Нема веќе гага возење за пензионерите

Добро зошто студентите се третираат на подолно ниво од пензионери мајку му стара, зар појше пари имаат?

И не сакам да звучам злобно, ама не знам колку е логично 100 годишни луѓе да купуваат карти за една година кога... имаат по 100 години. Ме сфаќате.
 
Тоа нема врска, картата е ефтина и нека си ја купат. Не е проблемот во едногодишната карта ниту во бесплатниот превоз туку стариве се многу расипани па го злоупотребуваат тоа. Многу ме нервира некој 100 годишен кој ќе излезе да шета и после приумира по пат... па ако не си кадарен кој К.. излагаш у центар...
 
И што ? Сеа им направија цела година речиси гага да се возат, 1200 за цела година, па уште на две рати да не случајно некој пензионер се откаже од купување на карта.. Ова треба да им го овозможат на студентите на кои им е 3 пати побитен градскиот превоз од пензионерите. или да им измолзат уште некој глас пред да починат :cenzura:
 
Ја поддржувам одлукава,1200 годишно не е сума што неможат да си ја дозволат ;)
 
И тоа им е многу што им го нудат како предлог, па уште и се бунаат... Не им ја сфаќам поентава на пензионерите зошто им е тој бесплатен превоз во двата дена од неделата... жити све, шо толку работа бркаат, освен шо се возат по 100пати од ваму-натаму. Ако им е толку за пазар, па скоро секаде има некој што продава зеленчук/овошје или продавничка у маало.

На студентите каде каде им е потребен тој бесплатен превоз, па и можноста 1,200 ден./годишно да биде карта за студенти е добра опција и многу подобра инвестиција. Барем еднаш у недела има студенти кои имаат поголема пауза помеѓу предавања/вежби и супер би им било да си одат до дома, наместо да дремаат на факултет со саати или за да плати плус 70 денари за одење и враќање.
 
нема да купат годишна карта за 1200 денари , оти пензионер се пали на зборови како ГРАТИС , Бесплатно и тн.

Треба да ја преформулираат реченицита :

" ако сте подвижна мумуја и обожавате да се дружите со вашите врсници во вторник и во петок во нашите нови автобуси , купете само ЕДНА месечна карта од 1200 денари , и возете се во наредните 11 месеци БЕСПЛАТНОО !! "
 
Преголема либералност не е на арно. Но од друга страна па како ќе си обезбеди власта, гласачко тело? Но затоа, политика.
Искрено ваквото решение за студентите би било прав џек пот. Јас уште малку би го дотерал да биде пофлексибилно за останатите - после 20 часот ова правило да не важи. Искрено, ме пизди коа ќе видам некои пензионери во 20 часот со мало дете како се буткаат да влезат. Поготово во двокатните.
 
Изборите навидум се далеку, но бргу ќе дојдат па како бумеранг ќе им се врати на властите.
 
Кај го има ова за 20 евра цела година да се истуриш од возење.

Студент е најзагорзена група во општество, мислам по примања, нема редовни и пак му се наплатува како да зема 500 евра месечно. Стариве секој месец со легање по 12/13,000 на сметка и гага возење.

Незнам за вас ама јас би сакал да сум пензионер, за еден глас ќе ме држат во раце како златна кокошка ебаго!
 
И струдентите се гласачи ако е тоа финтата, студентите треба да имаат предност пред пензионерите,зашто имаат големи трошоци за студирање , а немаат свој приход.. во многу земји колку што знам има такви мерки за студенти, како ефтини билети за автобус/трамвај/метро..така и за ред други работи..пример бонови за исхрана и слично..
 
Јас сум за сите цената да биде иста, без дискриминицаија и без повластици. Иста цена за сите 10 денари за едно возење.
 
И струдентите се гласачи ако е тоа финтата, студентите треба да имаат предност пред пензионерите,зашто имаат големи трошоци за студирање , а немаат свој приход.. во многу земји колку што знам има такви мерки за студенти, како ефтини билети за автобус/трамвај/метро..така и за ред други работи..пример бонови за исхрана и слично..
Студентите се гласачи ама има многу неопределени и против власта, додека пензиоерите, кој ќе им качи пензија, ѓи однесе во бања, и гага автобус за него ќе гласаат.
 
Студентите се гласачи ама има многу неопределени и против власта, додека пензиоерите, кој ќе им качи пензија, ѓи однесе во бања, и гага автобус за него ќе гласаат.
Ама не е убаво кога за да добиеш 300 илјади пензионери ќе изгубиш 600 илјади неопределени.

Како и да е, ова е само ПРЕДЛОГ. До седница има уште многу време. Ќе видиме што ќе испадне од сево ова. Сепак добро е што политичарите таму почнаа да ги слушаат граѓаните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom