Mr.Deni
Животна грешка си ми ти...
- Член од
- 4 мај 2007
- Мислења
- 3.561
- Поени од реакции
- 2.769
Имам еден многу чуден проблем и уште од сега да разјаснам дека од Blizoo викаат дека се е во ред иако не им верувам али ајде да кажам.Користам нет преку ЛАН.И се си беше добро додека беше конектиран само еден компјутер.Кога го купив лаптопот си земав и рутер тип TP-LINK WR740N.Си ги подесувам сите параметри како што треба и нормално си влегувам на нет без проблеми.Али еве каде почнува лошото.Порано на секој 4 или 5 ден али еве скоро месец дена секојдневно навечер ова време се блокира нетот и на десктоп и на лаптопот и што е најлошо не можам да влезам ни во сетирањата на рутерот преку пц туку мора рачно да го рестартирам за да се врати рутерот во нормала и пак да си работи добро.Сега некој ке каже до рутерот е.И јас така мислев и се сменив со исти рутер другар што користи.Моментално мојот рутер е кај него си работи недела дена без проблем а јас истиот проблем го имам и со неговиот рутер.Вчера на еден манијак од техничка подршка се утепав објаснувајќи му дека имам пробано со повеќе рутери он се фатил до рутерот е друже од кај нас се е ОК.И на крај ми вика не се разбираме ние во рутери прашај си некој експерт за рутери.Е сега што може да е проблемот незнам прогуглав на нет имаше еден тип исто со овој проблем али му немаше никој вратено.Што е најинтересно комшија мој во истата зграда има исти интернет исти рутер и си тера супер а јас тука секоја вечер го рестартирам рутерот да може да имам интернет.