Јас сеуште се чудам како Каранка изјави дека екипата е спремна до најситниот можен детал, а, Чаби никогаш немал толку погрешни пасови за еден натпревар, Абидал ја губи секоја топка Ди Мариа доаѓа до таа топка и потоа повторно им ја враќа, Рамос прави катастрофална грешка и за малку не примивме гол, а се смета за топ 5 дефанзивци во светот, Марсело како и по обичај, секогаш поради него примаме еден гол на Ел Класико. После синоќешниот натпревар по не знам кој пат може да заклучам дека во овој тим недостасува оној мадридски дух, го осети тоа и публиката која се обидуваше да ги носи играчите до победа, али едноставно не можеа.
Од кога трае оваа ера на Барселона, никој не ја победил со напаѓачка игра. Тоа не е можно за краток период. За долг период да, али за тоа ние немаме време. До тогаш Барселона би ја освоиле 2-3 пати Лигата на шампиони.
Мурињо е еден од ретките луѓе кои успеал да ја победи Барселона и да ја направи смешна. Тоа не го направи со 60% посед на топка и 2х повеќе додавања од нив. Тоа го направи со 30% посед на топка и 3х помалку додавања. Висок пресинг, максимална физичка и психичка припременост, и ефективна контра е рецептот за Барселона. Тешко изведливо, али изведливо. Реал имаше се од ова наведеното освен ефективна контра (поради промашениот зицер на Роналдо). Бевме многу блиску. Секако после голот на Чави и промашувањето на Роналдо полека се падна во вода..
Напредок има. Ова е мачкина кашлица за разлика од оние 5 - 0. Од тогаш има голем напредок. Али треба уште многу да се работи, Барса не може да се победи преку ноќ. Ова е млад тим со 6-7 нови играчи за овие две сезони. Не можете да очекувате доминација над Барселона и посед на топка. Мурињо одработи одлична работа до сега, причината поради која сета таа работа не може да ја круниса со нешто поголемо е тоа што за противник го има можеби најдобриот фудбалски колектив воопшто.
Реал е вториот најдобар тим во светот, доминираме против сите тимови, освен Барселона. Али Барса е друг свет, и со нив мора поразлично бар сега за сега. Можеби после некое време, со истиот тренер ќе дочекаме како Реал прави 60% посед на топка против Барселона, и да ја надигра Барселона. Али тоа сценарио нема да го гледаме за брзо време..