Калиопи на Евровизија 2012

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
3.Изборот на Песна за Евровизија го сфаќам како можност изведувачот да си сними спот на државна сметка и десетина луѓе да се прошетаат до странство.
ееее, да само ти така си сфаќаш ќе беше арно, најлошото е што изведувачот и неговата свита на луѓе тоа така си го сфаќаат па за тоа секоја година се тепаат за да добијат еден пред сезонски одмор од недела дена. Би било добро да има некакви мерки т,е пенали кои би ги плаќал пејачот и неговата екипа ако не направи ништо на евровизија, па да види како ќе собираат од улица луѓе за да може да се одржи фестивалот за избор на песна Скопје ХХХХ
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
МРТВ ја чести Калиопи одмор во Дубаи?!

Калиопи Букле која ќе ја преставува Македонија на годинешниот изборот за песна на Евровизија кој ќе се одржи во Азербејџан, деновиве ќе замине во Дубаи. Сепак таа не кажува дали тоа ќе биде на нејзин трошок или, пак, одморот го плаќа МРТВ, организатор на песната за Евровизија?!

- Пред новогодишните празници ќе заминам во Дубаи каде добро ќе се одморам и токму таму ќе црпам инспирација за евровизиската песна. Искрено уште се двоумам дали тоа ќе биде балада или некоја брза песна. Има, но и нема време, но се надевам дека патувањето во Дубаи ќе ми помогне да ја изберам вистинската песна, изјавила Калиопи за емисијата „Ексклузив“ на „Џангл тв“.

За тоа како поп дивата ќе изгледа на сцената во Азербејџан, таа вели:

- За мојот стајлинг ќе се погрижи мојот проверен тим во кои ќе бидат дизајнерите Розе Трајчевска, Александар Ношпал, фризерот Зоран Шурбевски и Александар Каприш од Белград. Јас верувам во овој тим и знам дека можам целосно да им се дадам - вели Калиопи.

Таа вчера си доби и нов автомобил од Еуроимпекс, пежо 508-ца, и тоа црно.

http://www.plusinfo.mk/vest/25540/MRTV-ja-chesti-Kaliopi-odmor-vo-Dubai
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Е браво. МРТВ може уште нешто да ја почести. Нека и го плати и зимувањето следната година и летниот одмор 2012 во Куба. :pos: Нема проблем, таа плука по нас, а овие ќе и плаќаат за во Дубаи.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Е браво. МРТВ може уште нешто да ја почести. Нека и го плати и зимувањето следната година и летниот одмор 2012 во Куба. :pos: Нема проблем, таа плука по нас, а овие ќе и плаќаат за во Дубаи.

Не и плаќа НеМТеВе, него народот и плаќа. Ај сега таксата да скокне за уште толку, за да има Каљопа џепарлак за во Дубаи.

Не сакам да мразам луѓе, ама колку ми станува одвратна женава, тоа чудо е.
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Добро сеа, настрана мизеријата наречена МРТВ, глупо е да се заклучи дека тие и плаќаат базирано на ништо. Не гледам да ја прашале, па таа да одговорила или не. Сеирот си е супер, ама нема потреба да се фрлаат некои заклучоци од ракав истресени. И сеа ако Калиопи сама си плаќа шо праиме? :ROFLMAO:
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
конечно нешто паметно и нормално како што доликува......доста ми е више од адолесценти на сцена кои крчат и фалшираат,со нискобуџетни песни.Заради тоа неам гледано еврозвизија со години ама затоа оваа год ќе глеам заради Калиопи,
--- надополнето: Dec 7, 2011 10:40 AM ---
Калиопи уште ли не научи дека не ја сака народот?
како тоа не ја сака народот?од каде оваа твоја информација? ако не ја сакаш ти не значи дека не ја сакаат сите.Јас напротив секој втор човек што го познавам ја сака и го почитува тоа што она го работи зашто после Тоше она за мене е број еден во Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241

Да се шета цела свита и да се рекламира со наши пари низ Европа е крајно невкусно од една госпоѓа која многупати се промовираше како хуманитарка со оглед на нејзиниот однос кон аудиториумот плус во услови на сиромаштија и кризи.
Една интересна колумна за состојбите во МТВ, а во врска со трошоците, манипулациите, незаконските хонорари во куќата и трошоците ефектите од испраќање наши учесници на Евровизија. Текстот е премногу долг па го постирав само вториот дел:

Калиопи ќе и отпее панихида на МРТВ
Но раководството на МРТВ, па и самата пејачка, ај што мораат, туку имаат и законска и морална обврски кон граѓаните, кои плаќаат радиодифузна такса, да кажат и да обзнанат – дали сега е вистински момент да се размислува за Азербејџан? Дали мораше тоа деновиве да се случи, и на крајот на краиштата, дали воопшто бре луѓе има потреба од наш претставник на овој избор?
Најверојтно граѓаните од МРТ и од Калиопи нема да добијат одговор. Првите затоа што знаат дека се во кал до гуша за расипничкото трошење државни пари, а вторава поради слава или барем порад тоа што мисли да стане славна низ Европа. Но ако според МРТ ова трошење на пари без усул е оправдано тогаш на сцена треба да настапат граѓаните, и тоа чисто легитимно. Зошто би плаќале радиодифузна такса кога тие од нивните пари брцале во медот со години, згора на тоа трошеле и пари од државниот буџет, кој исто така се полни од народни пари. Значи тие не крадат два пати за едно ништо, а ние не смееме да гукнеме. Е нече мочи друже судија овој пат. Читам дека и граѓаните веќе сфатиле од каде дува ветерот и каде ги носи парите. Затоа ако ништо друг тоа најмалку што требаше да го стори МРТВ е да се откаже годинава од изборот на Песна за Евровизија.
Истото граѓаните го очекуваат и од Калиопи, која нели би умрела за Македонија. Но да ја прашам дали знае за 30 - те милиони евра була на куќата. Дали знае дека поради тие пари секојдевно умираат граѓани од глад затоа што наместо за социјална помош и за болници се фрлиле во бунарот наречен МРТВ? Е па зошто тогаш некој би умирал за МРТВ, а аналогно на тоа и за Калиопи кога нели таа премногу ги сака Македонците и сите што живеат во Македонија и не би ги повредила со ништо? Еве ако е голема хуманитарка, како што се претставува, а јас верувам дека тоа е така, нека се откаже од изборот, со што ќе направи неколку добри дела. Значи нема да го троши буџетот на земјава, кој го полниме сите, ќе ја растерети МРТВ од дополнителни трошкови и со тоа ќе спаси некој живиот во болница или некој кој прима социјална помош. Поедноставно здаравје.
Значи сега топката е во рацете на МРТВ и Калиопи, па кон кого ќе ја фрлат тоа е нивни избор.

На крајот не знам ниту воопшто зошто ни се такви избори. Па нели Европа е нашиот душман, не ни го признава ниту името, ниту идентитетот, нит нас. Јас во таква Европа не би пеел на пример, но нејсе секој има право ако сака да го смени и ставот и карактерот. И згора на се што ќар имавме од Евровизииве досега ако може некој да ми каже?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Lurtz, во врска со последната реченица од твојот пост - Затоа што за некои пејачи од нашата земја учество на Евровизија е кулминација во нивните „богати“ кариери, ќарот е само нивни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Тоа значи дека воглавно повеќето од нас ги плаќаме прошетките, вип презентациите и кариерите на овие лица, а на сметка на тоа одредени сегменти во државата едвај кубурат ...јавното здравство (за кое може да прочитате во една колумна од Ставриќ), социјалците, студентските кредити па и спортистите...да не ги набројувам сите.
Рака на срце, ние сме многу сиромашна држава со многу сиромашен народ и многу слабо функционални установи...не знам колку ни е потребна ваква манифестација со (најверојатно) огромни трошоци...освен ако истата не ја организираат приватните медиуми или други приватни субјекти со можеби занемарлив % поддршка од буџетот на Македонија. Ако се пари од приватен џеб, со 2 раце ќе ја поддржам.
 
T

Tetro

Гостин
На крајот не знам ниту воопшто зошто ни се такви избори. Па нели Европа е нашиот душман, не ни го признава ниту името, ниту идентитетот, нит нас. Јас во таква Европа не би пеел на пример, но нејсе секој има право ако сака да го смени и ставот и карактерот. И згора на се што ќар имавме од Евровизииве досега ако може некој да ми каже?
Само на изборот на Евровизија, се осеќаме онака, Европски. Таа лажната илузија како да припаѓаме некаде. Арно ама, целиот муабет е дека секоја година претставниците ни се бруќи невидени, секоја наредна уште поголема утка се нашите претставници на "културата" во очите на Европа.
И сеуште има гладни и голи и боси кои талкаат низ цела Македонија.
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonia_in_the_Eurovision_Song_Contest
Macedonia, presented in the contest as FYR Macedonia[1] debuted at the Eurovision Song Contest in 1998. However, the country first took part in Eurovision at the 1996 pre-selection contest. Its song, "Samo ti" (Само ти) sung by Kaliopi, failed to qualify to the final.

сеа, (шо би рекол лицето бц), шо праиме?
плус калиопи рече кој ја е*е македонија - ќе си одам во хрватска каде што ме ценат. шо к*р се враќа сега?

IMHO, она премногу вика кога пее - overdoing во целиот свој сјај. генерално, ништо посебно во европски рамки. XXL според мене беше единствената (можеби и нинанајна) евровизиска песна во мк.
сеа ко ќе извадат некоја „најбољапеснаусветкојаимаспецифиченинечуенритамдосега“ и гласотнакалиопиетолкудобарштоизавидуваатсветскиѕвезди“ а облеката и сценскиот настап се досега невидени у цел свет - од друга галаксија...

... на крај никој нема ни да не примети.... можеби некој комшија ќе каже нешто...
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Да се шета цела свита и да се рекламира со наши пари низ Европа е крајно невкусно од една госпоѓа која многупати се промовираше како хуманитарка со оглед на нејзиниот однос кон аудиториумот плус во услови на сиромаштија и кризи.
Една интересна колумна за состојбите во МТВ, а во врска со трошоците, манипулациите, незаконските хонорари во куќата и трошоците ефектите од испраќање наши учесници на Евровизија. Текстот е премногу долг па го постирав само вториот дел:

Калиопи ќе и отпее панихида на МРТВ
Но раководството на МРТВ, па и самата пејачка, ај што мораат, туку имаат и законска и морална обврски кон граѓаните, кои плаќаат радиодифузна такса, да кажат и да обзнанат – дали сега е вистински момент да се размислува за Азербејџан? Дали мораше тоа деновиве да се случи, и на крајот на краиштата, дали воопшто бре луѓе има потреба од наш претставник на овој избор?
Најверојтно граѓаните од МРТ и од Калиопи нема да добијат одговор. Првите затоа што знаат дека се во кал до гуша за расипничкото трошење државни пари, а вторава поради слава или барем порад тоа што мисли да стане славна низ Европа. Но ако според МРТ ова трошење на пари без усул е оправдано тогаш на сцена треба да настапат граѓаните, и тоа чисто легитимно. Зошто би плаќале радиодифузна такса кога тие од нивните пари брцале во медот со години, згора на тоа трошеле и пари од државниот буџет, кој исто така се полни од народни пари. Значи тие не крадат два пати за едно ништо, а ние не смееме да гукнеме. Е нече мочи друже судија овој пат. Читам дека и граѓаните веќе сфатиле од каде дува ветерот и каде ги носи парите. Затоа ако ништо друг тоа најмалку што требаше да го стори МРТВ е да се откаже годинава од изборот на Песна за Евровизија.
Истото граѓаните го очекуваат и од Калиопи, која нели би умрела за Македонија. Но да ја прашам дали знае за 30 - те милиони евра була на куќата. Дали знае дека поради тие пари секојдевно умираат граѓани од глад затоа што наместо за социјална помош и за болници се фрлиле во бунарот наречен МРТВ? Е па зошто тогаш некој би умирал за МРТВ, а аналогно на тоа и за Калиопи кога нели таа премногу ги сака Македонците и сите што живеат во Македонија и не би ги повредила со ништо? Еве ако е голема хуманитарка, како што се претставува, а јас верувам дека тоа е така, нека се откаже од изборот, со што ќе направи неколку добри дела. Значи нема да го троши буџетот на земјава, кој го полниме сите, ќе ја растерети МРТВ од дополнителни трошкови и со тоа ќе спаси некој живиот во болница или некој кој прима социјална помош. Поедноставно здаравје.
Значи сега топката е во рацете на МРТВ и Калиопи, па кон кого ќе ја фрлат тоа е нивни избор.

На крајот не знам ниту воопшто зошто ни се такви избори. Па нели Европа е нашиот душман, не ни го признава ниту името, ниту идентитетот, нит нас. Јас во таква Европа не би пеел на пример, но нејсе секој има право ако сака да го смени и ставот и карактерот. И згора на се што ќар имавме од Евровизииве досега ако може некој да ми каже?
јас не гледам зошто за ова кривицата ја барате во Калиопи...таа е само претставник нели?!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
јас не гледам зошто за ова кривицата ја барате во Калиопи...таа е само претставник нели?!
Ти како да велиш дека ја принудиле да се пријави за претставник...вип конференции, вип ложи, вип авионски карти, екстра услуги...се тоа го плаќаме ние во име на нивната промоција, журкање, заработки и на слоганот кој не упропастува -важно е да се учествува.
До вчера беше кој ја е* Македонија, сега истата личност не претставува...откачено нели?
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Ти како да велиш дека ја принудиле да се пријави за претставник...вип конференции, вип ложи, вип авионски карти, екстра услуги...се тоа го плаќаме ние во име на нивната промоција, журкање, заработки и на слоганот кој не упропастува -важно е да се учествува.
До вчера беше кој ја е* Македонија, сега истата личност не претставува...откачено нели?
koj сакате вие да не претставува? кој мислите дека е добар за да се испрати таму?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
koj сакате вие да не претставува? кој мислите дека е добар за да се испрати таму?
Никој не треба да се праќа. Џаба се трошат пари само. Подобро да им направат споменик на Ѓорѓи Колозов и Гоце Арнаудов со тие пари, отколку да се иде на факјувизија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom