу, па нека се надишат победи за иднината, оваа доминација е "невозможна" а возможна, фала на Пеп и сите околу него шо ни го овозможија СЕ ОВА!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.708
Поени од реакции
22.846
Овие отидоа во Јапонија и уште толку повеќе се однесуваат како деца. :icon_lol:
Пике не може да се прилагоди на временските разлики и по цела ноќ наместо да спие, дреме по твитер и фејсбук. Цеск објави слика на твитер и напиша дека пронашол јапонска верзија од Деко. :icon_mrgr:
Пеп денеска изјави: 'Не сум полицаец. Во кревет сум во 10 и немам потреба да одам и да ги проверувам моите играчи.'
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Најдете време и прочитај те ја колумнава

http://www.barcabalkan.com/news/read/2098/KOLUMNA-Josep-Guardiola-Don-Quijote-modernog-nogometa
--- надополнето: 12 декември 2011 во 21:45 ---
После ќе зборат на биле искомплексирани од Барса:

http://kurir.mk/sport/fudbal/53265-Barsa-go-isprati-Ronaldo-na-psihijatar

Ајт на лечење.....
Бил опседнат со Меси.Па не е лесно кога Меси ќе добие златна топка прв да му честита :)
 

Ekimot

Cule
Член од
4 февруари 2010
Мислења
473
Поени од реакции
502
"When you play Barcelona you chase the ball. You think you're going to get to it and they move it on, so you chase some more and you think you're going to get to it, and they move it on again, so you chase some more and so more and some more. And you're knackered … and you look up at the scoreboard and you think: 'shit, there are still 88 minutes of this left'."


Е вака идеше утакмицата за Мадрид..
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
156
Поени од реакции
201
ЧЕСТИТО НЕКА НИ Е НОВИОТ ТРИУМФ НА БЕРНАБЕ, ДА НИ СЕ МНОЖАТ !!!!!

Мое видување за натпреварот :

Пред почетокот на првото Класико годинава, беа многу работи не јасни, но на сите ни беше јасно дека Реал беше во подобра серија па од таму и дека ова ќе биде најтешкото Класико од кога Пеп е на кормилото на Барселона ....

Јас секогаш верував во Пеп, секогаш верував во оваа генерација и знаев дека можеме , а и мораме да победиме во Мадрид ....

Пеп излезе со најдобриот состав во моментот, имаше доверба во фитнесот на Пујол и Маскерано го остави на клупа .... Ова на крај испадна како еден од клучевите поради кој го добивме Класико .... Капитенот одигра маестрален натпревар, без грешка, со 14 одземени топки .... Не го остави Роналдо да диши ....

Ненадејната грешка на отварањето на натпреварот на Реал му донесе предност .... Во првите 20 минути Реал играше пресинг , како што немам видено до сега .... Сврзувавме едвај три до четири додавања , и нашите акции беа прекинувати далеку од противничкиот гол .... Во тој дел од натпреварот Иниеста одигра под своите можности, Цеск како да го немаше на терен, Абидал правеше грешки, а Санчез некако како да се прилагодуваше ....

И по кој знае кој пат се докажа зошто Лео е најдобар, се докажа зошто Лео е клучен, се докажа зошто Лео едноставно НЕ Е ОД ОВАА ПЛАНЕТА ..... Маестралниот пробив кој изгледаше невозможен при толку добриот и силен пресинг на противникот, и уште помаестралното додавање до Санчез беа ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ ....

По нашето изедначување противникот продолжи во истото темпо .... Реал имаше и други прилики, исто и ние ... Роналдо по кој знае кој пат докажа дека не е за големи натпревари, а споредувањата со Меси веќе стануваат повеќе од смешни .... Роналдо можеше да му донесе победа на Реал, а тој му донесе пораз ....

Како одминуваше времето тој силен пресинг на реаловите фудбалери полека паѓаше, очигледно дека тој пресинг беше вештачки, од еуфорија, што би се рекло пресинг со сила .....

Иниеста стана незапирлив, пасовите почнаа да се одвиваат се подобро и потечно, очигледно беше дека ТРИУМФИРАМЕ !!!!
Ние трпеливо си ја наметнувавме играта, за да во второ, ЧАВИ :cuc::cuc:во неговиот 600ти натпревар во Сино - Црвениот дрес ни донесе водство на Бернабе ....

После погодокот го раширивме противникот по страна, заморот беше немилосрден за нив, незнаеа каде се .... Слободно можеа да примаат пет комада, иако и тие имаа свои шанси и за враќање во игра .....

Играчот кој се врати дома од ,, Островот " , играчот кој скапа на клупата за резервни фудбалери, играчот кој не е наше дете туку на Венгер, играчот кој е за некој дури и предавник ГО РЕШИ НЕМОЌНИОТ РМ .....

Ова беше ново тактичко предавање на Мистерот за Преведувачот .... Пеп секогаш имал решение за секаква ситуација, пеп секогаш знае да го извади најдоброто од тимот, Пеп е најголемиот мотиватор во фудбалот ......... ГОРДИ СМЕ ШТО ГО ИМАМЕ ........... :cuc::cuc:


Многу важни три бода се освоени, од директниот ривал .... Ова станува традиција, го губи епитетот дерби ;) Сигурен сум ова ќе биде одлучувачкиот натпревар за добивање на Премиера


VISCA EL BARCA Y VISCA CATALUNYA <33333333333333333333333
EJJJJJJJJJJJJ СИ МИ ЈА УКРАЛ СЛИКАТА ШТО ЈА ПРАЕВ :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom