Давид Луиз може да си замине од Челси уште во Јануари бидејќи Јувентус веќе планираат да испратат понуда за Бразислкиот одбранбен играч.
Според магазинот The Mirror, Јувентус спремаат 15 милиони фунти за Луиз уште во Јануари и може да го купат и Алекс кој се очекува да си замине.
Луиз дојде на Стемфорд Бриџ пред една година од Бенфика за сума од 24 милиони фунти, но по одличниот старт на својата кариера во Челси тој во последните неколку натпревари не се прикажува баш најдобри.
Централниот дефанзивец го смени својот карактер и веќе има добиено седум жолти картони во 14 натпревари под раководство на Андре. Луиз можеше да добие и црвен картон на натпреварот против Њукасл минатата недела, но доби само жолт откако го собори Демба Ба пред шестнаесетникот.
Но, се верува дека Андре нема да го продаде Луиз толку лесно иако Јувентус планираат формално да испратат понуда.
Во меѓувреме, Алекс се очекува да си замине од Челси откако побара да биде префрлен во друг тим и Јувентус се една од можните дестинации на играчот кој има 29 години.
Код:
http://www.chelseafc.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2789%3A2011-12-07-15-54-20&catid=45%3A2010-05-03-12-29-12&Itemid=250