Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.448
- Поени од реакции
- 5.134
Абе арно си гледал, ама што си разбрал е друго...Еј види сега, имам читано и гледав неколку документарци за тоа како британските ловци биле многу пофлексибилни во воздух за разлика од германските, како успевале многу полесно да ги соборат германските бомбардери/ловци.
Не сум експерт за авиони и такви ствари, пренесувам само тоа што сум го видел/прочитал. Ако ти си поголем експерт од тие од History Channel, National Geographic ќе ми биде многу мило да излезеш во јавност и да им ги побиеш фактите.
Прво и основно е да се направи разлика меѓу авион-ловец и авион-бомбардер. Овие вторите се секогаш побавни (со исклучок на денешниот Руски бомбардер Ту-160).
Друга битна разлика е што ловците имаат краток домет, за разлика од огромниот на бомбардерите.
И Британците кога бомбардирале во Германија биле изложени на жесток оган и загуби од страна на Германските ловци. Мислам дека дури и загубите на Британците во бомбардери се поголеми од тие на Германците.
Германскиот неуспех не е од техничка природа (послаби авиони) туку од стратешка. Прво не го доразвиле 4 моторниот бомбардер и второ, бомбардирале погрешни мети.
Ако уште тука се пресмета и големиот недостаток на војска и воена техника (заради напад на Рускиот фронт) многу е јасно зошто Германската инвазија врз Британија не успеала.