Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Абортус - да,единствено ако со помош на денешната технологија се потврди дека не е нешто во ред со плодот и потврда дека нема да го биде

еднаш зачнатиот живот има право да си ја проба среќата
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А дали се согласуваш на абортус на дете кое, према теоријата на детерминизмот, еден ден ќе земе бугарски или грчки пасош!?
Јас се согласувам само со правото на абортус, и ич не ми е гајле кои се мотивите на таа што ќе абортира.
--- надополнето: Nov 25, 2011 11:28 AM ---
Благодарам , ова линкче ми беше прочитано но не е на одмет уште еднаш и тоа е така се согласувам но таму се зборува општо за абортусот...нема детаљи,нема објаснато при појава на болести и др. ..тоа ни владиците не го изјавуват , таквите проблеми се решаваат на исповед...доколку одете на исповед ќе дознаете се подетално што ве интересира,за што станува збор,па ќе се уверите а неможам јас да ставам нешто што се кажува на исповед .
Знаете ли што е исповед?
Имате слушнато ако не друго нели?
Кога единката својот личен проблем го кажува на било кој свештеник ,истиот тие тајни не смее е да ги кажува гласно пред други ,но делува со тоа што излегува во пресрет на странката и дава благослов и тогаш се пристапува кон тоа....сите кои се воспитани во христијански дух кои се вистински верници , предани верници пред секој направен чекор одат на исповед ...за благослов...ова на многу луѓе не им е познато бидејки владее неверието кај народот и одалеченоста од црквата е голема....и јас не очекувам дека ќе бидам прифатена ,тоа исто е кога на слепиот му кажуваш дека има сонце а тој тврди дека нема ,а причината е што не го гледа.
Значи, да резимираме:
Црквата јасно и гласно забранува секакво чедоморство, ама под маса и тајно(исповед) си има малце полиберални правила?!
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Јас се согласувам само со правото на абортус, и ич не ми е гајле кои се мотивите на таа што ќе абортира
А што ако тоа право биде злоупотребено?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А што ако тоа право биде злоупотребено?
A како може тоа право да биде злоупотребено?
Мислиш да се поминат дозволените законски рамки кога може да се абортира?
За тоа нека си мислат докторите (тројца) кои го ставиле потписот, дека има причина да се абортира.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Значи, да резимираме:
Црквата јасно и гласно забранува секакво чедоморство, ама под маса и тајно(исповед) си има малце полиберални правила?![/quot
Зошто е тоа така :
Точно така дека забранува секакво предвремено прекинување на бременост или како што што го наименува црквата секакво чедоморство но со секое наше обраќање кон црквата а и кон духовникот, Бог дава благослов и не ослободува доколку се работи за посериозни работи ,болести тоа е факт дека таквиот плод неможе да се донесе на свет,и понатаму да страдаат многумина,значи Бог е милостив премногу, Тој не не осудува, но бара почит од наша страна за неговата добрина,со тоа што ние сме ја искажале нашата мака Тој ни дава благослов и не ослободува од секаков грев ,бидејки причината е ненамерна .
...Што значи дека црквата нема за право тоа што е кажано на исповед да го кажува јавно..мислам ме разбираш ,тоа е исто како кога ние работиме со некој проблем на некој клиент,тој ни се обратил со доверба,со почит ,побарал помош ,се доверил се а ние секому сме раскажале...потполно исто е,тие посериозни проблематики се решават помеѓу нас.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Да, но доколку кај мене/тебе на консултации дојде психопат, не би рекла дека ќе го оставиме на слобода, да продолжи да убива, не?
Библијата јасно и гласно забранува нешто, а Црквата може да си толкува како сака, сепак нема да биде онака како што пишува во книгата.
Целата приказна оди дотаму, што има случаеви каде што после силување црквата забранува day after пилула, а како што гледам, некако не и се допаѓаат ниту бебињата од епрувета.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
А дали се согласуваш на абортус на дете кое, према теоријата на детерминизмот, еден ден ќе земе бугарски или грчки пасош!?
Ја, шефе, во случај на оваква можност,однапред би се осигурала да не дојде до абортус-се разбира, со помош на обострана стерилизација на побугарчените родители (за да се елиминира секаква евентуалија, нали). Е, сеа, за оние за кои не може да се предвиди што створ ќе створат, ја сепак би рекла дека треба да се даде можност за живот-чунки, дедето ќе посака де се врати кон македонскиот корен...:coffee:

Ова според теоријата на хронично засеравање каде што треба и не треба.
 
