планетата нема да ја уништиме. можеме самите себе да се уништиме.
еко системот на земјата ќе се обнови уште мал милион пати додека самата од себе не се уништи. ти збориш од аспект на човечката цивилизација. велиш земјата ќе ја уништиме, а под "уништување на земјата" подразбираш уништување на човештовото.
тоа се две различни нешта.
земјата во текот на нејизната историја се соочила со катастрофи незамисливи за денешни услови. уште и` престојат.
некој човек возел кола, ама од гужва не можел да вози. пцуел, колнел, не му се верувало како на сите баш сега им текнало да одат некаде. во исто време, никако да му текне и да свати, дека баш тој ја сочинува таа гужва. значи он би сакал наместо 1000, на патот да има само 10 коли, како би било се празно само за него. никогаш нема да рече - еве јас нема да возам за да нема гужва.
се надевам ја свати пораката.
Малце сме оф-топик, но ќе ти одговорам...
Вториот дел од пасусот ти е муабетот ко на Ганди: Биди промената што сакаш да ја видиш во светот. И да, се согласувам до некаде, ама од друга страна, јас не одам да ги сечам и уништувам дождовните шуми, не произведувам хемиско и биолошко оружје, не истурам нафта во морињата и не го сотрувам автоматски целиот жив свет внатре.
Не велам дека сум совршен човек, напротив и јас правам грешки, но никогаш нема систематски да правам нешто, водена од сопствената алчност да уништувам природа или животни, ако нема вистинска потреба (храна или слично). А што се однесува до мене, јас барем ако ништо друго, се трудам да се поправувам и да растам и созревам како човек и барем не замижувам пред човековата глупост која веќе со ништо не ме изненадува.
Да, можеби малку пофилозофски беше мојот пост, ама цврсто стојам на ставот дека што допре човекот, уништува. Колку има само загрозени или уништени видови на животни, кои дури не се ни за јадење, ај па да разберам синџир на исхрана, туку онака од ќеиф, за да се носат бунди или за трофеи. Не дека сум вегетаријанец, но не ја сфаќам рецимо потребата да се убиваат животни од забава (а се дешава).
Човекот е најголемо животно, баш затоа што има разум, а не го употребува водејќи се од заслепена и преголема алчност. И стварно се молам да не падне во човекови раце друга планета.
Исто како Индијанците кои денес речиси и не постојат и живеат во резервати како животни. А со ништо не го заслужиле тоа. Човекот е... човек. Една многу тажна и кутра сорта.