САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
2001 година војната во Македонија, Американците ги вооружуваа Албанските терористи, 2004 та година за да не биде успешен референдумот за децентрализација Македонија се призна со уставното име баш тогаш, и тоа преку ноќ за време на молкот, а денес имаме притисоци од Вашингтон за да се промени уставното име..:mad:

А Грците немаат никакви проблеми, едноставно имаат апсолутна подршка од Амерканците, дури лани целосно ги укинаа америчките визи за грчките граѓани.. Од многу нешта се познава дека тие имаат апсолутна подршка од САД..
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Не е апсолутна подршката за Грција, но не е ни за занемарување.

За Хаг и пресудата всушност ми беше муабетот. Јас, морам да ви признаам, не си ги оптоварував воопшто мозочните бразди ни со Хаг, ни со тужба, ни со пресуда, не бев напнат како пушка а ла тинејџер пред губење невиност околу резултатите од процесот, па сега не морам како опозиционерине што нé отекоа со муабетот колку тоа на Македонија ќе и донесе негативни поени оваа хашка авантура, значи не морам како опозицијата сега да глумам лудило оти со своите тврдења по којзнае кој пат сум им помагал на Грците, бидејќи за мојата незаинтересираност имам многу едноставно оправдување.

Имено, Македонија ја тужи Грција заради ветото од Букурешт, кое, пак, вето ни беше ставено како затка за нашите аспирации кон НАТО, а за мене влегувањето во таа организација е исто како безумни да влегуваме во Третиот рајх. И така јас опуштен и незаинтересиран бев фатен во тесно од три многу интересни факти. Најпрво од медиумите дознав дека Грците мавтале со нашите учебници по историја пред хашките судии и, многу налутени, го вперувале прстот кон картата на Македонија, онаа целата Македонија со сите три дела во една целина, дал како Самуилова држава, дал како дел од Отоманската Империја, сеедно, значи од времето кога уште никој во Европа не почнал да размислува за измислување на држава со чудно име Грција. Гарант покажувале и на картата од лекцијата за походот на Александар, ама тоа не го чув, па сега си правам акробации низ умов. И што заклучуваме од ова? Дали Грција со нас разговара само за разликите околу името? Зошто нашите политичари, факинг експерти и рашрафени новинари, дваесет години нé лажат дека само околу името е муабетот? Па Грците бре мртви ладни, без око да им трепне, нé обвинуваат дека учиме историја. И тоа ај што нé обвинуваат дека учиме историја, ним им пречи што ја учиме сопствената историја. Да ја ставиме во мирување и историјата, а образование, тука си, ме следиш?

Втората работа што ме истресе од гаќи, а ми пристигна од хашката пресуда се заклучоците околу имињата на аеродромот „Александар Велики“, арената „Филип Втори“ и споменикот на „Александар Македонски“. За копиљаците од почетокот на овој текст Александровците Велики и Македонски се иста личност, ниту се родени во долината на волците, ниту се мувале со Џанан, ако воопшто Џанан е име на жена. Судот во Хаг ни кажа дека толку отекуваната антиквизација всушност нема никаква врска. Дали ние нашиот стадион ќе го крстиме Филип Втори, Антигон Едноокиот, Волт Дизни или Трејси Лордс си е наша работа и Грција нема што тука да ни се плетка во игли. И што треба сега ние граѓаните на оваа држава да им кажеме на господата од опозицијата, на новинарите што од „шупље во празно“ се претурија од А1 во Фокус, на сите оние разгракани фрчковци, денковци, милчини и преостанати папуљаси што ни се претставуваа како експерти, што да им кажеме, а? Не ме пали фактот што дузина нелустрирани удбаши се тртеле дури стигнале до идиотскиот термин „антиквизација“, ама страшно нé нервира што истата таа „антиквизација“ ни ја извадија низ нос, животите ни ги трошеа лаејќи и лажејќи нé, времето почнаа да ни го мерат, пред и со Груевски. Сме краделе туѓа историја, сме ги расипувале односите со „меџународната“, сме се оддалечувале од преговорите со Грција и, трт, судот на истата таа „меџународна“ заедница ни кажа, дечки, и покрај фактот што тужената страна си најде аргумент кај македонската опозиција, вие бркајте си работа, ако сакате и Охрид прекрстете го во Лихнид, макар плаќале и по едно евро да влезете во него.

Третата и најважна заушка што ја изедов се случи по донесувањето на судската пресуда. ЕУ, НАТО и Стејт департментот веднаш се истопорија да ни кажат дека нема да ја почитуваат пресудата. Тонч! Уште Бан Ки-мун што не излезе да каже „Фак Хаг!“ За копиљаците од почетокот на текстот, Бан Ки-мун е претседател на Обединетите нации и дојде на местото на Морган Фриман, овој Кофи Анан. Значи моќните организации што ги водат сé сами моќни држави, инаку членки на ОН, а богами и на Советот за безбедност, не ги почитуваат одлуките на судот што тие го создале. Сето ова поедноставено, со силеџиски муабет кажано, гласи: „Ќе ви се курчиме, пошо ни се може!“. И по целата оваа гротеска на која се изложија ЕУ и НАТО, ние и понатаму ќе си вергламе дека сме баш конструктивни во нашите аспирации кон овие организации на силеџии и хулигани, политички коректно наречени политичари и бирократи. И што после? Што ќе правиме откако ќе се откажеме од својот идентитет за да нé пуштат внатре во клубот „кај што искачаат хулиганите“? Дали тогаш, оти сме повеќе и посилни, ќе можеме да ги грабнеме тоа Ромите и да ги истераме од земјава, ќе станеме фраери како Французите и никој суд за никакви човекови права нема ништо да ни може, тоа ли е муабетот, тоа ли е финтата? Кај и сега учествуваме во убивањето авганистански и ирачки деца што ни „т“ од тероризам нам не ни направиле, тек кога ќе застанеме рамо до рамо со силеџиите, онака обезличени, ама интегрирани, тек тогаш кај ќе ни биде чаламот, жив суд нема да може да нé контролира, оти нема да го почитуваме бе брат! Ужас невиден! Баш би сакал да го видам тој маж што сега ќе нè убедува да му веруваме, кога ќе нé лаже дека треба да го смениме името, затоа што нé очекуваат отворените врати на „принципиелните“ ЕУ и НАТО.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121011838302&id=13&prilog=0&setIzdanie=22452
 
P

PewDiePie

Гостин
Славјански брат,Америка може не ни е пријател ама Русија па ич. Ај кажи ми на каков начин во овие 20 години самостојност ни има помогнато Русија ? Озбилно ова те прашувам,кажи воено ни помогнале,отвориле фабрики тука,можеби на политичката сцена, м? Зошто јас не памтам Русија да ни има помогнато до сега,било како.
За со сврбите знаеме дека си ги даваат,тоа воопшто и не ме интересира. За нас кажи ми кој би бил спасот ако бараме спас во Русија ?
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346

Абе брат во тешка заблуда сте. Како сакате да ви помогне Русија, кога 24 часа на ден, 30 дена во месецот, 12 месеци во годината, во нашата и српска држава се збори само за НАТО и ЕУ.
Русија и помогна на Србија со ветото во ООН.Тоа што НАТО и ЕУ ја кршат резолуцијата за Косово, тоа кажува за ЕУ и НАТО, кој се и што се.
Инаку Русија го отвори рускиот пазар за стоки од србија по повластени услови.
Русија ќе ја направи Србија центар за достава на гас во регионот.
Путин достави покана на Србите да бидат дел од евроазиската унија, кој е огромен пазар.
Стабилноста на Република Српска, во однос на банкротираната федерација на хрвати и босанци,голем дел имаат Русите со нивните инвестиции, како и нивната политичка подршка.
А Србија враќа, ми очемо во ЕУ и НАТО, то су наши стратешки цели, а ЕУ и НАТО, you must say bay bay to Kosova.

Ако вас настаните од 2001 не ви се доволен показател кој се НАТО и ЕУ, ако рамковниот договор и новата територијална поделба кои се менаџирани од ЕУ и НАТО а кои се проекти кои ќе ја урнат Македонија и тие ништо не ви кажуваат, ако условите за името, правата на Македонците во НАТО и ЕУ итн, не ви се доволни показатели за било што, како може да дискутираме понатаму ?

Инаку благодарение на славјанското братство, ние добивме воена опрема по многу поволни услови со се пилоти, тоа не беа ниту американци ниту германци.
Ама џабе брат, овци кога носат на колење, само белекаат.
--- надополнето: Dec 11, 2011 12:37 PM ---
Они су хтели у савез Русија - Белорусија и онда учинило им се да нико им ништа не може јачи су од судбине и учинило им се да је Србија до Токија, но тоа пред војната, после војната су се отрезнили.
--- надополнето: Dec 11, 2011 12:31 AM ---

Чудни симптоми, престани да го гледаш Томиќ.
Повели момче линк, ова ти е само почеток.
http://en.wikipedia.org/wiki/George_Washington_(statue)
Уууу ММЕ па овие не надминале нас во антиквизација, а што има врска Америка индијанска со Зеус ?