D

dystopian

Гостин

А не мора да бида пробугарски ориентирани родителите за да детето посегне по туѓ пасош. Нека се патриоти родителите, ама ете согласно детерминизмот, рецимо ќе удри некоја потешка криза за 10тина години и тоа ќе земе пасош од финансиски причини...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А не мора да бида пробугарски ориентирани родителите за да детето посегне по туѓ пасош. Нека се патриоти родителите, ама ете согласно детерминизмот, рецимо ќе удри некоја потешка криза за 10тина години и тоа ќе земе пасош од финансиски причини...
Ако моето дете направи такво нешто, и трошната колиба што сум ја имала, нема да му ја оставам.
Таков изрод јас не би имала за дете.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Јас лично го оправдувам чинот на абортус. И изреволтирана сум од повеќето ваши коментари. Не е во ред, во ова напредно време, да имаме толку застарени сфаќања кон нештата. И ако веќе се забранува абортусот, како чин сфатен само на површно ниво, тогаш нека се забранат сите естетски операции, корекции, забни импланти и сл. Која е сличноста меѓу абортусот и другите наведени работи? Епа гледајте на ова од друг аспект, да ги оставиме на страна религиозните учења, верувања и сл. Доколку некоја млада девојка забремени, која што има да речеме перфектен живот, планови за во иднина, која е на самиот почеток на својата кариера, зар треба да фрли се во вода и да стане мајка на 18 години? Или доколку некоја млада девојка не е во состојба да го издржува детето, т.е. не е во состојба самата да се издржува а камоли детето, зар тогаш треба да го роди тоа дете? Самата бременост може да предизвика тешки психички пореметувања кај девојката, несигурност, срам и чувство на отфрленост од општеството. Истите чувства се јавуваат и кај личности кои не се задоволни со својот изглед, или во крајни случаеви, личности кои доживеале сообраќајна несреќа и при тоа половина лице им е уништено поради сообраќајката, па поради тоа се одлучуваат на естетска операција, и при тоа никој не им ја забранува, епа зашто тогаш да се забрани абортусот? И што, и ако не абортираат овие две девојки, зар вие кои сега сте против чинот на абортус, нема подоцна да ги гледате девојките со предрасуди? Зар нема да прокоментирате дека е „уличарка“, дека родителите не се грижат за неа, дека којзнае со кого спиела, чим останала бремена на 17 години. Дете не може да одгледува дете. А мислам дека крајно време е да престанеме да глумиме филозофи и да дискутираме на вакви теми без претходно да ги земеме в предвид сите аспекти, причини за абортус. Нашето општество, поточно НИЕ сме полни со предрасуди и ретко кој добро размислува пред да каже нешто. Абортусот е право на секоја жена, секој има право да го планира семејството и својот живот. И сите вие кои сте против абортусот застанете за миг (со исклучок на жените во брак и оние кои планират или сакаат да забременат), и замислете дека имате само 17/18 години и денес дознавате дека сте бремена. Што ќе направите? Толку лесно ќе го прифатите фактот дека за 9 месеци ќе имате бебе, и радикално ќе се промени вашиот живот, токму кога сте на самиот почеток на животот, и кога и самата не знаете што понатаму? Лесно е да се гледа од страна и да се зборува, тешко е кога сте дел од случајот...
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Абортусот кога го гледам вака као теоритичар ( и машко) ондах не. Али абортус како право на избор ондах секако дека да. Никако не сум за укинување на опцијата абортус. Btw абортусот се ми се чини дека треба да е одлука на двајцата, никако само на девојката. И банално ми е вмешувањето на религијата во сево ова. Зарем вие просветлени души при анална пенетрација, троструки оргазам и манијакална маструбација помислувате на религија? Бев еднаш нечија подршка и знам носи многу немир многу солзи многу болка многу скршеност многу каење али дава втора шанса.
 
