Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.708
Поени од реакции
22.846
Неколку интересни податоци од Ел Класико:
  • Алвес и Меси се единствените 2 играча на Барса кои секогаш се наоѓаат во стартниот тим против Реал Мадрид, откако Пеп Гвардиола е тренер на Барса.
  • Со Гвардиола на клупата, Барса нема изгубено на Бернабеу. Билансот од 6те гостувања во Мадрид е 4 победи(3 во лигата и 1 во ЛШ) и 2 нерешени.
  • И после 26 натпревари, Гвардиола има употребено 26 различни стартни 11ки. Сезонава, Пеп сеуште нема повторено ни една иста стартна постава. На 26 натпревари излегува со 26 различни стартери.
  • Од 14те играчи кои играа на ова Класико кај Барса, 9 се од младинската школа. Кај Реал, од 14 употребени играчи, само Касиљас е од младинската школа.
  • Барса имаше 67.5% посед на топката.
  • Чави го играше 600тиот официјален натпревар во дресот на Барса и во него постигна погодок, со помош на Марсело.
  • И двете летни засилувања, Алексис и Цеск, беа во стартниот тим и исто така и двајцата постигнаа по еден погодок.
  • Пике и Пујол досега имаат одиграно 55 лигашки натпревари заедно. Билансот е 46 победи и 9 порази.
  • Пујол, на ова Ел Класико имаше освоено 14 топки од противникот, а не загуби ниту една. На целиот натпревар тој направи само еден фаул и исто така еднаш беше направен фаул врз него.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
  • Пике и Пујол досега имаат одиграно 55 лигашки натпревари заедно. Билансот е 46 победи и 9 порази.

Да имаа 9 порази само они, што ќе беше со другите... :)
Немаат пораз кога играат заедно, тоа 9-ката е бројот на нерешени натпревари.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Прочитав на еден странски форум еден податок, незнам колку е точен, а гласеше: на последните 100 натпревари на кои Иниеста изиграл 90 минути Барса има само 2 порази. Е сега колку е 100% точно не знам.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
ЧЕСТИТО НЕКА НИ Е НОВИОТ ТРИУМФ НА БЕРНАБЕ, ДА НИ СЕ МНОЖАТ !!!!!

Мое видување за натпреварот :

Пред почетокот на првото Класико годинава, беа многу работи не јасни, но на сите ни беше јасно дека Реал беше во подобра серија па од таму и дека ова ќе биде најтешкото Класико од кога Пеп е на кормилото на Барселона ....

Јас секогаш верував во Пеп, секогаш верував во оваа генерација и знаев дека можеме , а и мораме да победиме во Мадрид ....

Пеп излезе со најдобриот состав во моментот, имаше доверба во фитнесот на Пујол и Маскерано го остави на клупа .... Ова на крај испадна како еден од клучевите поради кој го добивме Класико .... Капитенот одигра маестрален натпревар, без грешка, со 14 одземени топки .... Не го остави Роналдо да диши ....

Ненадејната грешка на отварањето на натпреварот на Реал му донесе предност .... Во првите 20 минути Реал играше пресинг , како што немам видено до сега .... Сврзувавме едвај три до четири додавања , и нашите акции беа прекинувати далеку од противничкиот гол .... Во тој дел од натпреварот Иниеста одигра под своите можности, Цеск како да го немаше на терен, Абидал правеше грешки, а Санчез некако како да се прилагодуваше ....

И по кој знае кој пат се докажа зошто Лео е најдобар, се докажа зошто Лео е клучен, се докажа зошто Лео едноставно НЕ Е ОД ОВАА ПЛАНЕТА ..... Маестралниот пробив кој изгледаше невозможен при толку добриот и силен пресинг на противникот, и уште помаестралното додавање до Санчез беа ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ ....

По нашето изедначување противникот продолжи во истото темпо .... Реал имаше и други прилики, исто и ние ... Роналдо по кој знае кој пат докажа дека не е за големи натпревари, а споредувањата со Меси веќе стануваат повеќе од смешни .... Роналдо можеше да му донесе победа на Реал, а тој му донесе пораз ....

Како одминуваше времето тој силен пресинг на реаловите фудбалери полека паѓаше, очигледно дека тој пресинг беше вештачки, од еуфорија, што би се рекло пресинг со сила .....

Иниеста стана незапирлив, пасовите почнаа да се одвиваат се подобро и потечно, очигледно беше дека ТРИУМФИРАМЕ !!!!
Ние трпеливо си ја наметнувавме играта, за да во второ, ЧАВИ :cuc::cuc:во неговиот 600ти натпревар во Сино - Црвениот дрес ни донесе водство на Бернабе ....

После погодокот го раширивме противникот по страна, заморот беше немилосрден за нив, незнаеа каде се .... Слободно можеа да примаат пет комада, иако и тие имаа свои шанси и за враќање во игра .....

Играчот кој се врати дома од ,, Островот " , играчот кој скапа на клупата за резервни фудбалери, играчот кој не е наше дете туку на Венгер, играчот кој е за некој дури и предавник ГО РЕШИ НЕМОЌНИОТ РМ .....

Ова беше ново тактичко предавање на Мистерот за Преведувачот .... Пеп секогаш имал решение за секаква ситуација, пеп секогаш знае да го извади најдоброто од тимот, Пеп е најголемиот мотиватор во фудбалот ......... ГОРДИ СМЕ ШТО ГО ИМАМЕ ........... :cuc::cuc:


Многу важни три бода се освоени, од директниот ривал .... Ова станува традиција, го губи епитетот дерби ;) Сигурен сум ова ќе биде одлучувачкиот натпревар за добивање на Премиера


VISCA EL BARCA Y VISCA CATALUNYA <33333333333333333333333
 

Attachments

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
доста беше глумење и преправање - рекоа Пеп и момците..........и го ЗГАЗИЈА реал :pos:

тешко е да си мадридиста неколку години наназад........
 
Член од
15 септември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
17
http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/373857_1718861827611_1720246301_919636_1575634757_n.jpg...
Поздрав до сите Кулеси што присуствуваа на собирот и што дојдоа и веруваа во Барса .Не сум многу голем обожавател да пишувам реферати ...Едно ке кажам Барса ВЛАДЕЕ ,владееме со модерниот фудбал ,мадригеноси остај те ги немаат поима што тресат секое Ел класико и после се кријат како (Пичиња) ...Кој присуствуваше знае како помина и After Party -to во МсМ ...веке во Четврок играме нареден дуел 1/2 финале ,и се надеваме на финале и титула од Светското Клубско :))) Ве сака тачито . Visca El Barca <3
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Не зборам за таа ситуација.
Пред тоа беше свирен фаул над Иниеста, ама овој продолжи да трча и го собра Коентрао...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не зборам за таа ситуација.
Пред тоа беше свирен фаул над Иниеста, ама овој продолжи да трча и го собра Коентрао...
Субјективни се и во преносот секогаш прават така ,ако Барса е во ситуација на офсајд даваат по 3-4 пати повторена снимка ,некој прекршоци пола ги пренесуваат пола не.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Сликата ја замрзнаа зашто во тој момент влезе пак Џими Џамп и проба да му стави капче со грбот на Каталонија на Роналдо,а од Мадрид место да свртат камера на друга страна цел пренос го замрзнаа

Вистина е ова ? Извор ? Успеал или не?
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Сликата ја замрзнаа зашто во тој момент влезе пак Џими Џамп и проба да му стави капче со грбот на Каталонија на Роналдо,а од Мадрид место да свртат камера на друга страна цел пренос го замрзнаа

Нека потврдат фанови на Мадрид ако уопште ја отвараат темава ама мислам дека ова не се годинашниве дресови на Мадрид. Со златни линии им се оваа година.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Се извинувам дечки моја грешка ова го најдов на фб во фан група на Барса и го постирав без да проверам дали веста е релевантна.ИЗВИНЕТЕ следниот пат ќе бидам внимателен кога пренесувам нешто.Фаил за мене (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom