Без разлика на твојата вулгарност во постот, понекогаш тоа е одраз на личната култура, ти воопшто не си запознаен со Бог. Јас не ти зборувам за некој си бог кој се раскажувал на ноќните огносви. Јас ти зборувам за вистинскиот Бог, Бог на живите.
Доста наивно е твоето прашање, за да не се види подбивната суштина на истото. Можеш некого да излажеш еднаш, два пати, но постојано...? И лагата кога тогаш се поништува со вистината, но се ова е во домен на логиката на човекот.
Повторно го поставуваш истото прашање. Зарем не разбра дека ти одговорив? Кога нешто знаеш, кога нешто искусиш, кога нешто го проживееш и го живееш, зарем некој треба да ти каже за тоа?
Не. Јас тоа го живеам. Баш ме брига дали ти веруваш во ова или не, и пак ќе ти повторам, ти треба да знаеш дека јас во тоа верувам (со болд да ти биде појасно).
Без разлика на личната култура, јас не сум запознаен со
кој тоа бог? Постојат
многу богови. Само христијаните, статистички, веруваат во стотици разични Јахвеовци/исусовци/гулаби (или без гулаби). Настрана тие 3 (или 2, или еден, според браќава), постојат,
активно, уште најмалку 5000 други
богови кои се едни и единствени, сеприсутни, сезнајни, семоќни,
исто како Јахве твој (или Исус, како што претпочиташ да го именуваш).
Кој Бог?
Околу останатиот дел од постот...
лагата-вистината, кажеш-поништуваш, трт-мрт.... имаше едно просто прашање кое самиот го постави и веќе 4 (четири) реплики избегнуваш да го одговориш. Пишуваш фермани, ме напаѓаш лично, а јас, кутар, смо те прашувам понизно:
Тебе кој ти кажа дека постои Света Троица?
--- надополнето: Dec 8, 2011 5:03 PM ---
А при сето тоа проба да отвориш очи и да видиш што има пред,околу и внатре во тебе?
Си барал на погрешно место,а одговорот е толклу едноставен!
Се шетало, се гледало... и се чекало да пројде, од што било многу за гледање...
Тоа што има во и околу мене, сите чудесии што умот ќе ги перципира или проектира, немаат никаква врска
со тековните (или било кои други)
религии во светов. Првите се во доменот на човековиот ум, психа и свесност. Секое доживување во овој домен е
субјективно.
Секој човек има
свое доживување на која религија и да и' припаѓа. Тоа го прави царството на верниците
најразнородното царство - царство на „членство по форма“ или „членство по декларација“. Не постојат двајца муслимани или двајца христијани кои имаат потполно идентична претстав за својот бог или богови - како сакаш.
Одговорот е навистина едноставен. проучи 10 тековни религии, без предрасуди, па ќе ти се каже. Еден единствен, персонален бог, каков што го претставуваат практично
сите монотеистички и сите
политеистички религии е бесмислен, парадоксален и сам-себе-заебувачки.Самите обиди на учењата на таков ентитет да му пришишат карактеристики на човек се наивни и смешни.
Спиритуално и религиозно. Греота е да се меша што е што.