Одлуката треба да биде заедничка, но ако некој (мажот или жената) не сака, неговата одлука е потешка. Односно, никому не можам да му наметнам да биде родител, ниту пак некој може мене. Ако ,,несакајќи,, останам бремена, и сакам да го задржам плодот, а партнерот не сака, ќе го послушам и нема. Но ако не сакам, а партнерот сака, ќе се послушам себе.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Одлуката треба да биде заедничка, но ако некој (мажот или жената) не сака, неговата одлука е потешка. Односно, никому не можам да му наметнам да биде родител, ниту пак некој може мене. Ако ,,несакајќи,, останам бремена, и сакам да го задржам плодот, а партнерот не сака, ќе го послушам и нема. Но ако не сакам, а партнерот сака, ќе се послушам себе.
Ок така е ти се може ко грл . Али зарем не мислиш дека е тоа малку егоистично? Или опцијата да се абортира а момчето поима да нема шо се дешава? Абортусот како " дисциплина" бара многу разгвор фејс ту фејс и многу подршка и многу разбирање. Значи да се разбереме ја у принцип не судам само дискутираме.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Јас лично го оправдувам чинот на абортус. И изреволтирана сум од повеќето ваши коментари. Не е во ред, во ова напредно време, да имаме толку застарени сфаќања кон нештата. И ако веќе се забранува абортусот, како чин сфатен само на површно ниво, тогаш нека се забранат сите естетски операции, корекции, забни импланти и сл. Која е сличноста меѓу абортусот и другите наведени работи? Епа гледајте на ова од друг аспект, да ги оставиме на страна религиозните учења, верувања и сл. Доколку некоја млада девојка забремени, која што има да речеме перфектен живот, планови за во иднина, која е на самиот почеток на својата кариера, зар треба да фрли се во вода и да стане мајка на 18 години? Или доколку некоја млада девојка не е во состојба да го издржува детето, т.е. не е во состојба самата да се издржува а камоли детето, зар тогаш треба да го роди тоа дете? Самата бременост може да предизвика тешки психички пореметувања кај девојката, несигурност, срам и чувство на отфрленост од општеството. Истите чувства се јавуваат и кај личности кои не се задоволни со својот изглед, или во крајни случаеви, личности кои доживеале сообраќајна несреќа и при тоа половина лице им е уништено поради сообраќајката, па поради тоа се одлучуваат на естетска операција, и при тоа никој не им ја забранува, епа зашто тогаш да се забрани абортусот? И што, и ако не абортираат овие две девојки, зар вие кои сега сте против чинот на абортус, нема подоцна да ги гледате девојките со предрасуди? Зар нема да прокоментирате дека е „уличарка“, дека родителите не се грижат за неа, дека којзнае со кого спиела, чим останала бремена на 17 години. Дете не може да одгледува дете. А мислам дека крајно време е да престанеме да глумиме филозофи и да дискутираме на вакви теми без претходно да ги земеме в предвид сите аспекти, причини за абортус. Нашето општество, поточно НИЕ сме полни со предрасуди и ретко кој добро размислува пред да каже нешто. Абортусот е право на секоја жена, секој има право да го планира семејството и својот живот. И сите вие кои сте против абортусот застанете за миг (со исклучок на жените во брак и оние кои планират или сакаат да забременат), и замислете дека имате само 17/18 години и денес дознавате дека сте бремена. Што ќе направите? Толку лесно ќе го прифатите фактот дека за 9 месеци ќе имате бебе, и радикално ќе се промени вашиот живот, токму кога сте на самиот почеток на животот, и кога и самата не знаете што понатаму? Лесно е да се гледа од страна и да се зборува, тешко е кога сте дел од случајот...
Прво воопшто не е точно и погрешно е твоево сфаќање дека млада девојка која ќе роди дете мора да заборави на својата иднина,т.е на своите планови и желби.И мајка ми останала бремена млада па завршила факс и си ги остварила сите свои желби.Самата бременост како бременост не може да предизвика тешки психички заболувања,тоа може да го предизвика само абортусот.
Абортусот не е право на СЕКОЈА жена....ако веќе постои абортус иако јас не го оправдувам е нешто за кое треба да одлучат двете страни...и мајката и таткото.....ниту една жена нема право сама да одлучува за нешто кое се однесува на двајца.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom