Абе види и јас сум за отворен ум, ама не до толку па да изветрее. И што сега, лезбејките се замена за распаднатите бракови? Аии не сум во тек со модата.
Многу е важно со кој е детето и какви се нивните вредности и морал. Тука имаме случај каде детето ги отсликува вредностите на родителите (хаха родители - се изгуби значењето на овој збор веќе) и тоа не е во ред. Неговите мисли се сигурно вакви: мама и мама (ох) се вакви, зошто тоа да не биде нормално. Сфаќаш ли дека ако он не размислува така тоа ќе му биде како искажување непочит кон „родителите“. Гледаш, полека полека хомосексуалноста станува прифатена од општеството, кое нема апсолутно никаков правец ниту вредности (уште малку сите ќе станеме како Мерсо од „Странецот“).
Имавме по граѓанско лекција Општествени отстапувања, очекував таму да ги сместат хомосексуалците ама се разочарав кога ги видов во Семејство :|
Родител е секој оној кој ќе се грижи за детето. Сиракот оставен на улица не ги смета за родители оние кои му се биолошки, туку оние кои ќе го приберат на топло и ќе се грижат за него. Моралот нема ебено никаква врска со сексуалната определба. И стрејт родители може да бидат неморални. Сексуалната определба нема никаква врска со поставувањето на еден човек, неговите односи, према другите.
Како што веќе кажав, нечија сексуална определба нема врска со непочитување. Геј родителите не би требало да го учат нивното дете да биде геј, тоа треба да биде слобода на избор. Исто како што стрејт родители не го учат нивното дете да биде геј (а понекогаш и излегува така). Нема ти што да бараш логика или правец во нечиј сексуален живот, исто како што јас немам право да ти кажувам што би требало тебе да ти биде фетиш или да те критикувам дека си болен поради истиот.
Не ми кажувај што сте учеле во книга одобрена од страна на државата, ама сепак, не гледам причина ти да се разочаруваш.
Љубовта, се додека не е изнудена, е убава и нема ни граници, ни закони!