значи, ако е се во моторт како што треба, нема теоретски шанси да се измешаат течности меѓусебе. втора работа е дека аке се стави чист антифриз треба сепак да гледаш од кого купуваш. ако е некој непознат и не проверен бренд многу лесно може да ти ги нагриза цревата или дихтунгот на главата и ТОГАШ ДА ДОЈДЕ до протекување на антифризот во маслото.
од друга страна користење на чист антифриз е паметна работа... зашто? затоа што ја дигаш точката на провривање (некаде околу 155-160 степани е) додека на водата е 99-100 степени точка на вриење. на разредениот антифриз (оно до -40) точката на вриење е максимална околу 115 степени. значи со чист антифриз, неможе да ти се деси да ти изгори дихтунг на глава, да искривиш глава или скршиш карика во случај да ти прегрее колата поради некој дефект (на пример прегорела перка или термостатот што ја вклучува). сепак чист антифриз нема да те спаси ако колата ти прегрее затоа што немаш доволно течност, т.е. од некаде капе или тече...
колку за компарација, јас повеке од 10 години турам чист 100% антифриз. пред повеке од 5-6 години, една застава 128 ја тестирав со прегревање. кренавме температура од 145 степени и не изгоре ни дихтунг ни глава се искриви ни карки скрши ни ништо. после 10-то то прегревање на таа температура, отидоа јабан гумиците на вентили, се стврднаа... само повторувам, зимајте ПРОВЕРЕН АНТИФРИЗ!!!! немојте непознати марки, многу лесно тој антифриз преоѓа во киселина. антифризот мора да има Ph вредност помеѓу 7 и 7,4. над тоа е база, под тоа е киселина. ако е киселина нагризува, ако е база ке ви ги затне цевките, пумпата, парното и хладњакот...
--- надополнето: Dec 11, 2011 1:14 PM ---
антифризот е на Макпетрол 150 или 170 денари незнам колку е точно мислам дека е добар