А за другото што го кажав, сам ќе си го најдеш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
2001 година војната во Македонија, Американците ги вооружуваа Албанските терористи, 2004 та година за да не биде успешен референдумот за децентрализација Македонија се призна со уставното име баш тогаш, и тоа преку ноќ за време на молкот, а денес имаме притисоци од Вашингтон за да се промени уставното име..:mad:

А Грците немаат никакви проблеми, едноставно имаат апсолутна подршка од Амерканците, дури лани целосно ги укинаа америчките визи за грчките граѓани.. Од многу нешта се познава дека тие имаат апсолутна подршка од САД..
САД никого не вооружуваа, барем не директно, можеби приватни агенции работеа на тоа но не и владата.

И баш напротив, во многу случаи КФОР т.е. америте ни даваа детални податоци за движењето на ОНА од Косово кон Македонија.

Ние бевме распар држава, немаше шанси да ја пребродиме таа криза, го видоа тоа навреме и сторија се што можеа да ја зачуваат Македонија како држава.

Тоа е вистината, ние можеме колку сакаме да си бараме причини и рачки, за нашата неспособност.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.356
Инаку благодарение на славјанското братство, ние добивме воена опрема по многу поволни услови со се пилоти, тоа не беа ниту американци ниту германци.
Ама џабе брат, овци кога носат на колење, само белекаат.
Инаку хеликоптерите беа украински, не руски. Русија силно се спротивставуваше и одби да и продаде на Македонија било какво оружје, по било каква цена. Тогашниот украински премиер беше силно против Јанукович и се залагаше за влез на Украина во ЕУ. Да беше до Русија ние не требаше да имаме ни муниција. Во право си за последната реченица...
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
САД никого не вооружуваа, барем не директно, можеби приватни агенции работеа на тоа но не и владата.

И баш напротив, во многу случаи КФОР т.е. америте ни даваа детални податоци за движењето на ОНА од Косово кон Македонија.

Ние бевме распар држава, немаше шанси да ја пребродиме таа криза, го видоа тоа навреме и сторија се што можеа да ја зачуваат Македонија како држава.

Тоа е вистината, ние можеме колку сакаме да си бараме причини и рачки, за нашата неспособност.
алооооо човече, Американците сакаат да се промени уставното име на државата!! Ти свесен ли си за тоа??? Зошто најголеми притисоци имаме од САД ?
Американскиот Амбасадор како ни рече,кратко и јасно, одлуката на ХАГ не игра улога,вие морате да го решите името,поточно кажано,морате да го смените името за да влезете во НАТО..:tapp:
А ти само така продолжи да мислиш,дека Американците ни се пријатели..:tapp:
 
B

Black Guard

Гостин
Американците ни се ЕДИНСТВЕНИОТ пријател од големите сили (ако може тоа да се нарече пријателство, со оглед дека тие си бараат марионети) кој од секогаш не поддржувал и ќе не поддржува.

Ако не беа тие досега Македонија неколку пати ќе пропаднеше, немаше да ја има.

Ако некој не знае, каква таква поддршка сме имале од Американците дури и за време на илинденското востание.

Така да ми се смачи од глупостиве што ги изначитав.

100% Точно и да им биде јасно на сите дека за време на ембаргото Турција и САД донираа храна и гориво па од заеднички обуки,вежби,партнерства за МиР и со учествата(практично НАТО) на САД и одговара сигурен и стабилен регион а алатката за тоа е НАТО кој веќе и служи на ООН.

Така да ми се смачи од глупостиве што ги изначитав
И мене исто-се делогирам:vozbud:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
алооооо човече, Американците сакаат да се промени уставното име на државата!! Ти свесен ли си за тоа??? Зошто најголеми притисоци имаме од САД ?
Американскиот Амбасадор како ни рече,кратко и јасно, одлуката на ХАГ не игра улога,вие морате да го решите името,поточно кажано,морате да го смените името за да влезете во НАТО..:tapp:
А ти само така продолжи да мислиш,дека Американците ни се пријатели..:tapp:
Ти живееш во паралелен универзум, каде што Србите се јунаци, Русија заштитник на православните браќа, а САД се силите на злото. Тоа е одлична приказна за семејства што живеат на ТВ Пинк. Продолжи така.

САД ја признаа Македонија под уставното име. Изгледа дека е тоа нов метод на притисок на некоја држава да си го промени името. Но за жал, со инка не се турва...
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
САД никого не вооружуваа, барем не директно, можеби приватни агенции работеа на тоа но не и владата.

И баш напротив, во многу случаи КФОР т.е. америте ни даваа детални податоци за движењето на ОНА од Косово кон Македонија.

Ние бевме распар држава, немаше шанси да ја пребродиме таа криза, го видоа тоа навреме и сторија се што можеа да ја зачуваат Македонија како држава.

Тоа е вистината, ние можеме колку сакаме да си бараме причини и рачки, за нашата неспособност.
Има доста македонци што работеа за Кфор како преведувачи во тоа време.Најдобро би било да прашаш некој од нив што правеше КФОР тогаш,чисто колку да си знаеш,да не бидеш во заблуда.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.992
Поени од реакции
12.636
Во политиката не постојат пријатели, постои само интерес и правилото дека поголемата риба и праи шо сака на помалата...а народот го фаќаат емоционално па уште полесно му праат шо сакаат...
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
А еве зошто не е пријател, по полека испадна дека ние имаме повеќе проблеми со Американците него со Грците.

САД и гарантира на Грција дека НАТО нема да ја смени одлуката за Македонија?!

09.12.2011 - 14:11 |
САД и дале гаранција на Грција дека Македонија нема да влезе во НАТО додека не се реши спорот со името.
Ова го тврди грчкиот весник Катимерини по вчерашната средба на американскиот државен секретар Хилари Клинтон со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.
Средбата била на американско барање на маргините на НАТО состанокот во Брисел . За пресудата не станало збор, но Вашингтон побарал интензивирање на преговорите за името и конструктивност од двете страни.
Јасно е дека пресудата не ја обврзува Алијансата да испорача покана за членство за Македонија, но академиците сметаат дека НАТО мора да ги преиспита своите заклучоци.
До Самитот во Чикаго во мај, Македонија ќе треба дипломатски силно да лобира и да ги искористи сите аргументи потврдени од Судот, советува новиот претседател на МАНУ.
- Сега кога имаме ваква пресуда НАТО ќе треба да ја приспита одлуката. Да не заборавиме дека во заклучите за Македонија стои дека земјава ги исполнува сите критериуми и дека единствена пречка е спорот со името - истакна академик Владо Камбовски.
Под наслов “Правната победа за Македонија изгледа шуплива”, лондонски Економист пишува дека никој не врши ниту пак ќе изврши притисок врз Грција да ја промени позицијата и ја почитува времената спогодба.
”Економската криза го стави проширувањето последно во приоритетите на Брисел. Повеќето земји се и среќни што имаат изговор зошто не го туркаат овој процес. Грчкото противење на македонското име оди во прилог”, пишува весникот.
Атмосферата во Алијансата е слична.
На министерскиот состанок, НАТОземјите ја реафирмирале позицијата дека Македонија ќе добие покана штом се реши спорот со името.
Сепак, Грците стравуваат дека сојузниците на Македонија ќе ја стават на маса пресудата од Хаг и ќе притискаат за прием на земјава во Алијансата.
Добро утро бе чоек! :)
Као демек нешто не знаевме, ама се надевавме, ама сега се променија работите, ама еве пак се надеваме и.....пфффффффф... глупости....

Прочитај го уште еднаш тоа подвлеченото и болдираното, па ќе видиш за што станува збор. ако ја најдеш пресудата од Хаг пред неколку дена, уште повеќе ќе ти се разјасни.. Каков интерес, какви бакрачи, какво пријателство, се е само ладнокрвно следење на процедура, а ние овде си правиме бајрам на умот - т.е. нашиве политчари овде ни прават бајрам со умот...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Има доста македонци што работеа за Кфор како преведувачи во тоа време.Најдобро би било да прашаш некој од нив што правеше КФОР тогаш,чисто колку да си знаеш,да не бидеш во заблуда.
А што мислиш од кај го знам тоа?
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
САД никого не вооружуваа, барем не директно, можеби приватни агенции работеа на тоа но не и владата.

И баш напротив, во многу случаи КФОР т.е. америте ни даваа детални податоци за движењето на ОНА од Косово кон Македонија.

Ние бевме распар држава, немаше шанси да ја пребродиме таа криза, го видоа тоа навреме и сторија се што можеа да ја зачуваат Македонија како држава.

Тоа е вистината, ние можеме колку сакаме да си бараме причини и рачки, за нашата неспособност.
друуужеее прочитај ја книгичката од главниот стратег на таа криза генералот панде петровски па збори вака лупаш само
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
друуужеее прочитај ја книгичката од главниот стратег на таа криза генералот панде петровски па збори вака лупаш само
Кој стратег?

Ако ние имавме салам стратези во тоа време, маме ќе еб..
... немаше други да не спасуваат да опстоиме како држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom